1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Плата + финансирање од родителите

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 2 август 2013.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Многу млади луѓе се вработени, заработуваат и плус постојано си зимаат пари од родителите.
    Мене ми е нејасно тоа, ама навистина нејасно.
    Работиш, заработуваш, зимаш плата на 1ви и постојано родителите те финансираат за викенд искачања, за парталчиња, некогаш и за доручек, за се буквално.
    Млади здрави паметни луѓе со дипломи и магистратури во својата биографија, сопствена работа и приходи, дозволуваат финансирања од родителите бидејки едноставно нивната месечна плата исчезнува до средина на месецот. Како бе? |(
    Оние оправдувања од типот мала ми е платата ми е тотално неприфатливо, бидејки колкаво ти е чергичето толку ќе си ги испружиш ножињата.
    Разбирам криза некаква, разбирам ниска плата па еднаш во годината да побараш помош од родителите да речеме за одмор, разбирам и да касни платата долг период па да побараш пари, но не го разбирам континуираното финансирање од родителите додека самостојно ти сепак заработуваш.
    Плус најчесто и тие што се финансирани од родителите дополнително никогаш не платиле дома сметка и никогаш не купиле нешто за дома.

    Проблемот веројатно е и до воспитувањето и до самите родители. Родителот треба и сам да допринесе до созревањето на детето и до неговата самосталност. За мене тотално неправдано е да се даваат пари на децата бидејки бил греота и зимал плата 15 илјади а неможел да си купи чевли од 10 илјади од Maсимо Дути рецимо. Ко од својата плата да неможе да издвои 2000 наместо да ги фрли на некое сепаре и 3 виски пијалоци во сабота навечер и да си купи чевли ко многу нормални млади луѓе.
    Самите родители ги размазуваат и лигават сопствените деца.
    Таа допуштеност допринесува до низа негативни ефекти.
    Кога заработуваш треба да научиш да планираш, да штедиш, да си знаеш колку смееш да трошиш, да направиш пресметка за да имаш плата цел месец итн. Еден ден ќе ги нема мама и тато, ќе имаме ново семејство, како ќе се снајдеме сами ако на време не се научиме?

    Кој е вашиот став и пред се како вие постапувате во однос на вашата заработувачка и дали дополнително вашите родители ве финансираат?
     
    На eloves, Libera, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  2. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Јас се уште не работам, не сум ни работела до сега, што значи дека цело време сум на грб на моите. Едиствените пари што сум ги „заработила“ се од спортска. Неколкупати си имам фатено убава сумичка на пари и додека имав од тие пари не тражев за излегувања, не тражев ама баш за ништо. Кога ќе ми дадеа им велев чувајте ми ги за кога ќе ги потрошам моите. Греота е да им ги земам последните пари за мои глупости. Жал ми е понекогаш кога гледам колку време ништо не си купиле за себе, само за ми дадат мене.
    Сега барам работа и едвај чекам да најдам нешто. Тогаш ни денар не сакам да земам од нив. Ќе си водам ред за да имам од 1ви до 1ви. Доволно ќе ми е тоа што ми донеле храна дома...
     
    На LittlePinky и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Мислам дека не е човечно да заработуваш ти а твоите од дома да ти даваат пари за излеегување, шопинг и сл.Невработена сум и едвај чекам и јас да допринесам во семејниот буџет-до сега сум подработувала и сум била исплатена до денарче на два пати и сум трошела тоа што е мое од дома не сум барала
     
  4. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Јас исто како и L-a-r-a22. Досега никаде не сум работела и незнаете како се чувствувам бескорисно што мои врсници заработуваат а јас сум на товар на родителите. Од што несакам да барам пари почнав и да не излегувам навечер не сакам бесполезно да го трошам она што тие едвај го заработиле за некој денар да имаме за јадење и сметки. Значи средна класа на луѓе сме разбирам дека има многу многу во полоша состојба, ( а денес само за тоа се стигнува со платите) но ете не сум таква да ги исцедувам за јас да бидам најдотерана и секоја вечер со пијачки во рака.
    Барав и работа не дека не и сеуште барам но ништо на видик, одам само на волонтирање без пари т.е. како пракса ми се смета во државна институција колку да излегувам од дома и запознавам луѓе па можеби ќе се отвори некоја шанса. Во таква ситуација сум што и многу почнав да штедам на себеси општо за се. Сега си собирам железни парички што ќе најдам по дома лани си собрав околу 3000 и си бев на одмор со нив. Чекам распродажба да дојде па да купам некое парче понова облека, не дека сум загрозен случај ама ете таква сум Незнам и дома ми викаат зошто не му барам пари за ништо, не си купувам, не излегувам тие никогаш не ми рекле немаме или не ти даваме.
    А знам случај на една девојка што студира посдипломски студии, татко дома не работи мајка и работи во бутик и плус дополнително оди како аргатка на нива, а таа и нејзината сестра секоја вечер излезени и облечени во најнова мода. Незнам како си го дозволуваат тоа ама ете, секој е различен човек и секој си има свој карактер со различни гледишта и став за вакви ситуации.
     
    На Izaabella и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  5. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    8.122
    Пол:
    Женски
    Вработена сум,солидна ми е платата,задоволна сум и ми стигнува,а и помагам по малку за дома.

    Но :!: ,сум работела и за многу пониска плата,за мизерна ако сум попрецизна,ама никогаш не сум барала од дома.Сум се лишувала од многу нешта,сум купувала нискобуџетни работи,аскетски сум живеела ако сакам да си дозволам нешто поубаво и поскапо,но не сум барала од моите.И дури не се ни жалев и не кукав што не можам да си го дозволам тоа што го сакам :) .Повеќе бев сконцентрирана на тоа што можам да си го дозволам и пронаоѓање на уште поефтини и поприфатливи варијанти.Сега вака ретроспективно гледано,си честитам за успехот. :D
    Ако моите ме финансираат не гледам многу смисла во тоа да одам на работа и да заработувам.Мора да им е тешко на таквите луѓе да стануваат наутро и да издржат на работното место.Мене би ми било. :^)
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    4.205
    Пол:
    Женски
    Знам и такви кои начукале по 20 и кусур години и нејќат да мрднат да работат нешто да си имаат за свој газ. Тие ми се најодвратни. Ќе се дотерува цурата, на кафе по пет пати во денот, а не и текнува да земе нешто да работи. И овде не мислам дека е до воспитувањето на родителите. До личноста си е.

    Јас немам работено ништо, ама преку летово барав и не ме примија, а сакам да работам, да допринесувам. И мене ми се случувало кога имам пари од матура, од роденден, да не барам од моите. Дури и страшно ми е незгодно кога им барам. И ние сме тука некде во средната класа, има доволно и среќа и јас и сестра ми се такви да ги пружуваме нозете до таму докај што е чергата.

    Сестра ми работи ама секогаш гледа да помага низ дома, а не да одмогнува. Дури и мене ми дава за излегување, за парчиња, кога има потреба помага и со сметки. Понекогаш кога и требаат за нешто позајмува, ама моите никогаш не бараат да им ги врати.
    Дури и да дојде ред да не успеам да најдам работа по струка еден ден, ќе работам нешто барем за мене да си имам. А на ваквите, верувам дека ниедна плата на светот не може да ги задоволи. Како не им е жал за родителите? :x
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Снаа ми е еден од многуте примери што ги знам.
    Јас не знам зошто толку им пречи на луѓето тоа.

    Јас ги почитувам тие родители. Сакаат детето да им ужива, не е паразит, го воспитале да работи и да заработува е сега што родителите не сакаат истото да се стега во најубавите години и да ужива затоа што во брак и со деца и те како ќе се стега за секое денарче е за секоја пофалба според мене.
     
    На glosipgirl, mimiiiii, andromedae и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Не гледам трагедија во тоа ако родителите им помагаат финански на своите деца иаку земаат плата.
    Секоја плата не е плата, да се разбереме, знам колеги правници што првата година работеа за 5000 денари.
    И тоа пари се? Не викам по секоја цена да се бара пари од родителите, ама 5000 не стигаат, посебно оние кои не се од Скопје и тие пари ги даваат само за кирија.
    Има претерани ситуации, кога децата со платите се расфрлаат и повеќе од нормалното и 50 000 плата да имаат нема да им стига, тоа веќе е друг муабет, ама за мене се под 100 евра не е плата.

    Некогаш тоа родителите го прават со мерак, не од облигација.
    Да навистина е жално децата на години кога се се само не деца и уште се финансиски зависни од родителите. Некои го прават тоа од размазеност, ама некои од немаштија и не по своја воља.
    Не сакам да сум им у кожа и да им судам.
     
    На crazylady, AnaKarenina, andromedae и 4 други им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Снаа ми имаше убава плата, така средна, па нејзините пак и` даваа.
    Викаа, „Aко собрала да оди на одмор во хотел со 4*, зошто да не оди у all inclusive? Работела цела година, греота е. А и да не работела, дете ми е. “

    Мене одвратни и несфатливи ми се родители кои ги учат децата да се гребат од дечковците/девојките (а ги има такви многу) отколку ли ова. Тоа мене ми е проституирање мање више.
     
    На glosipgirl, andromedae, najubava2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски

    Па такви има поише, отколку вакви како на снаати, што едноставно имаат и му даваат на своето дете, од своја желба.
    Ама тоа е теси мекдонски менталитет, женските гледаат да се откачат уште од помали, друг да има го бере гајлето. Има такви и денес верувајте има. Не е тоа темата и да не забегуваме оти црно ни се пише.
    Некогаш смета навистина што и на и на некои години не си уште доволно способен сам да си ги бркаш работите.
    Не знам нависитна како би било во иднина и каква плата би земала, искрено не би сакала да зависам од мајка ми финансиски, искрено.
    Но не можам да судам за оние кои земаат пари, зашто секој со својата приказна.
     
    На najubava2010 и tessie им се допаѓа ова.
  11. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Се сложувам со Tessie и да знаете само колку има такви што земаат пари од родителите или дечкото/девојката и покрај тоа што работат...Тоа се сигурно некои размазени или сакаат да изгледаат побогати отколку навистина се,па нонстоп се облечени по најнова мода и во скапа облека или имаат скапи мобилни телефони.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.707
    Допаѓања:
    150.433
    Зависи од случајот. За што и како се трошат тие пари, финансиската состојба на семејството и така натака. Во принцип, почитувам без разлика на висината на платата луѓе кои умеат да заштедат, кои умеат да потрошат паметно и не патат од комплекси.
    Ама исто, мене не ми се јасни оние фрустрирани деца кои лечат веднаш комплекси од типот сега заработувам,мои се париве и има се скапо да си купувам не ми е гајле за домашната состојба. Па оди сега само во Манго, Зара и слично (што по мене од многу подточки е неквалитетно, особено Зара...уште една причина дека сељак и богат не знаат што е убаво) ,а до вчера и Певекс, Шутка биле доволни. Ај да е еден мерак, ама редовна пракса кога е... Или до вчера се задолжувала по другарки порачувала Авон,ама сега без Клиник и е испод част, до вчера со подраснати гелни нокти шетала месец дена,а сега секоја недела е на корекција. А дома денар не дава, па дури и бара да се дофинансираат сите нејзини хирови. Цитирам - ау, па кога не работев како сепак имаа да ми даваат, сигурно имаат и сега, а сега платата си ја трошам на висока нога нема јас што да давам дома, они дури мене уште и ми должат. Како ти должат? Демек ти должат што не ти овозможиле да живееш ко старлета,а ти си толку посебна што го заслужуваш тоа?
    Па најсмешно ми е кога дури ни сметката за мобилен не си ја плаќаат и еднаш во месецот не им текнало да го наполнат фрижидерот дома.
    Ако е мала платата што забегуваат по мегаломански трошења? Никогаш нема да го разберам тоа.Се што е над 12 000 може да помогне дома, нека не се занесуваат.
     
    На tessie, najubava2010, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.626
    Пол:
    Женски
    И јас не гледам ништо лошо во тоа домашните дополнително да помагаат финансиски доколку имаат можност за тоа. Мене првата плата ми беше 4000 ден. (од пракса) Бидејки тоа беа први мои заработени пари знаев дека со нив ке си купам некое парче облека за кое што кога ке го погледнам гордо сама на себе ке си кажам- Е ова е со мој труд мои пари купено. И би така. За воља на вистината ми се свигаа штикли од 3000ден. И порано сум купувала скапи обувки и ке продолжам да купувам такви бидејки според мене боље еден пар квалитетни да ги имам отколку 10 картонски од бит пазар што ке ми се распаднат после 2 носења и ке ми ја смрдат ногата. Си ги купив што значи ми остана 1000ка до крај на месец и воопшто не жалам за тоа. Секој пат кога ке ги облечам или ке ги погледнам се осекам гордо на себе си што знам дека сама со мој труд сум ги заработила нив.

    Им кажав на моите дома кој ми е планот и ништо не ми рекоа,т.е ми рекоа -Твои пари си се тоа троши си ги како сакаш. Бидејки во 2 потега ги профуцкав и останав без денар во мене нормално до наредна плата се гребев од домашните. Татко ми рече-Додека имам пари ке давам во гроб сигурно нема да ги носам. И секогаш за се така викале и не ми пререкувале колку и за што трошам.

    Ако имаат пари зашто да не им даваат на децата. Ако не се лажам на Теси постот убаво укажа на тоа дека ако ми дадат моите место да идам у камп ке идам у хотел на одмор,место да носам обувки од пазар ке носам некои кожни поскапи,место да носам мајца што после 2 перења на ништо нема да личи ке купам некоја поскапа и поквалитетна...

    Ако имаат се сомневам дека некој родител нема да сака да му даде на своето дете,ке нема да сака што е можно повеке да му угоди и да му го излуксузира до некој степен животот.

    Но, не поштувам безосетни распрдени мочковци и мочлиња кои дома едвај крпат крај со крај а сакаат да живеат на висока нога. Да гледам дома дека моите едвај имаат пари да го истуркаат месецот ,да платат сметки и да стават леб на маса а ја да се занесувам со одмори по Ибици и скапа облека НЕ.
    Али тоа е веке до самите луге и нивната опсесија да бидат нешто што не се . А за мене најдобри луге од секогаш биле оние кои се скромни и водат сметка за ситуацијата на ближните а не оние кои еден викенд на сепаре ке седат со флаша и после наредни 3 викенди ке плачат или ке се гребат едно пиво од другари и другарки.

    Така да што се тиче мене ако старите имаат нека даваат.Утре и ја ко ке имам дете дај боже да ми е финансиската ситуација како што треба ке му давам пари па макар и 5000евра да му е платата.
     
    На glosipgirl, mimiiiii, najubava2010 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Па ако не земам од родителите од кој да земам, од комшијата ли??

    Против сум, ако ги тераш на сила да ти дадат а немаат (па и да имаат не треба со уцени и закани да им ги земаш). Неколку месеци сум на плата, од моите не сум земала ни денар, ама ете на пример ако сакам кола нова да си купам и сум собрала 5 000 евра сигурна сум дека моите ке ми дадат уште некоја пара за да си купам уште поубава. Таков е менталитетот кај нас, не е ко на запад, се осамостоило детето и не му помагаат родителите. Тука нашите помагаат додека се живи, така и јас за моите би направила.

    Што вика татко ми, јас и да бидам од пазар алишта облечен, кога те гледам тебе дотерана исто ко јас да сумс се дотерал. Ама и ние со брат ми се скромни, знам до колку може да ми дадат не можам душата да му ја земам ако нема.

    Е сега има многу фрустрирани искомплексирани млади луѓе, дома неговите немаат а он се напнал на одмор да оди во Шпанија. Тие рмбаат цела година земјоделие за он да си сунча газот. Нека се, еден ден ке останат без родители, не за Шпанија ке немаат пари за Аква парк.

    Како викаат, чувај си ја мајка ти за да ти трае подолго.
     
    На tessie, WarriorAngel и Mimi123 им се допаѓа ова.
  15. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    4 години не сум земала ни денар од моите,си работам,си заработувам и ако си заштедам ке си купам ако не,не,можам да издржам и без некое парталче ама не би побарала пари од моите,многу пати сум им давала пари за да си ги платат сметките,сум го полнела фрижидерот,сум му давала на братми за излегување ама не знаат да го ценат тоа и многу ме боли кога за некоја обична глупост ке ме навредат и ке ми речат дека за ништо не ме бидува,незнам што да направам веке никако не се задоволни ;(
     
    На Tomcia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.494
    Пол:
    Женски
    Ако имаат, зошто да не? Јас откако почнав да работам не сум земала денар од моите. А тоа беше многу одамна. Баш напротив, јас од мојата плата им давав на нив, а и се уште го правам тоа. И не дека сум земала не знам колку огромна плата, просек околу 15000, а често и под тоа.
    И знам колку добро би ми дошло да имаа некогаш да ми дадеа некој денар плус.
    Сепак, има и случаи каде што ова е претеризам, распиздени, разгалени до немајкаде. Зема 30000 плата и не му стигнува, па бара и од неговите. Мислам... |(
    Така што убаво е да те помагаат ако не ти стигнуваат и земаш некое бедно платиче, ама не го оправдувам ова што го кажав погоре. Тоа кажува нешто за човекот, за неговата (не)способност да ракува со финансиите.
     
    На glosipgirl и tessie им се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Јас работам и не барам пари од моите воопшто. Знаат сами да ми понудат за нешто некогаш, особено кога е крај на месец па уште немам плата земено, ама инаку моите каприци сама си ги подмирувам, а тие се' друго за дома. Ама секогаш, значи секоја година без исклучок, ми даваат пари за одмор. Никогаш не сум им побарала, едноставно сакаат секогаш одморот да ми биде од нив, чисто ете зошто сум работела и сакале да се одморам :D Не ми го плаќаат цел, туку делиме на половина. Искрено, ми значи тоа, навистина и го ценам.

    Инаку, секој месец штом земам плата одам во маркет, полнам количка и потоа дома го полнам фрижидерот. Купувам јадење секогаш, и за дома и за кучињата (што и не е баш така евтино). Сама си плаќам сметка за телефон, интернет, сама си купувам се' што сакам ако имам пари и така. Никогаш не ми се случило да барам пари од нив за одреден каприц, на пример чизми од 7.000 денари. Боже сачувај, прво немам образ, а второ, ако немам пари нема да купам. Ќе купам кога ќе имам, и тоа ако сакам и парче од 10.000 денари, ама од свои пари.

    Единствено нешто за кое моите финансиски ми помогнале и кое јас самата никогаш немаше да си го дозволам, е колата која ми ја купија. Поточно, тие го платија учеството (половина од вкупната сума), а ратите ги плаќаме заедно. Плаќаме заедно бидејќи колата е на рати без камата и на пократок рок на отплата, па ратата е доста висока, повисока од мојата цела плата :D Даваме сите иста сума секој месец за колата. Бескрајно сум им благодарна за ова.

    Имаше период од некои година ипол-две додека не работев и бев очајна. Тогаш секако дека моите ми даваа, ама толку бев стегната и едноставно не можев да изустам пред нив Дајте ми пари. Се случуваше и да седам дома со недели само за да не морам да им барам. Се чувствував ужасно, понижено и срамно бидејќи морав да земам од нив. Фала Богу тој период од мојот живот заврши.

    Инаку, уште од средно не барам пари од моите. Во средно земав стипендија и доволна ми беше. Потоа почнав да работам уште во прва година на факултет, па земав супер плата (од дома работев) и плус додека студирав и работев, истовремено земав и стипендија :)

    Навикната сум да не барам од моите и се надевам дека тој страшен изминат период на невработеност беше последен пат да барам пари од нив за било што :x
     
    На glosipgirl, Hipica, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    4.205
    Пол:
    Женски
    Кога ќе размислам поубаво, моево дете колкава и да му е платата, пак понекогаш би сакала да го разгалам со нешто. Ама тоа е веќе друго. А тие што со дваесет и кусур години уште седат дома и за едно кафе до град бараат од мама пари, не можам да ги смислам. Па и да немам факултет, некоја работа ќе најдам за мој газ.
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Ќе ти се тргам од темиве дека не можеш да ме смислиш мене и сличните на мене :rofl:
    Ова да се нашалам малку .
    И ти како министерот стануваш сабајле миеш лице и оп наоѓаш работа :D
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    4.205
    Пол:
    Женски
    Работа во сендвичара, бутик, текстилна фабрика може да најде типката наместо последните пари да ги зема од дома за да се пијанчи и дотерува.