1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Плата + финансирање од родителите

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 2 август 2013.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    За конкретен пример зборуваш или така општо не наслика сите невработени како паразити :^) Ајде завршете факултет побарајте работа па ќе правиме муабет ;)
    Различни ситуации , различни луѓе најлесно е да судиме
     
    На drugarka, ana-banana, anggell и 2 други им се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    4.206
    Пол:
    Женски
    Аман, никаде не напишав дека сите се невработени се такви, а тебе пак ич не те спомнав за да се навредуваш. И сестра ми беше невработена ама не се понашала ко ќерка на шеик. Имам комшивка со средна, а сака полицајка да биде и да се облекува по примерот на Ким Кардашијан. Е, за тие ситуации зборував.
     
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Секој родител колку што има толку му дава на своето дете, родителите дури финансиски помагаат и кога нивните деца ќе имаат свое семејство. Јас немам ништо против понекогаш да дадат пари и при месечната плата, на кого друг би му дале ако не на своите деца.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.628
    Пол:
    Женски
    А што ако од дома нејзините не и даваат а и не сакаат да работи некоја таква работа. Ете на пример моите секогаш ми викале ке даваме колку имаме ама ти во бутик или како келнерка во кафич или кафана нема да работиш па макар последно да ни е. Татко ми едноставно не може да смисли да бидам конобарица по цели ноќи да не сум дома и тоа е тоа . Ако има пари ке ми даде ако нема нема да ми даде и ке си седам дома. Друго е тоа што сакам друго се можностите дома. Може сакам приватен џет да имам и да пијам шампањ ,ама ете пијам пиво и се возам со такси.
    Не дека нема паразити ама стварно не знам од каде таа генерализација дека ако седи и чека 200 ден од дома е најголема пропалица личноста. Зошто наместо времето што ке го губи во кафич некој не седне дома и не фати книга факултет да заврши?!? Не дека и тоа е мерило за пазарот на труд ама во секој случај ке има предност некоја . А ете имам работено и тоа нормална канцелариска работа од 8-4 и имам учено во исто време и одговорно тврдам дека не е така едноставно да се оди на работа и да се учи.
    Ако имаат ке и даваат и да се пијанчи и да се дотерува.Нејзини родители се со нејзини пари како сакаат ке ги трошат. Ние душебрижните и од мали нозе независните памет ке солиме дали е во ред или не. По бедно ми е момци и девојки со оформени семејства да чекаат старите да им ги платат сметки и да им го напунат фрижидерот отколку 20и кусур годишници да бараат пари за едно кафе .
     
    На Silver.E, Hipica и mimiiiii им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.774
    Допаѓања:
    131.118
    Јас мислам дека секој треба да си ги пушти нозете колку што му е долга чергата. Или уште повеќе, да заработи колку што му требаат.

    Од моите не сум земала пари откако се вработив, со исклучок на еден период од 6 месеци кога останав без работа кога се породив. Тогаш моите и на мм неговите решија по пола да ја плаќаат жената што ја чуваше малата, бидејќи беше многу ок, да не ја испуштиме. Јас бев со план веднаш да барам работа, но поминаа 6 месеци додека да најдам. За дома, се снаоѓавме со платата на мм.

    Во поинакви услови, никако не би прифатила финансиска помош од моите. Откако работам секогаш сум имала солидна плата, често и поголема од нивните плати, па колку и да им остануваат затоа што се скромни, не би земала. Реално, не ми ни требаат. И да имам не знам колку, не ме влечат одмори по екслкузивни места, ниту скапа гардероба или не знам што. Првата плата ми беше 7000 денари - иако беше одамна, сепа ми беа доволни да го поминам месецот, да си купам гардероба, па и штедев по 2000 денари месечно.

    Сите мои пријатели живеат без финансиска помош од родителите, а сите се со семејства. На некои родителите им обезбедија станови, им помогнаа да ги средат, им ги дадоа семејните автомобили, ама месецот сите си го тераат со свои пари. И главно, на сите им е ок. Некој оди на ол инклузив, некој во викендицата на пријателите, ама тоа не ги прави помалку среќни.

    Секој имал подобри и помалку добри периоди, кога му одело добро или не му одело. Но важно е дека не одбивале работа, работеле она што ќе најдат. Имам другарка - машински инженер што работеше и по кафиќи и сецкаше салати во кафани во кујна, па еве сега има сопствена фирма. Ама тогаш и бил таков период и таа работа и помогнала да го надмине периодот. Најтешко се снаоѓаат оние кои прв пат почнале да работат на 30 години. Многу помалку прилагодливи се, и сепак изгубиле 10 години во кои можеле да научат мнгу работи. Затоа што од секоја работа се учи.
     
    На glosipgirl, De-lovely, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Зошто ако ситуацијата е навистина безизлена да не се работи во бутик или како келнерка? Ако ти си ги заработуваш тие пари чесно, нема зошто да ти смета.
    Јас студирам на стоматологија, од септември апсолвент, а паралелно веќе 7 месеци работам. И видиш, во кафич. Зошто? Затоа што не можев да издржам веќе да сум на грб на моите. Затоа што дома тоневме. Работа по моја струка (платена работа), додека не дипломирам не можам да најдам. Вака имам некаков прилив на пари, да си платам сметка од мобилен, да си купам нешто, слободна да заверам, месечни лекарски прегледи. Некогаш не стигнувам да оставам дома, ама пари не барам.
    Воопшто не се каам и срамам што го работам ова, затоа што утре само плус искуство ќе ми остане. На крајот, секој ден си со различни луѓе, осознаваш како треба со каков карактер. Ова искуство јас не би го менувала за ништо.
    Не дека мене ми е животен сон да го работам ова, далеку од тоа, ама нема никаква гаранција дека со завршен факултет ќе се најде нешто добро.
    Многу ми се нејасни луѓето кои очајно чекаат работа по струка и нешто друго не доаѓа ниту во обзир. Подобро ќе си го потам газот и во меѓувреме ќе заработувам, отколку тромо да се укотвам на фотелја.
    И оваа конобарица што ви пишува сега и си го губи времето, во меѓувреме година исчисти, започнува да волонтира според струка, оди на курс германски, има време за љубените. И има свои пари за да си дозволи луксузи, минимални барем.
     
    На Belgin1, glosipgirl, De-lovely и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Има луѓе кои осет немаат. Им ја дерат кожата на родителите. Поубаво е да знае детето да ги цени парите, а не да биде лигаво и цел живот да испие и изеде се што ќе заработи.
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас ја разбирам СуперГрл, зошто и јас бев во истиот случај.

    Моите од дома, не сакаа да замислат да бидам келнерка (иако денеска е нормално да си келнерка, порано не беше толку прифатено), па велеа ние ќе ти даваме пари додека најдеш поубава работа.

    Прво зависи од кој град си, зошто не гледаат на келнерките секаде исто. Зависи од кафич до кафич (или дискотека, ресторан), некои места се поугледни, некои се вистински биртии.
    Потоа, не може секој да служи, некому му е едноставно срам пред луѓе, на друг му се тресат рацете, итн. Навистина се се учи, ама некому му е тешка оваа работа.
    Трето, ако работиш некоја пониска работа, луѓето од околината знаат еднаш засекогаш да те етикетираат (е, оваа ме служеше едно време, е оваа ко работаше во тоа продавничето, а сега некоја ми се прави и сл.). И самите сме си виновни за тоа.

    И најважно, секој има право на свој личен избор дали да работи и што да работи. Никој не ни дава право да осудуваме дали некој работи и колку.
    А, воедно секој има право да си го цени своето образование.
    Јас имам другарка која во Данска заврши факултет и магистратура, изнададе еден куп пари, одеше по секакви семинари, пракси и моментално е овде во Макдеонија. Бара работа, но исклучиво по струка. Си го цени своето знаење и не сака да работи ништо пониско. Што е тука страшно? И секоја фирма која сака искусен работник со нови знаења ќе ја сака оваа личност.

    Потоа, да не се лажиме со нашиов стандард дека сите заработуваме, си имаме и не бараме, а одвај чекаме дома да ни фрлат некој денар.
    Јас тоа го разбирам како помагање.
    Денес ќе ти помогнат родителите, утре ти ќе им помгнеш нив.
    Затоа и сме семејство.
    Дома не запишуваме кој кому колку дал пари, зошто целта ни е сите да сме среќни и задоволни, а 1000-2000 ден. месечно дали ќе ми даде пример татко ми не го прават човека.
    Колку пати тој ми дал 1000 ден., ама јас сум купила намирници и сум направила некоја вечера или на попуст сум му купила кошула.
     
    На Divinebutterfly, SuperGirl24 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.628
    Пол:
    Женски
    ^И не само муабетите што е со здравјето. Колку пати сме биле сведоци на нереални барања и очекувања од таквите работодавци. Зарем здравје да изгубам ради една помочана 1000ка само за да кажам дека сама ги заработувам?!? Во Рамстор газдите на бутиците што веке не знаат што бараат од вработените.Од прекувремена неплатена работа,до работење без слободен ден,до работење тешка физичка работа.
    Другарка моја работеше во една од продавниците во Рамстор. Исто дипломиран економист кој 2 години по ред неможе да најде работа по струка па реши да работи било што само за да не биде терет на домашните. После 3 месеци мајка и беше таа која што и рече-Керко те молам напушти ја работата јас ке ти давам пари колку ти треба само да не те гледам веке да одиш таму. Зошто?!? Затоа што работеше без слободен ден,затоа што кога се разболе првото нешто што и го кажа газдата беше -Ти како планираш до утре да ја симнеш температурата и да дојдеш на работа без притоа ни на крај памет да му биде и да рече -Девојче земи утре слободен ден и одмори, затоа што со оперирано колено мораше да го турка претешкиот штанд и при тоа газдата да и биде љут затоа што културно му рекла -Извинете но јас сум оперирана и не можам да го правам тоа.
    Постојано беше уморна и разочарана затоа што ни со нејзините дома немаше кога да се види а не па да остварува комуникација со некој надвор од типот на другарки и дечко.

    thinkerbell за восхит е тоа што ти си успеала да најдеш баланс,но не секој го може тоа . Пак ке кажам боље ке молам и ке чекам 200 ден од моите за едно кафе отколку да се најдам во ситуација некој полуписмен приватњак да ми ја вади душата со памукче. АКо имаат да ми дадат ке излезам ако немаат ке седам дома и ке чекам подобри времиња.

    Моите дома свесни за моменталната состојба во државата.Свесни се за тоа колку тешко се наога работа особено добро платена работа но исто така свесни се за тоа дека плата од 4000-5000 не е доволна за еден млад човек. Никогаш ништо не ми пререкле се додека гледале дека се трудам и дека вложувам.Дека сум спремна да одам полно работно време на работа за 4000 па што вика мајка ми-Ако јас не ти ставам пари на картица кој ке ти стави. Колку има толку става и толку дава. ОД оваа кожа во друга не може но сепак и 100 денари да се мене ми значат,затоа што јас знам како сум го штедела секое метално денарче кога ми требало да си купам нешто.

    Но, од друга страна пак ке кажам има и такви паразити и мрзливци кои се научени на тоа -Мама меси тато носи.На кои единствената цел во животот им е каде да идат на доручек кога ке станат од спиење,каде да го испијат попладневното кафе,во која дискотека вечер да отидат. За таквите нема пардон. Ни 5 банки не би им дала а не па повеке за нивните хирови и каприци.
     
    На Silver.E и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  10. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Браво Silver.E! И мене ми е истата поента.

    Нормално дека сите со "усул" од дома бараме, и дека родителите кога можат секогаш излегуваат во пресрет. Нема полошо за родителот да гледа како неговото дете се труди и одлични резултати отстварува а притоа да неможе да му даде ни 1000 денари, а камоли годишен одмор, да му овозможи. Кога се нема пари-нема!
    А пак од друга страна, неможам да сватам родители што имаат, а да нејќат да му потпомогнат на детето ако нешто му недостига финансиски?! А гледаат дека "платата" што ја зима дека е мизерна зборам за плати испод 100 евра.

    Исто така и реално кој има завршено факултет на 22 години..?
    (ова го спомнувам демек нели со факултетско образование си,па одиш на пазар на труд и за година две наогаш работа од струка, па повисока плата, ако е добра фирмата со шанси за напредок бла бла..(иако за жал денеска дипломата не ни е гаранција за ништо)
    а не да заработува квалитетно, да може основи работи да си дозволи со волонтирање од 4000 ден. Со 4000 денари неможеш основни продукти за цел месец да купиш. А автобуски карти, ни С од сметки неможе да си дозволиш.. тешко дека ќе се осамостоиме во брзо време.

    Секоја чест на исклучоците, што си имаат одма најдено работа со солидни примања. Секој со својата среќа. Се согласувам со секоја реченица што ја имаш напишано! :)

     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Мислам темава е баш за паразити, не за млади со мала плата. Ама јас имам братучетка што цел ден дреме на фб, има 2 деца и се откажала од намерата да бара работа бидејќи кога и треба и даваат мама и атто. А кога ќе и дадат пари се случува да ги потроши на скапа гардероба, иако нема за леб. Тоа е веќе немање осет. Јас од 21 наваму работам и со оглед на тоа што моите знам дека немаат пари, едвај крај со крај врзуваат, сум штедела. Кога заработував тргав на страна во случај кога ќе останам без работа да имам за основно. За перидот од една до друга асална работа да имам пари за себе, така сум планирала.
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.907
    Допаѓања:
    32.502
    Пол:
    Женски
    Коку ме нервираат такви како братучетка ти. Наместо парите да ги троши за храна, таа ги троши за скапа гардероба. Свашта. Колку само ги има такви?
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    A шо е битно колкава е платата на децата? Ако родителите имаат и не се во години во кои имаат многу трошоци, па повеќе би ги почитувала да ги дадат истите пари на детето отколку во швалерај или кладилница (пример).

    Не ми се допаѓа изнудување кога не се има услови за тоа, но кога ете и родителите се обезбедени и целосно подмирени и сами им е мерак да даваат зошто да не?
     
    На glosipgirl, crazylady, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  14. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Само да се надоврзам на Теси. Родителите се во можност помагаат НО НА МЛАДИ КОИ ЗНААТ РАЦИНАЛНО ДА РАСПОЛАГААТ СО ФИНАНСИИТЕ :!: Од едно да прават две а не обратно.Растури куќи како што се повеќето .Родителите помагаат а овие место тоа да го ценат и со парите да располагаат домакинсќи,тие се расипуваат себе како луге.Мислам парите ги трошат за луксузни работи, пушат Малборо, пијат Мастика,се хранат по кафеани,не работат, зошто ете имаат пари....
    Значи на овој начин место да и се помогне , родителите ги расипуваат сопствените деца .
    Ќе речам само човек треба понекогаш и со сопствените деца да биде строг.
    Колку и да имаш да го помогнеш, ако детето не си го научил на вистинските вредности , твоите пари од него нема да направат човек.Секогаш имајте на ум, дека понекогаш е подобро родителите да се повлечат, за да децата сватат што е одговорност, како се зароботуваат парите. Со една реченица да сватат Дека животот не е бајка.

    Би помогнала колку можам,со целото мое срце, ама на одговорни деца, кои знаат како со парите...
     
    На eloves, lady.v, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Зошто месецов ја земав својата прва плата, за која слободно ќе кажам вредно работев и секое делче го исполнив како што треба, си земам за право да кажам збор два на темава.
    Требаше да земам 3250 ден., за кои никогаш не добив известување дека ќе ги добијам расцепкани. Значи, прво 1000ка, после една недела уште 2100 денари, а другите 150 ми ги одбиле, без оправдување, без никаков изговор. Дечкото ми рече само - со сите е ист случај, па и со тебе. Во живот не сум се фатила да се карам за пари, но сега ми падна тешко, иако збор не кажав. Работев напорно и ми беше криво зошто ме крадат, а не можев ништо против тоа. Не дека 150 денари ќе сменат многу, ама сигурно да ги имав немаше да барам пари од моите за излегување уште после пет дена.

    Како што дојдоа, така и си отидоа. Реков уште пред да ги добијам дека сакам да си купам нешто што ќе ми остане за понатаму, си купив некои работи и веќе наредното утро кога се разбудив ми беше останато уште нешто ситно во новчаник, доволно за излегување барем во наредните два, можеби и три дена, зависи од местото нели кај што ќе искочам.
    И ете, се стиснав, ама пред да се освестам пари немав повеќе. Новчаникот ми беше празен и морав да побарам пари од моите. Реално, 3100 денари за млада девојка која сака да излегува, да негува социјален живот се ништо. Ете и да не ги купев тие работи што ги купив, јас повторно ќе немав. Едноставно, не стасуваат. А, да речеш, не излегувам секој викенд во диско, нити пак во елитни ресторани, ама парите испаруваат. Не сум алкохоличар, нити полна со каприци па да трошам многу повеќе отколку што имам, а и како сите родители ни моите нема да седат со скрстени раце кога гледаат дека немам и дека сум тажна. Зошто вистината е дека материјалното понекогаш и те како знае да влијае на расположението. И сигурно нема да ми биде срам да побарам да ме исфинансираат за до крај на месец, нити па тие ќе ме одбијат и ќе ми префрлат зошто сум ги потрошила своите средства и сега се „гребам“ од нив.
    Можеби затоа што и работата ја работев од љубов, а не поради тоа што ми беа потребни пари.

    Сепак, имам само 18 години, моите ми рекле дека ќе ме финансираат се додека имаат, без разлика дали имам и дополнителни примања од страна. Бескрајно сум им благодарна за тоа, затоа и ги почестив ручек од платата. :lol:
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    изабела мислам дека овде не се зборува за случаеви како тебе.

    ти си уште дете на еден начин сигурно уште учиш но и да не е така се наоѓаш во период каде што треба да се пронајдеш себе си и е многу нормално да земаш пари од дома. 3000 денари не се многу пари и родителите нормално дека ќе те финансираат воопшто да не се секираш за тоа.

    овде се зборува за веќе повозрасни луѓе кои завршиле факултет или имаат најдено работа но сеуште се однесуваат како деца бидејќи не сакаат да пораснат и убаво им е да спијат да трошат, да јадат да пијат на грбот на мама и тато.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Точно, но и тука има нијанси. Не станува збор за неработење и спиење бидејќи темата е Плата + финансирање од родителите. И јас сум против расипништво и коцкање, но за излегување и одење на одмор на полуксузни места кои не би можело самото дете да си ги дозволи, зошто да не? Ако не го доживее тоа тогаш, кога? Кога ќе има полна куќа деца и обврски?

    Зборувам за повремено приуштување на мали луксузи кои кога ќе имаат свој дом тешко дека за брзо време ќе може да си ги дозволат не за злоупотреба.
     
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Tакви помали луксузи колку да се опуштат да поуживаат малку да речеме некаде на море, да видат свет, мане ми е во ред.Сосема си во право за тоа Теси.Да ги финансираш за да живеат подобро, покомотно, да не мизеруваат за еден сок што се вика.Се со цел да им се олесни животот, да им се овозможат прекрасни нешта.Да проживеат што е можно поубаво.
    Кој родител не сака да слушне дека детето ужива некаде на плажа?Секако би помогнала да остварам еден сон да стане реалност.Тогаш јас повеќе би уживала и од нив, што ете сум допринела на некој начин.

    Поентата ми е друга.Сведок сум на случаеви каде родителите со години ги финансираат, а младите тонат.Дури и куката не ја варосаа, не па да реновират нешто,и истата се распага.Сумата и не е така мала, плус едениот е вработен.Па и во долгови биле. :tmi:
    Парите како што викаат Капни , лапни.Која е целта на ова финансирање?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    И јас сум против такви екстремни случаи. Самиот му даваш оружје вперено кон себе на детето на тој начин. Правилно те сфатив, само сакав да се надополнам. :)
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Ќе го опишам мојот случај. Почнав да работом уште кога бев студент. Бев принудена поради многу лошата состојба дома. Работев за 6000 денари, но работев и тоа тешка и одговорна работа. Од моите не земав пари, реално и да сакав немаа. Од мојата плата многу не остануваше, ако се земе во предвид дека околу 2000 денари месечно ми одеа на превоз (со два автобуса секој ден до работа и назад) она што ќе ми останеше беше колку да имам за секојдневни трошоци и да си купам нешто. Мајка ми викаше огромно олеснување ми е што не земаш од нас и затоа несакам ништо да купуваш за дома. Низ годините ситуацијата се смени, фала му на бога. Завршив со студиите, веќе работев за пристојна плата, но и татко ми почна солидно да заработува. Јас веќе почнав на големо да штедам, пак не земав пари од дома. Ќе си издвоев колку ми треба за месецот и другото го орочував. Е сега моите веќе беа во поповолна ситуација, па башка и деца израснати, школување завршено, плус знаеа дека штедам, ноќен живот не терам татко ми знаеше да ми помогне но како: кога ќе одев на одмор да ми плати дел од сумата, или ако шетаме заедно во град да ми ги плати чизмите или нешто гардероба. Сега еден скромен одмор годишно и они си приуштуваат. Е сега пред неколку месеци кога го пазаревме станот со партнерот моите родители и те како помогнаа. На нивна иницијатива ми дадоа одредена сума, е оваа помош никогаш нема да им ја заборавам. Ми помогнаа да земам помал кредит него што планиравме и да не се заглавиме за долги години. Затоа ќе им бидам вечно благодарна, а мајка ми на шала вика да не чуваш кога ќе остариме :D
    Значи нема родител кој несака да даде на своето дете, и кога имаат даваат и мило им е да помагаат. Но сето тоа треба да биде во рамките на нивните можности, а не да се соголат до гола кожа.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.