Си заработувам добра плата колку за мене,но некогаш се случува да ми завршат парите пред крај на месец,нормално тука се тато и мама,ама ке им земам ептен ако морам а не ко некои да ги истресам до последен денар,не е тоа убаво,сите треба да имаме осет и чуство бидејќи знаеме колку тешко се заработува секоја пара,не треба да лежиме на грб и да чекаме некој друг да се поти заради нас
Генерално сум против, но има и исклучоци. Против сум зашто кога не зимаш пари плус од дома, се учиш како да бидеш самостален и сам да ги организираш парите, зашто цел живот нема да се тука мама и тато. Се учиш како изгледа да немаш, за следен пат да знаеш да заштедиш, а најважно од се ако знаеш дека секогаш можеш да се потпреш на твоите, ќе спиеш на тоа уво дека има некој дежурен за тебе и тоа може да ти ја убие секоја амбиција за напредок и докажување. Исклучоци во кои ми е ок е кога се работи за многу ниска плата (а детето е вредно и се труди), не дај Боже некои екстра непланирани трошоци и слично, но ако имам барем просечна плата, дури би ги замолила да не ми нудат, зашто инаку никогаш нема да научам да сум независна. Нормално е да се приуштиш и нешто скапо и нешто вон можностите, посебно кога си млад и без фамилија, ама ако сега купам скапо, следниот месец нема да купам или ќе купам евтино, во спротивно си збеснат и не цениш. И многу подобра варијанта е пари од нив да добијам во форма на недвижнина и нешто што вреди, отколку скапи одмори и гардероба.
Чекај, има луѓе што се вработуваат и земаат пари од родителите??? Сериозно? Зошто? Злоба? Забава? За атер? Нешто друго на буквата З? Целта на секое дете треба да биде да се осамостои и тоа што побргу. Кај нас, обично е тоа после 22 години, односно после факс, а дури и тие години се сметаат за „рано се осамостои“. Во светот децата почнуваат да добиваат свои пари и да не зависат, многу често и после 15 години. Убавината на своите пари е да не мора да зависиш од родителите и да ги лишиш од можноста да ти кажат „додека јас те ранам ќе правиш како ќе ти кажам“. Зошто би имал и дома и на работа шеф?!
Се дур си во заедница со мама и тато и денар да неземаш пак ти помагаат. Ако они плаќаат сметки и ако го полнат фрижидерот имаат мегдан да кажат ко што вика Captain-Omni „додека јас те ранам ќе правиш како ќе ти кажам“. Жално но вистинито. Ако си доволни силен и способен почни посебно да живееш, па тогаш ќе кажеш немам финансиска помош од родителите. За жал општеството ни е такво, какво што е па на тој чекор се осмелувам покасно, бар јас. Па си се тешам покасно, но се изреализира, познавам деца цел живот се кај мама и тато заедно со своите деца кои веќе ги направиле и цел живот ги помагаат.
Сама заработувам и им помагам дома. Од првиот ден кога сум вработена, од првата плата. Јас бев свој човек(финаисиски) на 23 години. Своја глава бев од 18 години - живеев сама но со пари на родителите. Откако земав плата, денар не сум им зела. И на заем да е, за два дена највеќе враќам. Добро, може едно прашање? АКо земате плата од 20 000 денари, зошто седите со мама и тато? Од срам од комшиите шо ке речат? Јас со 20 000 плаќам кирија и сметки и имам за мене и за дома да дадам по нешто. Вие не плаќате сметки, кирии, а и ви фалат пари па пак од мама барате???? ДОбро, за што трошите толку многу? Кафани и оригинал патики? Кафиња и Цезар салати? Не сте ми јасни ич. Може па не знаете сами да живеете. Еве не знам. Просветлете ме. Јас од првата плата сум самостојна. А за мажите што зимаат плата и уште се со мамичка? Е од такви патиме.
Ако е за тоа пак, какви се тие родители кои детето си го користат како средство за егзистенција и откако истото ќе се осамостали, му наплаќаат за тоа што го чувале со тоа што му бараат пари? Тоа не ми е како да имаш дете, туку како да си земал заем од дете. Да се разбереме, тука не правам муабет за луѓе кои не се работоспособни и едноставно немаат. Ако сакаат родителите, имаат вишок, што ве боли толку што има родители што сакаат ете детето колку што може да им биде поопуштено пред брак? Како тоа нив ги прави лоши родители, а децата што прифаќаат размазени? Полоши ми се овие првиве. Според мене, родители со мислење „ќе те гледам на младост за да ме гледаш на старост“ избрале да бидат родители од сосема погрешни причини.
На почетокот, кога зимав многу повисока плата од сега, а и моите дома исто така, не давав пари дома. Едноставно немаше потреба од тоа. Последниве 3 години, моите почнаа вкупно 300 еу да зимаат плата (заедно) што е стварно многу помалку од мојата плата, а дома не сме само 3ца па да речеш може да сеизгура со 300. Од тогаш давам пари дома. Никогаш не ми било побарано и знам дека на моите им е многу незгодно, но не сакам никој да испашта дур јас уживам. Таква сум...одма совест ме јаде. Вака ми е помирна душичката кога знам сум дала некој денар
Нема полошо од размазено детиште кое не работи за да заработи, туку за да се фура со „јака“ патика и партали од не знам кој си. Се надевам дека секогаш ке имам како сега, и ќе давам на сите, не само на моите родители. И да имаа, ќе им купувам - подароци, викенди...Чисто за покажување благодарност и почит што создале нормален човек од мене. Што ме научиле да ги ценам парите и ми дале можност сама да видам како е да заработам. АКо имаа премногу, немаше да им барам а екстра парите ќе ми одеа на штедна книшка. Деца кои остануваат деца и по 25 години се премногу размезени и неспособни за самостоен живот. На првиот финансиски проблем во брак ке трчаат за мама да им даде- нема да можат сами да се борат за своето семејство, туку ке им треба помош. Во секој случај, ќе ја добијат и тогаш, а богамии можеби радоста за наследството ке им обезбеди и многу по смртта на родителите. Сепак, секој со своите семејни проблеми. Јас можам да живеам сама, што значи можам да основам и семејство ида се грижам за него. При финансиска самостојност, живеење со мамичка и чекање да ми ги испере гаќичките кои вчера сум ги соблекувала за време на секс - е премногу недостојно за мене. Од мама па кај маж ми- не. Освен ако не сум вработена, немам кеш, морам да живеам и да ме одгледууваат моите, а потоа во следното место каде сопругот ќе ме одгледува. Уште едно прашање ми се врти у глава - ако родителите имаат кеш и сами заработувате, и им остануваат пари, не ги трошат на докторски студии, магистрски во странство, учење странски јазици и усовршување во странство, или чисто на кафани и гардероба ви одат? Добро, и шопинг у Грчка А посебно за мажите на форумов, не ви е срам уште дома да носите девојки или да имате секс у кола, оти живеете со мама? (ова за оние кои имаат доволно кеш).
Ете, имаат, имаат можност, им даваат. Не ги прави тоа размазени тие деца шо имале среќа да се родат во поимотно семејство шо не ги дава парите по коцки и швалерај туку на свои деца, туку повеќе ги прави оние кои ги плукаат потсвесно љубоморни. На крајот, секој има право да живее како му е мерак. Штом се толку индипендент, нека не се замараат со туѓи животи. Нека не ги боли за туѓите скапи патики, туку нека им е мерак за своите, купени со 100% сопствен труд. Да се разбереме, немам ништо ни против финансиска поткрепа која доаѓа од родители или од деца и не ми ги прави истите негативни и размазени. Но , кога си бараат (или изнудуваат ко шо има случаи), родителите кои го прават тоа ги сметам за крајно себични што мислат дека не родиле дете, туку купиле добиток (ја ќе го ранам, а после тоа мене ќе ме рани eww), a за децата дека се размазени и неблагодарни. А кога сето тоа е од мерак, без барање, или пак се работи за навистина неопходно нешто, ќе излажам ако речам дека ги сметам за размазени деца и себични родители оние што прифатиле такво финансирање.
Сосема си во право за поселдното. Имам слушано за родители баш од тој тип -јас го школував, патев за него, сеа да ми дава плата, демек колку шо дадов јас да го ранам и учам. Иако мораме да ги чуваме родителите на старост - искрено се надевам дека моите ќе можат да живеат сами и со своите примања и трошоци.
Имав баш ваков пример со еден мој другар. Дечкото успеа некако да си купи едно мало станче за да има каде да си се повлече со жената. Со неговите мајка и татко остана да живее помалиот брат. Демек он ќе ги чувај, па станот за него. и на цел тој труд ми вика уште кредитот за машината за перење и фрижидерот за моите ми фалеше во овој момент. Му викам па што си се задолжувал, аман. Инаку родителите му се вработени нормално (едниот е во здравство, едниот во образование) И он мене вака ми вика *Ирена неможев веќе да ги слушам, на глава ми се качија*Демек ние те раневме, гледавме, и ти помогнавме да се вработиш и треба нешто да купиш да се одолжиш, затоа што си одиш. Јас ваква Боже господе. Има неблагодарни деца да, ама има и родители да се чудиш.
Да купиш да се одолжиш зошто си одиш??????????-Шатган ке купам у тој момент Како можат така не ми се верува цц. Па кој ги терал да го праат онда ??
На некои поефтино и поубаво им било да направат дете на домаќинката и да го роди на нива, отколку ли да си купат добиток, за кој е и очекувано да го ранат за да тој ги рани еден ден.
Како не им било срам да му го речат тоа? Безобразни едни. Да сум на негово место, веќе нема да постојат за мене. Кретени.
Леле што се не има по светов,како може бре да го задолжуваш сопственото дете,место да си среќен што се самостои,што ќе ствара семејство макар во 20 квадратен стан да е,ти како родител не му поддаваш рака туку го "сопнуваш"
Кога живеев со моите секогаш нудев пари, дали за сметки или кога нешто требаше да се купи, но никогаш не сакаа да ги земат.
ехееј колку има такви родители што очекуваат децата да ги ранат,има примери што ги знам што не работат ништо а синот во странство и им пушта пари и ги рани а они си уживаат и око не им трепнува
Јас заработувам околу 350 евра, така да немам потреба од дополнителни средства од моите, но и кога заработував 100 евра не им земав ни денар. Можеби ви изгледа невозможно, но јас излегував 1 до 2 пати месечно, трошев минимално на гардероба, си плаќав по некоја сметка и патни трошоци, па така да и тие 100 евра ко благослов ги гледав, затоа што знаев дека има и по цели семејства кои заработуваат помалку. Како човек кој е финансиски независен од 19 години, не ми е јасно како е можно некои луѓе да си дозволат да на свои 25+ години сеуште бараат пари од дома, за излегување, бензин, шминки.... Добро, не ви е срам? Ова посебно ме иритира кај машките, нез зошто, но кога ќе ми рече некој таков не ми дадоа моите пари за бензин или ќе пијам вечерва, моите дадоа пари, верувајте, ми се повраќа. СРАМОТА! да, почитувам кога некој нема доходи, но се труди да најде работа, но таквите не се невработени повеќе од една година. Уште ќе го гледаш седнат на некое сепаре со шише на маса и части се околу него со тешко заработената плата на неговите родители. Не се замислувам себеси покрај човек очекува друг да го издржува
Јас сум моментално студент и до сега немам работено така да моите секако мораат да ме финансираат. Примањата месечно им се околу 2 и пол илјади евра ма да немам проблем со тоа,а кога ке се вработам нормално дека нема да им барам можеби јас би им дала доколку би била на местото на татко ми по неколку години дај Боже...