1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Плата + финансирање од родителите

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 2 август 2013.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.189
    оф топик, девојче, баш би сакала моите да земаат две и пол илјади евра плата, барем еднаш годишно:)
    Моите двајца заедно земаат 250 евра месечно :) Твоите земаат околу 150 000 денари во месец, мооите 18 000. Мислам дека дури и не можам д си замислам таков богат живот. А кога бев студентка, и двацата беа избркани од работа, им ги приватизираа фирмите, па со стдентски кредит од 2000 денари плаќав за дом, а дедо ми ми даваше за јадење. Се сеќавам дека макароните беа 21 денар пакетче и 8 денари кечап, и јадев 2 дена од тоа.
    На темата, тешко дека ке можеш сама со својата плата да ги заадоволиш потребите кои ги имаш, со оглед на навиката и удобноста во која живееш.
    Сосема е поинаку кога земаш плата од 20 000 а живееш на работ, и кога твоите 20 000 се само за чевли во едно семејство месечно. Се надевам дека и ти ке земаш толкава плата како твоите, бидејќи поинаку ќе ти биде нелагодно.
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Извини што упаѓам, ама, може да ги прашаш твоите дали ќе ме посвојат? :call:
    Жити све, шо работат шо зимаат 2ипол илјади, шверцаат кокаин?! :tmi: Се зезам де, не ме сфаќај погрешно. Мислам и да шверцаат, не ми пречи, ќе бидам добар посинок. Плус, сигурно ќе ти вреди постар брат, да те зима од дискотеки и да тепа шабани шо ќе ти се пуштаат со глупи фори, размисли за тоа. :call:

    Он топик, и богаташите знаат да си ги воспитаат децата, да се надеваме дека swrcii ќе биде едно од тие деца, па во иднина коа ќе има своја плата, нема цела да ја џитне на пар Кавали. Може да набаци по еден пар патичиња нааму, за полубратот, за мене. :angel:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Капетанче, примањата кажав дека им се горе-долу толку,а во друга тема имав кажано дека приватно работиме, што значи индивидуално е.
    P.S Парите им се со заработени на сопствен грб,припази на зборовите. ;)
    Кога ке работиш ти исто како татко ми,можеш да упаѓаш вака и да коментираш непотребни работи. А до тогаш,се гледаме :)
     
  4. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    swrcii јас те сфаќам. И ние имаме приватен бизнис во кој само јас не сум вклучена бидејќи студирам.
    Имаме големи примања, но и огромни давачки. Сепак никогаш не сум го прашала татко ми колку ни се месечно приходите. Никогаш татко ми не се правел газда, туку работник. Тешко е да почнеш да печалиш од мали години, ама затоа цел живот ќе имаш.

    Мене месечно татко ми ми дава 3000 денари. Јас свесна сум дека и да му побарам повеќе пари тој ќе ми даде, но направивме таков договор на кој иницијатор бев јас.
    Да, тоа е многу малку за студент, но секој месец од друга страна ми стигаат 7500 денари. Така да тие 3000 ги давам за сметки, а останатите за скромен живот.

    Премногу сум економична и штедлива, па дома и да го имаме најголемото богатство јас пак ќе штедам. :)
     
    На swrcii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Ама нив не им е гајле,ние газди сме не ни жежи никогаш. |( За разлика од нив, на секој први си ја имаат платата на рака и мирен и скромен живот. Денес ке се намали прометот,утре уште помалце,па ке се качи.. некогаш и ние во минус работиме, ама тие што немаат искуство како Капетанот и останатата придружба што маваат лајк не знаат што е замор, физичка работа, татко ми истото го работи со сите наши работници во фирмата и многу повеке од нив.. Само ми се смешни кога ке тепаат некој муабети како Капетанов. Па и не се замарам јас, бидеќи не планирам на секој да му објаснувам поединечно, заради тоа тие го сметаат моето мислење иритирачко. Седи дечко рает,таков човек во мојата фамилија не влегол.
     
    На Feodora му/ѝ се допаѓа ова.
  6. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Па нормално дека се зезаш. Што се две и пол илјади евра во месец за нарко-шверцери?
     
    На swrcii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.189
    Инаку, семејствово на сврци треба да им биде пример на оние што бегаат од држвава оти не ја бивало и дека се било со врски. Еве луѓево работат приватно, ама сигурно мноооогу работат, и еве ги со принања мнооооогу над просекот на накој македониец.
    Многу е лесно да кажеш државата не ја бива, тука владата е глупа, луѓето се идиоти, ке одам у Германија да зиам социјално и да ме третираат ко гомно, а после кога ке идам на одмор у Македонија, ке се праам јак штик.
    Да ве видам да фатите вака да работите дали некој ке ви биде крив, или сакате да биде лежи лебу да те јадам?
    Инаку, да земаат моите волку плата, ке им зимам пари :)
     
    На swrcii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    До сега земав само една плата, уште малку ќе пристигне и вторта и едвај ја чекам :D и откако почнав да работам од дома ни денар не сум побарала, туку ги прашувам дали нив им треба за им дадам. Иако платата не ми е голема, би одвоила да дадам на луѓето што мене ми дале се. Срам ми е да барам од нив, доволно веќе ми даваа, секогаш гледале да ми овозможат се па макар да го дадат и последниот денар. Сега со моите 8000 месечно ќе имам за се, па доволно ќе им е тоа што нема да им барам за излегување, за гардероба. А мене ми е доволно тоа што ме хранат, па барем да не им барам и за други додатни работи. Не можам да ги разберам оние што ем работат, ем на сред месец се без денар во џеб и бараат од дома. Не сме веќе деца од 15 години за да чекаме се да ни се даде без воопшто да се потрудиме.
     
    На WarriorAngel, kravce и Cka им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Maлку ќе забегам од темава, ама ова ќе го кажам. Мене повеќе би ме болело брат да ме третира како г**но, отколку ли туѓинец од кој имам барем некаква корист.
     
    На Nymeria и kravce им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Да ве видам вака да работите, уште прв ден не почнати кога ќе ви навали цело стадо инспекции, па уште не ни започнати со работа, што се вика уште го уредувате просторот, тие ќе ви пишат некое илјадарче евриќи за глупост, затоа што толку сакаат да напредувате (не опомена, одма казна). Поготово ако станува збор за бизнис во област во која некој нивни се богати, а вие сакате конкуренција да му бидете... скраја.
    Па ајде Цка ако е толку лесно... повели, започни бизнис и кажи ни како иде, кажи му на народот дека е глуп што оди во Германија да работи.
    И не бе луѓе, не е само до парите, цел квалитет на живот е во прашање, образование, здравје, култура, безбедност... Толку е свилено во државава, па прашајте ги родителите со кој страв ги пуштаат децата во школо...

    Кој колку сака нека зема плата, ама нека не зема на мој грб... само тоа сакам да го кажам.
    Иначе плата земам, моите не ме финансираат, сеуште се храниме заедно, но кога тие немаат земено плата обавезно јас пазарам, купувам работи за дома, ставам бензин, давам пари за семејните трошоци. Не сакаат, ама јас сакам. Не земам голема плата, ама штедам и знам да ги распоредам парите.
     
    На De-lovely, Daydream, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Значи на шврци родителите оти многу работат имаат примања од неколку илјади евра, а твоите оти многу малку колку да не седат дома имаат далеку помали примања. Така ли? Работа-пари. Толку едноставно.
     
    На De-lovely, Hipica, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.189
    Па не е баш така. Татко ми само работи, ама е среднист. Со стаж и дежурства, стигнува до некоја плата. Мајка ми ја избркаа од работа пред 10тина години. Исто среднистка. И ја приватизираа фирмата во која работеше. Не е дека работат колку да не седат дома. Тоа е огромна навреда од твоја страна. Тоа што не учеле кога требало и не успеале да зграбат, не е нивна вина. Директорот кој ја избрка мајка ми, сега е богатш со најскапи коли. А она 3 и пол години за без пари одеше да работи со надеж дека ке земе пари.
    Не е фер да му пишеш на некој дека родителите му се мрзливци.
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Така ли?
    А што имаш ти напишано погоре? Прочитај си, те цитирав. Не е навреда кога велиш дека треба така да работиме како на шврци родителите па ќе имаме, а не лежи лебу да те јадам? Па затоа немаме оти не работиме доволно. Ти прва почна да збориш за мрзливци не земајќи ја во обзир ситуацијата во која се наоѓаме. Ама сега кога се работи за твои родители знаеш да се оправдаш зошто не успеале...
     
    На macigv, Hipica, anggell и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    [/quote]

    Ова се вика спин до коска. Побарај работа у Курир или ПлусИнфо, Скорпионке. :)
    Поентата на Чка е многу јасна, ако работиш ќе имаш, ако не работиш нема да имаш. Ама исто така, ако си директор некаде, многу ќе имаш, а сите не може да бидат директори. Не се родиле сите со к`смет за све у животот. Некој се родил убав, некој богат, некој паметен, некој се родил ќерка на директор. Е тоа е најтешко, да не можеш да одбереш дали Маноло или Гучи. уф тешкотии. ;(

    Сакам да кажам, не е навреда да работиш помалку платена работа, не смее никој така да гледа на луѓето и да ги омаловажува само зашто немале среќа во животот. Работа си е работа, и битно е човек да се труди во животот, а ако се труди, не може да нема, може само да има помалку од некој друг. Во случајов, родителите на Чка, имаат помалку од родителите на Свци, ама не значи дека не вредат колку и нејзините.
     
  15. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Никој не рече дека помалце вредат нејзините родители, ова ти е цел само да ме омаловажиш бидеќи си од оние кои што не поднесуваат некој да има повеке од него и такви ги има премногу. Никогаш во животот не сум навредила некој што е неколку класи подолу, секогаш сум позајмувала пари на другарки и познаници што до ден денес ми ги немаат вратено.
     
    На macigv му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Замислете каков мајндфак ќе биде татко и на Свци да и бил поранешниот директор на мајка и на Чка :o . Да не се зафркавам сега, озбилно. Мило ми е што постојат семејства со огромни приходи, што вака или така, се снашле и сега си имаат.
    Меѓутоа, тоа ни најмалку не може да биде пример, бидејќи како прво, Чка ти од каде знаеш дека родителите на Свци ги заработуваат парите чесно и без врски па за да бидат пример? Не би сакала некој да се навреди, бидејќи нормално е дека секој си мисли најдобро за себе и за родителите, а и јас нормално не можам да посочувам со прсти кога ниту ги познавам конкретно родителите на Свци, ама како можете да давате вакви заклучоци врз едно мислење? Ако навистина работат чесно, се преемногу редок исклучок врз кој пак не може да се донесуваат исклучоци. Исто како да речеш, ете ви на сите што викате дека не се добива на лотарија.

    Во однос на темата, јас сум невработена, студент и живеам паразитарно од родителите, неславен факт за моето постоење но вистинит. Се надевам дека ќе дојде ден кога ќе им се оддолжам (нормално по моја желба е ова) иако знам дека колку и да немаат никогаш не би прифатиле мои пари. Ако ништо друго, би се задоволила и од тоа само да не им бидам плус трошок.
     
    На Hipica и tessie им се допаѓа ова.
  17. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Nymeria Татко ми најбитно никогаш го немам видено да се понаша како кој е тој како газда,како директор.. тој се декларира како обичен работник ако веруваш едно парче облека си нема купено па можда 5-6 месеци и тоа само кога ке треба. Се занимаваме со уредување на стамбени обијекти. Ова ако е нечесна работа, стварно незнам која не е...
     
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Нема врска не мора да се правдаш и објаснуваш, ти си чисто како пример земена, кажав ниту тебе те познавам ниту твоите родители за да знам што и како заработувате.
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Cka , па јас сите богати што ги познавам од генераците на мајка ми и татко ми се среднисти .
    Уште од време фалкутетлиите си биле глупави :rofl: Не глупави де туку не знаеле да се снајдат , учеле за едно и се фокусираат само на тоа , како коњи не гледаат лево десно и затоа не успеваат да погледнат и други можности .
    Пример моите после средно , посветиле уште 10 години на образование , работата не им е лесна , да земаат горе-долу добра плата , ама сепак среднистите од нивна генерација денес се богати .
    И тука нема ништо лошо се снашле луѓето , некој чесно некој не , ама сепак имало можност да се снајдат , сега е друга ситуцијата ...
    И за тоа колку е лесно само да зборуваш , ете почни ти Осмели се направи го првиот чекор :D не седи на буџет оти цел живот таа плата ќе биде , ќе дојде време и ќе ти биде малку ..
    Гледаш не е убаво кога некој ти се меша и соли памет :^)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    ^Не деека те видов покушаваш да напраш шега,ама слабо. ;)