1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Плата + финансирање од родителите

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 2 август 2013.

  1. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Па и да пробував да направам, не беше на твоја сметка. Баш ме интересираше дали Чка би го вртела истиот муабет доколку татко ти беше лошиот директор од мајка и.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Шврци олбави , општо зема пример Нимериа , никој тебе не те навредува , значи зборува за хипотетичка ситуација , не се живцирај :D

    А инаку ако имаат да ти дадат родителите , зошто да се стегаш и да си ускратуваш ?
    Пример платата не ти го дозволува тој одмор , твоите имаат да ти дадат без притоа да им фали на нив , што е поентата да не земеш , па не земаш од комшијата де .
    Родителите цел живот помагаат на децата, нормално доколку се во можност , барем јас кога ќе имам дете дај Боже да имам да давам :)
     
    На glosipgirl, drugarka и tessie им се допаѓа ова.
  3. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Не би се согласила со мислењето дека ако јас како родител земем 3000 евра и имам многу пари на страна, треба да му давам на детето да купува Гучи, или секој ден да му давам по 5000 денари само затоа што имам. Да, мене ништо не би ми фалело. Но, сите знаеме дека животот е тркало, денес си горе а утре кој знае. Ораничувањето на средствата кои му ги даваш на детето не е поради што не го сакаш туку затоа што не сакаш да го расипеш, за да не му дадеш колку што не му требаат па недај боже и по лош пат да тргне. Плус тоа, замислете утре останувам без работа, пропаѓа фирмата и моите 3000 евра, или пак ќерка ми некогаш во животот остане со ниски примања. Ако му го ограничуваш буџетот го подготвуваш за некој нов живот, кој можеби и никогаш нема да го живее, но нема да му биде толку тешко ако сепак остане со помали примања бидејќи си ја научил дека и 200 евра месечно доколку се правилно распоредени нема да те остават гладен. Уште, како тоа имам пари, зошто да ми работи детето? За да направиш човек од него, да знае што е одговорност и обврска, да не спие до 4 поручек, да не го помине животот по кафани затоа што сум му оставил наследство туку да работи и да го намножи моето богатство, но секогаш да остане човек.
    Верувам дека и да си богат не е лесно од родителска гледна точка :?:
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Па види секој родител е должен да го научи детето да ја цени парата , и да се научи сам да си го вади лебот . Но и животот е еден , треба да се научиш да си ги раководиш парите но и да уживаш во животот.
    Тука не мислиме за мали деца , туку за возрасни луѓе кои веќе сами заработуваат значи лекцијата е научена ;) , но кога си млад секоја пара ти е потребна , се плаќаат кредити за стан , за опремување на стан и едноставно парите не стигнуваат .. Па ако сака да те почасти еден одмор јас не гледам ништо лошо во тоа .

    И немој да мислиш дека богатите не си ги воспитуваат децата , се тоа зависи од родители до родители , познавам деца кои потекнуваа од скромни семејства па се расфрлаат со пари многу повеќе од оние кои потекнуваат од богати семејства . Значи до воспитувањето или пак до онаа народната не дај боже слепо да прогледа :D
     
    На glosipgirl и drugarka им се допаѓа ова.
  5. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    ^
    Се согласувам, парите теба да ти служат тебе, а не ти нив. И во ред е да му дадеш на детето да помине еден добар одмор, но не треба да се претерува. Сепак сметам дека единствен начин да го научиш детето за вистинската вредност на парите е да ги ограничиш средствата. И јас самата познавам такви деца од посиромашни семејста , но факт е дека почитта кон парите потешко ја стекнуваат оние кои не ги заработуваат
    `
     
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со секој твој збор, исто како јас да сум го напишала ова. Знам примери кога е обратно, децата помагаат на родителите со сметки и слично доколку има потреба, затоа ми се лоши од вакви "паразити". За мене тоа е искористување на родителот со цел поудобен живот, а тој може да си скрати за да ти биде тебе поубаво нели? Сосема е доволно што уште кога сме биле само мала точка во стомакот на мајките тие мислеле за нашата иднина и купувале работи за нашето доаѓање на свет, па се до нашето осамосталување. Ако работиме, барем додека немаме своја фамилија за издржување можеме да им вратиме барем со нешто, а не ние дополнително да ги цедиме. Мене ми е тоа сосема несфатливо. Јас мислам парите треба да се заеднички кога живееш со некој, без разлика што ти е родител доколку имаш свои приходи. Но и да не е така, барем не земај од нив. Ама делумно и родителите се криви, брат ми е сличен пример на ова и јас постојано ја карам мајка ми бидејќи го разгалува иако има доволно години за тој да гледа свои деца. Ама тоа е, рекле во старо село нов обичај не се носи.
     
  7. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    До сега редовна плата не сум имала, ама некои повремени хонорари сум земала. Во такви моменти веднаш престанувам да барам пари дома, ама мајка ми секогаш викала дека тие се мои пари и за работите кои секојдневно ми требаат (како облека, трошкови од факултет, автобуска карта) ќе бидам секогаш обезбедена. Додека живеам со моите родители знам дека нема да плаќам сметки и нема да ми бараат пари за домашни трошкови, ама би сакала барем парите кои јас ги трошам да си ги заработувам сама. Моментално добивам 2000 ден месечно џепарлак - пари за кафиња и искачање и за еден доручек на факултет, и тоа ми е повеќе од доволно. Моментално волонтирам во една ординација и пари не земам, но ако успеам да си најдам работа која ми овозможува барем 2-3000 денари редовни примања секој месец дефинитивно не би земала повеќе пари од дома.
    Едино сметката на телефонот ми е на име на мајка ми, па тоа ќе мора да ми плаќа... :D
     
  8. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Кај мене дома важи правилото, доколку си земаш плата, не барај веќе пари од нас (мама и тато), што мислам и дека е сосема во ред да е така.
    Никогаш не сум била научена на луксузи, не сме имале баш секогаш дома редовни и убави плати и секогаш сум имала ограничен џепарлак.
    Сметам дека кога човек сам си ги заработува парите многу повеќе ќе ги цени и ќе научи да си ги распредели за да му стигнат до наредниот 1ви. Барем моите така ме учеле и сега морам да водам сметка како си ги трошам паричките, бидејќи знам дека нема да имам “бонус“ од моите.
    Да не се жалам, добра ми е платата па ми дозволува и малку луксуз, најмалку две нови парчиња гардероба секој месец и поквалитетна козметика, нешто што не сум можела да си дозволам до пред некое време ;)
     
  9. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    6.648
    Пол:
    Женски
    И кај мене важи истото правило земаш не барај. Имам за се да си купам не буквално се но во месецот можам да си купам 2 до 3 парчиња облека,кафица секој ден шетање... :D
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ми давале, зошто не ми втасувало. Платата ми била премала.

    Но имало периоди и кога сум давала..

    Значи се работи за заедничка соработка, помагање. Сепак сме семејство. :)
     
  11. EmpressA

    EmpressA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    33
    Сведок сум на многу ситуации каде што луѓе над 25 години, со солидна плата живеат финансиски на товар на родителите, во полош случај и пензии од баба и дедо. Ај кај што не можев да се изначудам на овие примери, до неодамна имав можност да поразговарам со еден ваков "примерок" од човек кој што на моето поставено прашање зошто го прави тоа што го прави ми одговори: "ЕЕЕеее, лесно ти е ти да кажеш , си земаш цела плата на 1ви, а јас до гуша углавен со кредити за кола, наменски, вакви онакви.... ако не ми помагаат сите од фамилија, како јас ќе ја проживеам младоста а??!". После ова сфатив дека мојата крајна граница за себичност треба да се помести.
     
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас не само што сум сведок, дома имам таков - брат ми. И тоа што е најтрагично нема ни кредити ни ништо слично. Многу ме нервира тоа, ама тоа е. :x
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Во последно многу машки се опседнати со кладилници и казина.
    Може тука трошат многу пари, па затоа бараат плус од дома.
    Уште ако пушат...ехееее...

    Порано казиното беше луксуз, сега секој втор оди таму. Имам и јас подалечни другари кои се навлечени и наголемо трошат пари и своите и од дома. :x

    (Иначе на што ќе троши машко толку пари, освен ако нема женска? Шуќур нека купат облека, козметика како нас женските, ама тешко дека за тоа ги трошат парите)
     
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Во принцип гледам да ја распоредам добро платата и ми стигнува за моите потреби, НО ако во одреден период не ми стигне тука се моите, иако гледам да бидам самостојна и да не го користам нивниот труд , да ги гребам нив така речено , сепак тие ни се родители и работат за нас и творат за нас, но не е убаво како што прават некои си седат не работат ништо иако се способни а чекаат уште на родителите.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Што знам мене ова ми е себично. Врската родител-дете не треба да биде сфатена како вечно робување за ние да бидеме цел живот најсреќни и безгрижни.
    И да ова е Македонија каде што се ниски платите, условите се мизерни и има милион сопки во секојдневието, но не планирам вечно да ја злоупотребувам нивната добрина и цел живот да им кратам од уста за јас да имам некои удобности.
    Колку направиле до сега за мене мислам дека нема да можам да им се оддолжам уште 2 живота. Ме кренале на нозе, ме израснале, школувале, облекле, направиле многу работи над нивните можности за да сеуште им висам на грб кога ќе почнам да работам? Па не би рекла баш. И они живеат во оваа држава со истите проблеми, сигурно и на нив им е тешко. Кога ќе ми текне колку пати жртвувале одмор, се лишувале од секакви работи, дали материјални дали во однос на слободно време... Не мислам дека треба и понатаму да им го јадам лебот, ниту дека треба да ми бидат бебиситери на децата утре, потрчковци со 24/7 време резервирано за мене и моите желби.
    Како фамилија секогаш треба да сме тука едни за други, не велам не, но тоа значи двосмерна помош и разбирање, а не едната страна да се закатанчи на другата како пијавица.
    Се додека е умерено и искористено во крајно неопходни ситуации оправдувам. Но од чисто курчење и себични нагони пошто нели еднаш се живее, ми се лоши.
     
    На eloves, Lovely93, Glasna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Колку помлади децата ќе се осамостојат, толку подобро. Јас се вработив на 21 год за мала плата и тогаш имав таква самодисциплина што и сега си завидувам. Прецизно од секоја плата одвојував прво за храна и превоз, па купував нешто за дома да ги почестам од плата, потоа од секоја плата си планирав дел од парите за гардероба, значи секој месец купував по нешто и успевав да заштедам секој месец по 2500 денари што секако беше добро од плата од 9000 денари. Потоа останав без работа и си имав свои пари до следното вработување. Децата треба да се научат да ги ценат парите бидејќи не се заработуваат така лесно кај нас за да се фрлаат без врска.
     
    На danielka0507, Lovely93, elanor и 3 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    И јас и маж ми сме вработени. Со таа разлика што јас земам многу помала плата од неговата и не ми ја даваат редовно. Од татко ми ретко добиваме помош. Тоа се случува кога сме ептен во криза. Инаку, не барам од него пари. Нема потреба да ни помага кога немаме пари. Родителите на маж ми не ни даваат пари, затоа што немаат.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Мали им биле платите.
    Луѓе што ви е на вас, цели семејства гледаат со 12 000, еве ако зимате минимум, не па еден човек кој нема режиски трошоци (под претпоставка дека живеете со родителите)
    Мислам срамота е ако успевате во месецот да потрошите САМО НА СЕБЕ СИ 12 000 за облека и расшетавања, па уште и плус да барате, а не успевате одморот да си го заштедите или нешто поголемо и вредно. Срамота во услови какви што има во Македонија,а тек ако не го зимате минимумот...уште полошо.
    Сериозно сметам дека е одлика на интелигенција, а не навики и разгалености. |( Извини ваше височество што не уплати тикет од 1000 денари во кладилница едно 10 пати во месецот или не си ги купи лилеее најновите и најубавите салонки од Манго, мислам...сериозно човештвото ќе ве стави во кош со невредното.
    И не, не се навикнува човек лесно утре кога ќе добиете свои семејства, па да си ускратите од луксузите за да крепите цело домаќинство. И тогаш знам дека помагаат родители, ама мене тоа ми е едноставно глупаво.
    Колку си финансиски повешт во младост, толку подорбро и полесно ќе ти биде понатака.

    Познавам луѓе со бог знае како земени кредити од по 2000-3000 евра кои не се земени за купување на нешто трајно, до душа првичното така им беше, кола на старо и после си ги испотрошија за глупости невидени, па нивните ги плаќаат сите тие цехови додека овие си ги трошат парите од платите пак цели, па бараат дури и за џепарац... Па ајде и родителите да им работат не знам какви работи, па да разберам...
     
    На eloves, WarriorAngel, unforgiven и 7 други им се допаѓа ова.
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Веќе се имам изјаснето дека во принцип треба да трошиш колку што ти е платата, чисто за да се научиш да управуваш со парите што е огромно значење за повозрасни години, кога нема да се штеди за штикли, туку за стан, деца итн.
    Во последно време откако мојава генерација се вработува, гледам и друга појава, кога родителите зимаат и очекуваат од децата, а немаат потреба, што до некаде можеби е ок, ама јас не верувам дека би барала без осет и често од свое дете за било што, поготово на млади години кога првпат се радува на свои пари, си приуштува ситници и почнува посериозно да штеди за иднина. Се зависи од општата финансиска ситуација во фамилијата, ама осет треба да се има и од двете страни.
     
    На Lovely93 и Glasna им се допаѓа ова.
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Откако се вработив и секој 15ти во месецот земам плата, не барам повеќе пари од дома за ништо. Сметам дека платата ми е и повеќе од доволна да ги задоволам своите потреби, да си купам некое парче нова облека, штикли, козметика, што и да е. Секојдневно излегувам во град, дали на кафе или ручек/вечера, си ја плаќам сметката за телефон, и сепак на крај ми остануваат околу 5000 ден. кои ги тргам настрана бидејќи работата ми е таква што летото нема да имам приходи, а секако ќе ми требаат пари. :) Се случува да му дадам и некој денар на брат ми или да му купам фармерки, блуза, парфем. Тој е студент во Скопје, па многу добро знам дека секој денар плус му значи многу за таму.

    Секогаш кога ќе земам плата купувам и нешто за дома, дали ќе почестам ручек или ќе испазарувам од маркетите, сеедно. Не е дека којзнае колку придонесувам во семејниот буџет, ама барем не сум на товар на моите. Срам ми е сега кога работам, да земам и плус пари од дома. Мислам дека тоа не е во ред, барем во мојот случај. :)

    И не ги разбирам тие млади личности кои иако работат, можеби и со години, сепак се уште бараат пари од дома за облека, обувки, одмори и слично. Ако веќе си способен да работиш, тоа треба да значи и да знаеш да раководиш со твоите финансии.
     
    На eliesaab и Doozy им се допаѓа ова.