1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Платформи за испити/тестови

Дискусија во 'Образование' започната од mode-kristina, 17 јануари 2021.

  1. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Не видов да има ваква или слична тема, но доколку има, можете да ја ставите под клуч.

    Со оглед на тоа каква ни е ситуацијата, предавањата се одвиваат електронски, а со тоа и испитите/тестовите. Или ако насловот не е соодветно поставен, можете да го промените. Дел од платформите на кои се држат часовите ви се веќе познати, да не ги набројувам, а сите знаеме дека најчесто користена е Зум, а по неа следат Тимс, Гугл Мит и др.

    Но, што е со оние што служат исклучиво за испити и тестови? Тие треба да бидат во комбинација со платформите за настава. Една од овие е Exam.net, која откако ќе ја отворите во прелистувачот што најчесто го користите, не можете ништо друго да отворите. Буквално ништо. Причината е многу јасна, а тоа е да се спречи препишување. За да се овозможи надзор, треба да се вклучите како што се вклучувате на останатите часови, но преку мобилен и истиот да го поставите странично за да се види дали има нешто сомнително на работната површина. За жал, оваа платформа беше бесплатна до 14 јануари и факултетот треба да ја купи лиценцата. Да додадам, пред да ја отворите во пребарувач, треба да инсталирате фајл што ќе ви го прати професорот/ката.

    Кои платформи се користат кај вас и како функционираат? Само да напоменам, темава е за платформи што служат само за испити и тестови.