Јас имам плачено само на еден филм. Едностано не можев да престанам да плачам. Многу тажен фил . И покрај тоа што сум многу јака, безчуствителна не можев да не заплачам.
Marley and Me требаше комедија да биде....ама на крајот се утепав од плачење во основа на филмови плачам само во врска со животните на пример ако некое умре или пак при разделба...е тоа највеќе ме погодува
Да липам, и да се трескам од земја не. Ама ми се има десено така да ми дојдат солзи на очите, или ептен некое жално-глупо чувство, да се соживеам со филмот, посебно оние што се според вистински приказни и знам дека некому ставрно му се дешавало такво нешто The Pianist е филмот на кој редовно пуштам солза А ко мала обавезно си плачев коа го убија татко му на Симба хаха
темава само за мене .. плачам ама кога сум сама, пред друг солза не пуштам затоа и го гледав сама A walk to remember за да можам да си се опуштам , а ми кажаа дека е таков филмот
Со некои филмови ептен се соживувам и плачам, најмногу плачев за филмот The Last Song, Hachiko: A dog story и Titanic
И јас знам да пуштам по некоја солза на некој филм....Секогаш плачам на Титаник , по кој пат и да го гледам, мн ме погодува и таква сум си јас , емотивна и толку ми треба за да заплачам , сум плачела и на The Notebook...
Мислам дека нема кој не плачел на Титаник! Еве јас на пример, по не знам кој пат го гледам филмот, но последниот пат во присуство на дечко ми и другарка и мислиш река направив од солзи! Кутрите почнаа да ме тешат и да ми носат хартија хаха... Инаку знам да си заплакам и на филм, серија.. Па и цртан хахаха (Кралот Лав)
Јас многу плачам на филмови,секогаш кога го гледам Храбро срце со Мел Гибсон плачам или филмот Дух со Патрик Свејзи се утепувам од плачење,се внесувам максимално во филмовите што ги гледам,затоа не гледам хорор филмови,освен со вампири,нив можам да ги поднесам
Единствен филм на кој сум плачела е „Pearl Harbor“, ама зборувам за она здраво, магарешко липање. Среќа сама што го гледав филмот, ќе помислеше некој дека не даска, паркет ми фали во главата. Инаку редовно си цмиздрам на дизниевите цртани, ко да ги праеле со намера да се утепуваат деца од плачење.
Леле многу плачам, премногу. Филмчиња од типот семејна драма и на крај кучето со кое се израснати децата, умира... плачам повеќе од дете кога плаче за лижавче. И вака сум плачка, а не па филм да гледам и да е тажен. Редовно си плачам на книги, филмчиња, тажни приказни кога читам на нет. Кога се спремам за гледање на такво тажно филмче, си земам марамици до мене, за да не ја правам перницата жива вода.
Голема плачка сум. Скоро на секој филм кај што има тажна сцена плачам. А филмови како Титаник, пс те сакам, Јас сум Ерл и сл., дома езера си правам. А и не само на филмови, секоја мала работа која ке ме вознемири, одма ми се прави грутка во грлото и солзите доаѓаат. Дури и претерувам некогаш.
Да, плачам кога е за плачење...не сум сега на сите потажни делови да цмиздрам али да, плачам. На овој горе што е постиран од Саја, секогаш плачам кога го гледам тој цртан, многу ми е убав и тажен