Плачам на филмчиња...кога сум во ПМС.Само тогаш..(ама тогаш можам да заплачам и кога ќе видам на патот кученце како поткривнува)....
Си плачам на филмчиња, емотивец сум голем иако воопшто не делувам како таква. Ама плачам само кога сум сама, кога гледам во друшто се обидувам да се воздржам. Не сакам лигавење и плачки пред другите, ама ако си дојде по некоја солза тоа е, се толерира некако
да да имам плачено на неколку на ноутбук, перл харбор, мемоарите на гејшата, пијанист, кучето хачико,на шлиндеровата листа, и на уште некои ама не ми текнува.... Aма највеќе сум плачела на пијанист
Во принцип, плачам ако видам дека некој плаче,дал е другарка,непријателка,комшика и друго, така да,плачам на филмови,посебно ако некој актер во филмот плаче. На тажни сцени,разделби,бла бла,не можам да се воздржам, ако треба ради реда ќе заплачам,ама мора.
pa zavisi od filmot,koga ima nekoja tazna tematika stv me pogagja i placam ,odnosno ponekogas i ja koga ke se pronajdam vo celata prikazna od okolu,a najmn iam placeno za crtanot bambi koga umre majka mu ili tatko mu nz kako bese...lele pa se pocetvin znaci naj ama naj tazna scena mi bilo toa (inaku od mob pisuvam,a neam kirilica podrska )
Да aко е таков филмот се разбира и на маж ми тоа многу му е смешно . Не може да си објасни како тоа јас можам да плачам за нешто што не е ни реално.
Не очекував мене да ми се случи такво нешто ама ДА, плачев и тоа неколку пати. Причината беа прекрасните корејски романтични драми
Па иако другите не ме сметаат за емотивна личност (барем тоа не го покажувам)многу често заплачувам на филмови.Како на Титаник,Чекори за паметење,Бележникот,ПС Те сакам,Последната песна а имам плачено и на еден филм кој го имам гледано на телевизија а не знам како се вика за едно куче кое се присеќава дека во минатиот живот било човек и го пронаоѓа неговото семејство.
Леле и на Hero многу си плачам, секој пат кога го гледам спотот си пуштам по некоја солза, абе многу е жален бе Спојлер Посебно сценава леле
Се утепав од плачење на Жената на патникот низ времето. Буквално. Го гледав со палома до мене. Уф одамна вака некој филм не ме погодил А не сум ни во пмс
Не ми текнува да имам плачено... Само знам дека на времето прв пат кога го гледавме Титаник (јас, сестра ми, една другарка и брат и), на сцената кога бродот потонува солзи ни течеа на сите, само не знаевме дали од смеење или од сцените во филмот... Значи другарчето се утепа од трескање зелени во стилот "аии види ги луѓево како паѓаат", "аии види го овој сега како ќе се лупне тука"... значи плачевме и се газевме од смеење XD знам дека не беше тоа совесно од наша страна, ама околносите беа такви : ) Имам плачено на книги т.е. ми текнува само за Порака во шише..
Па сеа, незнам дали е на жал или на среќа, ама не плачам воопшто! Незнам зошто ама дури и на Титаник кога сите плачеа, јас се убив од смеење
Не сум заплакала на друг филм освен на Титаник.. Всушност не плачев туку „рикав“ .. Сепак, сите знаеме дека има ептен ептен ептееееен тажен и траумичен крај ..
ми се дешава да заплачам ... зависи коа како али последени филмови на што сум плачела беа Go Toward the Light и Hachiko: A Dog's Story