Не плачам, но многу често скрос ќе ми се насолзат очите, и некогаш, ама ептен ретко значи, да пуштам солза две, зашто во принцип јас ич не плачам.
На секој филм со тажен крај обавезно си плачам. А особено на Титаник и на A tres metros sobre el cielo
Плачам и тоа како! Уште како мала имам липано на оваа сцена, а богами и сега ако го гледам.. Ако ме погоди моментот, плачам и на серии, играни филмови (од типот на Notebook), па ако треба и на реклами и сл. Во принцип и онака сум голема плачка, зш сум многу емотивна (во хороскоп рак), што до негде ме оправдува што плачам и кога треба и кога не треба
Растурам у плачење! кога е нешто тажно не можам да се воздржам иако знам дека е само на филм,ама таква сум
Никогаш, ама никогаш немам плачено, едниствен филм Hachiko: A Dog's Story е на тој мислам дека е невозможно да не плаче човек, уште ми е жал за кученцето
Многу сум емотивна. Кога гледаме филм со цело семејство правам се само за да не заплачам. Леле на колку филмови само немам плачено , на Есперанса, на Касандра сум плачела ( имав само 2 год. ама секогаш кога завршувал филмов сум се отепувала од плачење , тешко мене уште на тие две годинки). Уффф, на Титаник, леле човече, мама ми велеше, па не плачи толку уште сум жива. Не можев никако да се смирам. И на еден филм последно плачев ( пред месец дена), не знам како се викаше, беше партизански. На филмов го убија едно дете ( 12-13 год) и близу до него беше еден човек кој се викаше Заватони, и тоа во последните моменти викна со болен глас, со страдање : Завааатониии. Леле се отепав од плачење, нешто понеубаво од дамна немав доживеано.
Плачам и тоа скоро на секој филм ако е тажен и романтичен понекогаш плачам од срежа а понекогаш од тага абе плажка голема сум
Како мала многу плачев на цртани како кралот лав, дамбо , еден друг со лав....Абе дури и кога си ја читав Бамби СЛИКОВНИЦАТА плачев Титаник го гледав како помала исто , така да можете да погодите плачев... Сега не , всушност нигогаш не искажувам емоции, а најчесто плачам од бес. ама не пред други луѓе....Е ок да признаам плачев на Хачико
На сцената во Титаник кога Роуз го фрла телото на Џек и кога некоја негативна личност ке стане добра и ке се покае за злото што го правел
Многу ретко плачам на филмови, а тоа најчесто е кога сум во ПМС, но последен пат искрено заплакав на Хачико, одамна беше кога го гледав ама сепак ме дирна во срце .
Лесно знае да ме расплаче некој филм. Но, дефинитивно најмногу ме погоди Hachiko: A Dog's Story. Баш дека се работеше за животно, мило и невино суштество, направи да се чувствувам така. Не можев да се смирам цели 2 часа. Не знам за другите, но мене филмов многу ме погоди.
Да не е Партизанса Ескадрила? Ако збориме на истиот, и јас плачев на тој, кога го убија детенцето [/quo Тој е , кнечно го најдов филмчево
Ооооооо, знам често да си плачам на филмови. Поготово на комшиите им прокиснува ѕидот од моите солзи и тоа на : 1. 3 metros sobre el cielo 2. A walk to remember 3. If onlу и да не го заборавиме легендарниот Титаник, на кој неможам да останам рамнодушна!