Па и плачам ли Ама најмногу имам плакано на hachiko Мислам дека цел филм си плака. Многу ми е тажен , освен што е тажен и е многу добар. Восхитувам и се на кучињата. Џабе не викат дека се најдобри пријатели. Срциња златни! Спојлер Кој го нема гледано филмот ви препорачувам да го гледате, и тај што е љубител на кученца нека си се спрема со две три паќетки палома
плачам и тоа за сите пари! плачка невидена сум. најмногу имам плачено на my sassy girl, делови од a walk to remember и хари потер последниот дел
Чат-пат знам да пуштам солзичка. Доколку глумата е навистина добра знам да се изнарикам, а ако е нешто (не)забележливо аматерско одлжглумено и најтрогателната сцена не би ме погодила. До сега, најмногу ме имаат погодено филмовите А walk to remember, Tres metros sobre el cielo, Тhe notebook, Shekspeare in love
Значи кога и да го гледам Титаник, неможам да си ги воздржам солзите, а за Три метри над небото, 3 пати во една вечер го гледав и се оправ од плачење и сеа сакам пак да го гледам
Да плачам, што да правам не можам да се воздржам. Последен на кој плачев многу е If only , така да ако сте расположени да поплачете, ви го препорачувам.
Па ако се премногу тажни, да.. бидејќи сум многу емотивна личност.. па плачам и за ред други работи не само на филмчиња
Леле ДАА!! Сум го гледала 3 пати и после цел ден викам Ауу кој ме тераше?? Најтажен филм дефинитивни, и личност која мрази животни ќе се исплаче од убаво
Hachiko е единствен филм кој ми ги насолзил очиве, и мене и на една личност која сум ја видела да плаче само еднаш во животот и тоа поради многу тешка причина. Допира филмов до дното на душата..