Неретко плачам на филмчиња Особено ако сум во ПМС ихууу нежна до в крај Се сеќавам дека најмногу плачев кога го гледав Хачико... Не би сакала никогаш појќе да го гледам, ептеен ме трогна...
Порано не можеше ни најтрогателниот филм да ме расплаче... Ама после магистратурата, изгледа од толку учење нервите ми попуштија и малку ми треба да станам кишна година
Ретко, но се случува и тоа.. Прв филм на кој плачев беше The Lion King - класика Филм на кој се имам истурено од плачење, и до ден денес можам да си заплачам само што ќе го помислам, е Hachi: A Dog's Tale. :'( Ах леле па филм ли е тоа.. Други два што ми текнуваат се Marley&Me и My Sister's Keeper..
Немам слушнато некој да каже дека го изгледал Hachi без солзи, па и јас Не сум голема плачка, но ме фаќат периоди, посебно се имам исцедено на Moment to remember.
плачам! понекогаш од среќа понекогаш од тага, а понекогаш и од страв на пр. се иам расплачено на филмот The Exorcist што е со Linda Blair од 1973 , сум го гледала едно повеке од 30 пати,цел филм го знам на памет кога што се дешава, кој што кажува и уште ми е страв коа го гледам. и баш кога го гледав од што ми беше мн страв се рaсплакав, а татко ми како и секогаш ми се смееше [утеха.....]..
Последно плачев на приказната за кученцето Хачико,филм направен по вистински настан. Ме остави без зборови.
Пред 2 дена го гледав Читачот. Се се отепав од плачење на сцената кога момчето, веќе маж, ќе ја сретне Хана во затворот. Не знам зошто толку многу се соживеав. Самоубиството не ме расплака бидејќи веќе ја имам прочитано книгата и ми беше сосема очекувано. Сепак, одлична глума и кастинг.
На филмови никогаш не плачам, едноставно не можам да се внесам во филмот! Но кога читам.... само ме опфаќа ситуацијата па плачам некогаш!
Книги, филмови... И кај што не треба да се плаче плачам. Последно плачев на Hunger Games, и тоа не на крајот, туку Спојлер кога ја убија Ру. Очите си ги отеков, како најдобар другар да ми умрел.
Спојлер И јас се утепав од плачење на оваа сцена, ама не толку заради Ру, туку Кетнис ми беше прежална како плаче.
Dосега сум плачела само на еден филм,и тоа кога бев помала...филмот се викаше "грдото пајче"! имаше едно мало девојче кога се збогуваше со мајка си која беше пред умирање.... и двете плачеа... толку беше тажно што неможев да издржам... но филмот заврши среќно! Dевојчето го следеше својот сон,и стана балерина,ама на мраз!
Пред неколку денови го гледав филмот My Girl многу ме растажи и неможев да се смирам дури и не заспав така плачев до сабајле