Зависи со кого гледам. Ако гледам со другарките, ни филм можам да изгледам, ни ништо. Само се смешкаме и се глупираме како дечиња мали. А кога сум сама, ми се има случено многу пати да плачам.
Имам плачено само на 3 филмови и во двете кога умираше куче, а во другиот кога кучето го разделија од сопственикот. А на други без разлика колку и да се тажни не плачам. -Како мала кога бев 4 години се утепував од плачење на цртаниот Бамби и од причина: Никаде во шумата не врне само кај Бамби и кај мајка му врне (а тоа капки вода од лисјата на дрвото паѓаат).
Кога сум сама,редовно си пуштам солза на тажни и романтични сцени.Со друштво,ептен ретко,треба ептен да ме трогне нешто. Хачико е исклучок,на тој филм душата си ја истурам,едноставно пресушувам од толку плачење.
Da placam. Posleden film na koj imam placeno e A MOMENT TO REMEMBER koj go nema go gledano go preporacuvam. Mnogu tazen film :/ http://www.youtube.com/watch?v=LFLSwFEiANg
Девојки ај предложете ми некој препремногу тажен филм, сакам да се истурам од плачење. Инаку јас ретко плачам на филмови. Тешко ми е сакам да се изнаплачам. Фала ви однапред Спојлер По можност филмот да не биде од оние романтични лигавења, не допираат тие до мене
Плачев пред некој месец и тоа ми беше прв и последен пат. Плачев на еден филм што го даваа на ТВ и сеуште не му го открив името. :/
Колку пати да го гледам титаник толку пати и ке плачам, плачам на секоја тажна сцена, некој кога ќе умре (многу голема плачка сум)
На филмови не на цртани да (се зезам)не сум плачела на ниеден филм иако сум многу емоционална личност.
Да , вчера го гледав "walk to remember" и заплакав и мајка ми влага у соба и ја така шо е ма ? и она се смее, а денес го глеав The Notebook и пак се расплакав уште ми стојат солзите(среќа што мајка ми е на работа). Луѓе бе многу се тажни ,не ги можам веќе а пак сакам да ги гледам :'( :'( :'(
Обично порано не, ама во последно многу плачам, незнам зоштоо Спојлер и на турскиве почнувам...ццц незнам што ми е