Не сум некоја плачка кога гледам филм ама на „Титаник“ морам да заплачам 100 пати го имам гледано филмот и 100 пати сум заплакала на крајот
Секогаш плачам на романтични филмови Посебен впечаток ми остави Endless Love Филмов не е како другите романтични филмови, имаше добар заплет, и исто така имаше многу повеќе проблеми за разлика од другите типични романтични филмови. Се изнаплакав, многу добар
Да, плачам на филмови многу тажни, Титаник не можев да го догледам до крај многу ми беше тажен се изнаплакав, исто и на романтични што не завршуваат со убав крај.
Незнам дали сте го гледале Armagedon.Научна фантастика е ,али првиот пат кога го гледав,се утепав од плачење...се до 3-от пат.Исто така викаат и The fault in our stars бил претажен филм..Дали некој го гледал.. Дали има тема ,, Филмови '' ?? ако нема може да направиме и да си предложуваме филмчиња,и да кажеме како на некој му се допаднал/не му се допаднал филмот.... и каде да ја направиме темава(во која област)
Во последно време се повеќе ми иде да плачам. Најмногу плачки ма Milion dolar baby направив на времето.
Да, на некои кои имаат тажни сцени, како на пример: Endless love, Dear John, Sister's keeper, Charlie St. Cloud
The Vampire Diaries-епизодата кога умре Кетрин.Цели 40 минути плачев (каково плачење рикав како магарица) како некој близок да умрел и ако ја гледам епизодата пак, ќе биде исто, можеби полошо
Неколку филмови стварно ме имаат растажено. Најмногу имам плачено на The theory of everything. Мнооогу ме допре тој филм, особено тоа што "приказната" е реална. Прекрасен. :') На The pursuit of happyness и Seven pounds исто така многу плачев.