Плачам на "Добра мисија" кога ке им ја направат куќата на луѓе што немале основни услови за живот. И дечињата кога ке се радуваат на детска соба што првпат во животот ке ја имаат. Од среќа се разбира
Вчера стигнав еден филм да гледам, Тома се викаше. Кога му рекоа на Тома дека има тумор и кога тој рече дека не сака да се лечи, сака да пее, му потекоа солзи и мене ме погоди таа сцена. Не дека заплакав, ми потекоа солзи, неможев да ги задржам солзите. На вакви сцени неможам да си ги задржам солзите.
Порано со сигурност ќе речев не плачам на филмови. Како пораснав некогаш си барам глупа причина за плачење, па знам да плачам на филм колку да речам ради тоа било плачењето.
Гледајте го Last Christmas. По ,,тажност" го споредувам со Тома. Ако сте пуштиле солзи на Тома, ќе пуштите и на овој. Башка, Божиќ е.
Не. Не се сеќавам некој филм да ме погодил толку. Ако сум плачела, тоа било поради друга причина што се совпаднала со филмот.
Léon: The Professional Кога бев дете и го гледав прв и втор пат, не се ни сеќавам, ама сега е излишен секој коментар. Филмска уметност за сите времиња, за секого има по нешто во овој филм. Ме порази...
Сега баш изгледав еден филм и се изнаплакав, сфатив дека ми фалело вака добро плачење, уште некој филм да предложите?