на ова клипче чим и на дечко ми му се насолзија очите ( а е тврд орев) значи стварно е претажно за мене нема да коментирам, мислам дека претпоставувате дека сум се истурила од плачење
http://www.youtube.com/watch?v=_DHT8L-A ... re=related најтажното нешто што сум го гледала дефинитивно.
Не сум некоја голема плачка, ама ако ме погоди некој филм, тогаш... Последно филм што длабоко ме трогна беше Hachiko: A dog's story. Го препорачувам на сите што сакаат убаво да си поплачат, а особено на љубителите на човековиот најверен пријател - кучето. Јас богами не можев да се смирам цел саат после филмов...
Јас често си плачам на филчиња.Последното нешто на кое се расплакав беше филмот The Ultimate Gift.Сите што можете обавезно да го погледнете
Хаха...на цртани плачам камоли на некои љубовно-трагични филмчиња Се сеќавам како малечка плачев на песнава од Лавот Крал кога го бркаа синот на Скар http://www.youtube.com/watch?v=Bp_mXkoRzU0
Понекогаш, кога има тажни сцени што ќе ме трогнат обавезно ронам по некоја солза. Некогаш никако не реагирам, а некогаш нешто и да не е тажно плачам Имам плачено на повеќе филмови, пр. " Милионер од предградието" , "Девојките знаат што сакаат" и др., а имам плачено и на цртан, на "Дух - пастувот од Симерон"
Обично не плачам на филмови освен на Титаник-секогаш А ме зачуди што не плачев на Notebook ама затоа на A walk to remember и тоа како.Исто плачев и на Marley and me Плачам и кога сум во друштво зошто не можам да се воздржам ама секогаш ќе се стуткам некако за никој да не примети
''Green Street Hooligans 1'' кога и да го гледам се отепувам oд плачење на крај. Исто и на ''notebook'' пуштив некоја солза.
Плачка невидена сум,а дадат некоја поемотивна сцена одма ми се солзат очите. Па,ако сум во друштво одма морам да се избришам или да се скријам. Ќе ме убијат од зафркавање иначе. Па и со право и на анимирани си плачам.
Толку сум емотивна што дури и на филмови плачам На другите им е смешно и ми се чудат ама што да правам од внатре ми доаѓа
Мене многу ме погодува музиката и ако е некоја тажна сцена ми доаѓа да заплачам.Инаку имам плачено на титаник и на ноутбук!
Последниот што го памтам е Remember me...Тоа беше нешто.... А сигурно имам и на некој друг плачено ама не се сеќавам...