Да....Дору и кога е среќен крајот ми се случува Кога последен пат го гледав Титаник бев сама дома си се изнаплакав...Памтам дека откога заврши филмот целата треперев
Многу голема плачка сум. На секој втор филм што го имам гледано сум плачела. И ако го гледам повеќе пати, повторно и повторно ќе плачам. Најмногу имам плачено на Титаник. Филмот го имам гледано над десет пати, и секогаш морам да се расплачам. И плачам каде и да сум, не ми е гајле дали има луѓе или не. А последен пат на Remember me плачев и тоа онака убаво си се олеснив.
Си плачам Кога некој филм стварно ќе ме погоди, солзите сами течат од мене... Ми се има случувано да плачам и на книга, ама тоа сега не е тема... Инаку, секогаш кога го гледам Прошетка за паметење (A Walk To Remember) обавезно плачам на три моменти од филмот!
Титаник секогаш успева да ме расплаче, да ме погоди. Ми доаѓа да плачам на секоја љубовна сцена што ќе ме погоди, ама само кога сама гледам филм.
Плачам на се буквално. Филмчиња било сама да гледам било во друштво липтам. Плачам и на Се за љубов кога гледам . Последен пат кога бев на лекар у државна и имаше телевизор и таа емисија пуштена отсабалје реприза. Ко шо чекав пола саат да ми земат крв, се изнаплакав !
До сега сум плачела само на Титаник и на Девојчето од Харвард (Homeless to Harward),на други филмови не..во принцип не сум некоја голема плачка,мора да е многу емотивен за да заплачам
Голема плачка сум Си плачев на The green mile, A walk to remember, Titanic, Keith, Marley & Me, Tristan & Izolde, If only, Fluke, Remember me,Brave heart, I'm Sam, Troy (кога го убија Хектор ) и уште на мноооогу мноооогу други.
Леле, темава баш за мене. Не да плачам, се убивам. Ако видам некој во филмот дека плаче, одма и јас друштво да му правам.
редовно на романтични комедиии си плачам......дечко ми стално ми се смее а некогаш и него го гледам како шмрка липа само секогаш не ми признава.
да како плачка некоја... лигла... дури и на CSI MIAMI си плачам понекогаш кога ќе умре некој...бог да чува... а недај боже да имам добиено, тогаш и на комедии плачам
Не, не плачам т.е ретко. Неможам а да не заплачам на филмови од типот на Notebook, A walk to remember, Titanik
дааа .. некои жални филмчиња ептен ме расплачуват .. плачам и на филмови и серии .. многу пати заплачав и на ангели е сега на ангели кога плачам, што останало за тие тажните .. многу емотивна, некако се соживувам со филмот абе плачка сум си, нема што тука