Многу, се убивам од плачење, не знам некогаш ми се иде да пукнам зашто сум толку лакомислена да плачам толку многу за филм, ај во ред и да се расплачеш ама моево е ептен крајност. Ми се има десено да не излезам за филм, а имам и излегувано со подочници до носот и со шминка растечена, значи вистинска катастрофа.
На филмови плачам редовно, хаха, кога од нервоза не дозволувам да си заплачам на филмови си плачам и за тоа )))) Како издувен вентил ми е, си олеснувам за се во тие моменти Само внимавам секогаш да сум сама кога за гледање има некои љубовни драми
Охоооооооо... на се плачам Во последно време плачам и на Кога лисјата паѓаат.А не гледав вакви нешта. Е сега и на Nothebook, A walk to remeber, I'm Sam, John Q, Dear John, Titanik, Пијанист, na crtani kako Brother bear, na Sve za ljubav и на уште милион нешта. Ама дефинитивно најмногу плачам, кога и да го гледам, па и 50 да е на Животот е убав со Бенини. И тоа уште се среќни овие јас знам како ќе заврши па си почнувам И тоа наизменично се смеам и плачам, прекрасен филм, ако некој го нема гледано одмаааа да го најди,иако се сомневам дека има такви
Јас се убивам од плачење, и на тажно и на среќно. Незнам можда има некој сериозен проблем со мене хахахахахах да не почнам да набројувам на кои се филмови имам плачено!! хахах Последно на Кога лисјата паѓаат.
Знам да заплачам на филмчиња ама само кога сум сама Инаку ми е срам Во последно време многу ме растажува Кога лисјата паѓаат
Последен пат пред некој ден преееееееемногу плачев на Message in a bottle !! Значи незнам филмот е нешто прејако !!
Плачам да,посебно ако се некои претужни.. На титаник 100 пати да го гледам, 100 пати ке плачам стварно ми е трагичен филмот,крајот особено..
Секогаш плачам на филмови. Титаник да го гледам милион пати - милион пати ќе плачам. Исто и филмовите според книгите на Николас Спаркс. Во главно, плачам на секој филм што е барем малку тажен.
охооо, не да плачам, ако нешто си поврзам уште и со себе, знам и на комедија да се расплачам, плачам на френдс, плачам навовед во анатомија, на госип грл... и на секое тажно делче во било кој филм
Си плачам да! Ако ме погоди некој филм,ако се пронајдам во некоја сцена,изјава на лик,особина си пуштам солза.И да,си плачам и на "Кога лисјата паѓаат", има стварно трогателни моменти.
Доколку сум сама си плачам и кога ке заврше филмот јас уште си плачам ама се излеснувам за се и после сум си како нова
Мене ми се случи тоа пред две вечери кога го гледав Last song ем за филмот, ем за два дена шо бев нервозна треба д иглеаме у блиска иднина некое филмчее
Плачам на филмови како Notebook, Titanic и сл. бидејќи се ставам на место на некој лик, како јас би се чувствувала ако тоа ми се деси или поради тоа што ми се има десено некоја слична случка, ситуација...