Скоро на секој филм што има тажен крај. А најмногу палечев на The notebook дури пола саат откако заврши не можев да престанам, не верував дека и тоа ќе ми се случи хихих
Обично не плачам на филмови... Но, секогаш има исклучок. Плачев на Sweet November, City od angels и на Indecent Proposal... Мислам дека на овие 3 филма секогаш ќе пуштам по некоја солза или ќе ми се згрчи душата.
Ех па нема да е интересно ако не се расплачам на некоја тажна или премногу среќна сцена. Плачам понекогаш и на онаа Све за љубав
Плачка сум ептен многу Речиси на секоја епизода на Grey's Anatomy на филмови со кучиња, филмови со семејно насилство, поретко на романтики ама можно е
Само на еден филм ми се има десено да плачам од почеток па се до крај на филмот и тоа не само јас а и дечко ми. Филмот се вика I AM SAM и е просто уникатен. Според мене ова е најдобра улога што Sean Penn ја има изиграно.
па.. да.. знам да си заплачам .. ама ако гледам сама! Може кога гледам со некој не се внесувам многу во филмот и не плачам..а сама ехее...
Љељееее (што би рекла братучетками..) Темава само за мене! Значи јас сум голема лигла и на секоја тажна сцена мене ми паѓа по некоја солзичка.. Само ако не сум загледана во него не плачам.. а вака кога ќе загледам.. Па кога ќе има тажен крај.. Па кога ќе почнам јас под ќебе да липам..Па да ми течат солзи..
Порано не плачев ич, ама во последно време незнам што ми се дешава само плачам. Многу поемотивна сум.
И јас плачам ако има и други членови на фамилијата у дневна тогаш само очите ги насолзувам онака ептен во тие моменти, а ако сум сама и нос и очи и цела ке се исплачам...