не видов ваква тема па сакав да ве прашам за совет....моето дете сега има веке 5 години инаку постојано го чуваше мајками бидејки имаше детска асма а во моментов живееме во нова куќа со мојот сопруг...не биолочки татко бидејќи таткото на син ми е починат.......сопругот со него се однесува доста коректно и син ми многу го сака но секогас кога ќе дојди време да одам на работа плаче леле мајко......се убедуваме се поткупуваме...ама не и не...(истот го правеше и кога живеевме кај мајками)знаци не е до никој друг освен до самото дете.....малку си е и инаетчија.....ке вети нешто ама никако да исполни....ако има некој искусен овде со ваков проблем ќе ве молам за помош.....
плаче кога одам на работа... Многу деца го прават тоа, тешко им е да се оделат од родителите. Штом не сака да седи дома, прати го во градинка, таму ке се поосамостали и ќе се навикне подолго време во текот на денот да е без тебе, па мислам дека подоцна нема да има проблеми кога ќе треба да одиш на работа а тој да остане дома.
плаче кога одам на работа... убаво рече блабла16 градинката му е лекот таму одма ќе го смират знам ќерка ми кога ја носам децата се утепуваат од плачење се додека не се затвори вратата и после додека мајката излегла на паркинг детето престанало и ќе се одвикне полека полека после па ќе ти плаче за градинка
Лелеле и јас истото го правев. Кога ќе ми текне само. Но само тато кога одеше на работа,бидејќи мама седеше со мене. И секогаш плачев,абе невидено плачење.И многу пати тато знаеше да не појде на работа поради тоа мое плачење. А за ова детенцево твое пробај разговарајте некако со него,пошто мене ме убедија да не плачам само со разговор и самата незнам како,или пак краен случај носете го в градника
Извини што малце ке те искритикувам тебе, јас не сум мајка, меѓутоа имам и помала сестра, и братучеди, абе куќата ни е полна со деца.. Имав прилика да ја израснам мојата помала сестричка која е патем 4 годинки.. Една од работите, треба да поставиш ултиматум, дека не смее се да добива со плачење, дека не може се да му се одобри или секое негово однесување да се прифати со плачење.. Тоа е твојата грешка, знам и од сестра ми, колку е разгалена тоа е чудо невидено, никого не слуша, ништо не сака да прифати,.. И поткупувањето ти е голема грешка, но се додека се прави со мерка, а како што читам постојано го правиш.. Нека знае дека има правила и дека се важни тие правила.. Не ги менувај правилата, од ден на ден, ако му речеш дека нема да го кренеш додека не престане да плаче ке си го знае тоа и за друг пат па ај да видиме дали ке плаче.. Ама не послем да ти падне жал па ај денес ке го кренам па утре пак ке му го кажам истото.. Ако ги прекршуваш ти повише правилата, и тоа ке сака да го прави тоа почесто.. Дете од мало се учи..
Ќерка ми не е размазена, и имаме кажано дека со плачење ништо не се постигнува и добива, ама пак е премногу приврзана за мене и е многу емотивна. Скоро секој ден ми вика да не одам повеќе на работа, да си седиме заедно дома, а мм да работи за нас. И имам повеќе пати објаснето дека така не е во ред, дека и мама и тато мора да работат, но таа уште плаче по мене доколку ме види дека се спремам за на работа. Еве на пример сабајлево, јас во купатило се спремам, беше многу рано околу 6 часот, таа стана и почна да ме бара низ дома, застана пред вратата на купатилото и ме чекаше да излезам. Очите полни со солзи, ме молеше да не ја оставам некако ја презаспав и излегов. мм ми кажа дека пак станала откако сум излегла и пак ме барала низ дома. Не е многу мала, има 3.5 години, можам да и објаснам дека мора да одам на работа, ама секој ден е иста песна - мисли дека ќе ја оставам. А никогаш не ми се случило да ја заборавам и да ја земам последна од градинка, балет и сл. Не знам што да права, дали и е некоја фаза, или пак ќе треба повеќе да ги ангажирам бабите за викенд да ја земаат, ако многу сакам викендите да си ги поминуваме сите тројца заедно, без баби и дедовци.
^ Ние ја ,,легавме,, таа фаза ама беше многу мал. Мислам дека голема грешка правиш со тоа што и се криеш и излегуваш (секогаш на излегување ако е будна гушни ја и бакни ја и кажи и дека за брзо време ќе сработиш на работа. Нив времето низ игра им брзо лета ). Таа е веќе голема и конта многу работи. Почесто објаснувај и дека мораш да одиш на работа за да земеш парички и неа да и купиш облека, играчки, јадење...а ако задоцниш директорот ќе те кара и казни (на нас казна ни беше казна - затвор и така на овој начин го надминавме тоа ). Зборувај дека ја сакаш највеќе на свет и ако биде добра после работа кога ќе земеш парички ќе и ја купиш најубавата бомбона, чоколадо и сл. - некоја ситница по која се лаже. Не често ама така понекогаш јажи ја со некои ситници. Бидејќи е женско играјте заедно како се чуваат ,,кукли,, - деца па раснат па одат на работа па купуваат јадење на другите кукли - деца.... Сигурно и тоа што не е делена од тебе си го прави своето а и тоа дека не оди во градинка или оди?
^ Се согласувам со славица, само ќе додадам - НИКАКО не ја одделувај од вас со носење кај бабите и дедовците. Поминувајте колку можете повеќе време заедно, а времето за одење на работа нека биде бескомпромисно, зошто преку вас ќе научи за одговорен однос кон работата понатаму во животот.
Фала ви многу и на двете за советите Оди во градинка, сака да оди во градинка ама има денови кога сакала да седи дома со мене. Скоро две години не работев и јас си ја чував, но и во тој период таа одеше во градинка. Кога беше помала не го правеше ова, иако беше многу приврзана за мене. Не знам што и стана сега, сакала татко и да оди на две места да работи за јас да сум била дома со неа. И мора да кажам дека ова не е секој ден, но во последно време почесто се случува да се разбуди кога се спремам. А тоа е стварно многу рано, пред 6 часот. Мора да се кријам, затоа што е навистина многу рано и не сакам толку рано да станува, после цел ден ќе биде заникаде. Некогаш кога е многу изморена, не ме осеќа дека искачам. Ми се допадна ова со игриве, со кукли како одат на работа и сл. - ќе пробам денес да и воведам таква игра. А ова за паричките, дека мама мора да оди на работа за да земе парички и да и купи нешто, малава итрица моја ми вика - Немој мамо да одиш, не ти требаат парички, а ако ти затребаат земи од мојата касичка срцка моја!!!
Мое мислење е дека ти се буди БАШ затоа што и` се искрадуваш од дома....таа во сон те мисли, да не и` избегаш, па се буди да провери дали си тука. Не и` бегај воопшто, подобро е да ја оставиш како што треба - со бакнеш и објаснување, макар плачела, отколку вака да се стресира потсвесно. Кога ќе знае дека си го одржуваш ветувањето - одиш и се враќаш, како што и` велиш, ќе престане да се буди за да не те „пропушти“. Јас така направив (и се` уште правам) иако мојата е помала, 20 месеци има, ама многу добро знае дека за работа нема компромиси, и не дека не плачела порано (иако и сега знае да закенка, чисто да провери дали ќе и` „помине“), ама сега ми вели Таооо и си продолжува со мајка ми со читање/играње.
па ,,работи,, ја вешто - а кога ќе ги потрошиме од касичката??? Душа мала, фаза и е, ќе помине штом оди во градинка. Ние нон стоп возевме авта од дома до градинка до работа, па полневме бензин кој го плаќавме со пари, па успат пазаревме овошје и зеленчук во ,,големата продавница,,.... Спојлер Кога не сакаше да оди само го оставав во градинка, кажував ,,Чао,, и вртев грб. Срцето ми се корнеше ама не се обрнав никогаш. Имав и соработка од учителките...
Темава ме потсети како мала, уште се сеќавам на деновите кога одев во градинка и не ја пуштав мајка ми да мрдне од ограда, прозорот ми гледаше накај нејзе, а она кутрата игра игри на телефон... Јас незнам ама брат ми многу ама многу плачеше кога одеше мајка ми на работа.Сеа фала богу поголем е , сваќа...
Леле како пишти наутро кога ќе го оставам кај свекрва ми и одам на работа. Плачење, солзи, влечење за нога...Хорори преживувам некое утро. Се почесто почнав да доцнам на работа поради ова негово будење. Порано си спиеше кога го преместував, ама сега се буди. Релативно рано излегувам за на работа (5:30-6) па да го будам и да го заиграва свекрва ми, мислам дека е рано. Совет како да го надминеме ова плачење по мене? Да го оставам таму да спие-не може. Инаку кога сум јас дома, постојано е припиен за мене, ако ме снема од радарот веднаш плаче на сет глас, а кога знае дека ме нема дома (откако детално ќе ја прегледа цела куќа) си седи мирен со баба му и дедо му. Совети?
^ А зошто свекрва ти не доаѓа кај вас дома да го чува? Така ќе спие до кога сака без да го будиш, и кога ќе се разбуди ќе си е на свој терен.... Иначе јас многу кратко време имав ваков проблем, ама НИКОГАШ не и` се искрадував на малата. Секогаш ја бацував и и` кажував дека морам да одам на работа, дека ќе се вратам во 17 (не дека нешто и` менуваше ) , и секогаш кога ќе влезев дома и` велев „Ете, ти кажав дека ќе вратам и ете ме пак “. И така, се научи многу брзо....мада и јас никогаш не и` дадов опција дека ако плаче може и ќе останам дома.
Блонд навистина зошто не ја поивикаш свкрвати кај вас да доаѓа да го чува, добро кажа Миора ем кога ќе се разбуди ќе си е на свој терен, ем ти нема секојдневно да се бориш со ова ситуација и мирно ќе си одиш на работа.
^ Бидејќи сме во една куќа, различни спратови и нејзе и е полесно кога доле го носам кај неа, бидејќи така додека тој спие, таа си завршува некои обврски по дома. А ако таа се качува кај нас, нема да може да си заврши она што си го наумила.
ЗНАМ дека нема така да биде. Ќе го остава да спие горе и ќе го проверува на пола час дали е станат. Во ова сум сигурна...