Па нека остави работата на кратко и нека се качи кај вас, додека малиот спие. А овој хорор што и двајцата (ти и детето) го преживувате секој ден на неа нормален ли и е? Јас би и рекла да се качи кај мене, а после нека се симнат доле откако детето ќе стане. Објасни и убаво колку ти е тешко и на тебе, а и на детето секое утро.
ве читам мамички и се секавам како ни беше на нас кога мајка ми одеше на работа-во живот немаме плачено за тато да не оди на работа иако бев од секогаш мамина маза и секако маза на баба(мајката на татко ми), не се секавам дека сум плачела за да остане дома, а брат ми ептен беше тежок за наговарање кога требаше да оди во градинка-после дознавме што била причината, а зимно време беше повеке дома отколку во градинка-главен виновник беа крајниците. незнам што би правела кога еден ден би морала мое дете да го оставам 8 часа за да работам-најверојатно би го земала со мене
можеш да го пратиш во јасли , јас сум одела во градинка со 13 месеци мајками морала да почне на работа .... Јас се мислам дали со 3 полни или па на 2 да ја пуштам ...
Во јасли земаат бебуши со наполнети 9 месеци. Моето го дадов во градинка на 1 год. и 2 мес. Спојлер (баба не можеше да излезе на крај со штрајк со глад од негова страна додека не се вратам од раб. во 16 часот)
мојата мома од 8,5 месеци е во јасли а инаку од 9 месеци земаат ние малку порано почнавме ама не примија и така
И јас кога бев 4-5 години плачев кога мама ќе одеше на работа. Не знам зошто. Не дека не сакав да бидам со баба ми, но едноставно не сакав мама да оди на работа...Подоцна тргнав на училиште и така заврши се. Можеш да се обидеш да поминуваш повеќе време со него пред или после одењето на работа.