Јас сфакам дека вие си сакате да си завршите со предметот ама муабети од типот абе подмитена е,не сака да ви врши работа и слично многу ме лутат...еве јас ќе ви кажам на моја гледна точка видејќи работам во нотарска канцеларија.Нотарот со тоа што ви го бара тој документ си се штити и вас и самиот себе..тој не може да му даде дел од оставина или прогласи некого за наследник без документи со кој се докажува дека тоа и тоа лице е тоа што се прикажува..ако оставителот има деца се бараат изводи на раѓање, ако има ќерки бара најчесто венчаници зошто после мажење обично си го менуваа презимето,имотни листови за имотот кој го поседува, изводи од банки за ако има пари и слично..за се то требаат писмени докази дека тоа е така...така и во случајов, тој не е видовит затоа него му треба доказ дека тоа лице е тоа што се прикажува...ако синот имал друго презиме мора да постои доказ,стар извод, решение за промена на презиме од суд од друга институција,распрашај те се која институција може да ви издаде таков документ...нотарот не смее да расправа без доказот..зошто ако расправа без доказот ќе треба сопругата на починатиот син да наследи ама врз основа на што таа би наследила...се јавува проблем..ако еден ден на нотарот му помини контрола ќе му рече како си ја прогласил за наследник без правно валидент документ..од друга страна ако реши да не ја прогласи да речи вие не ми доставивте документи и да си продолжи да си расправа прак проблеми за вас зошто нема секој да си го добие делот кој му следува.... Ќе се распрашате по институциите и мора некаков документ да се најде или консултирајте се со адвокат знам тие прават изјави до двајца сведоци дека тоа и тоа лице во меѓувреме го променило презимето и е исто со тоа и тоа лице или некаква друга изјава ако неможе да се најде правновалиден документ Не е нотарот крив во ситуацијава бидејќи си се штити и сам себе..тој може да ја расправа оставинава ама после некој ке поднесе приговор зошто снаата доби зошто така вака и ќе се влечкате по судови
Сакам и јас да споделам нешто во врска со оставинската и за нотарот кој ми беше доделен. Пошто татко ми почина набрзина,без да бидам свесна дека веќе го губам,дојде време со мајка ми да правиме оставинска.Се договоривме се што имаше татко ми да се префрли на мое име,пошто бев единица,а спрема годините на мајка ми да не правам после уште една оставинска.И така беше Без да знам дека тато ми има два имотни листови,јас кај нотарот приложив еден имотен лист за куќата. Место нотарот да ме праша,дали куќата виси во воздух и да ми каже дека ми го нема имотниот за дворот,не тој ми ја преведе само куќата и тоа за награда од 12.000 ден. Дојде ден кога требаше да правам уште една оставинска,а мајка ми беше веќе почината,која и таа ме кошташе околу 11.000 ден. Тоа се се случуваше од 2008 до 2011 кога мојте починаа Сега повторно имам проблем со гробот на баба ми кој се води сеуште на татко ми,и неможе само името да се промени него морам повторно да одам на нотар,повторно да плаќам,само незнам колку.... Да не знае некој колку се плаќа?
Од ова произлегува дека нотарот несовесно постапил во вршење на функцијата како повереник на судот, душо требало да превземеш потребни мерки против нотарот конкретно да се обратиш до претседателот на основниот суд на чие подрачје делува нотарот, со наводи за несовесно вршење на поверената должност, а и самата награда е определена премногу високо, прашање е дали е тоа основано ...
Изгледа дека помина тоа да се жалам,пошто последната оставинска ја правев 2011 год.а првата која беше спорна во 2008 год. Ова последното ми е побитно,дали АД.Бутел,може да го смени името,или мора да се оди на нотар,и ќе морам да платам 3000 ден.за имотен лист.
Татко ми и мајкаму негова имаа потпишано договор за доживотна издршка , мајка му почина . Дали сега татко ми треба да поведе оставинска постапка со што ке се викнат и другите брака и сестри ,за да си го преведе на негово име?
да..треба да состави смртовница некој во матично одделение..од матично по службена должност ја праќаат смртовницата во судот кој потоа го распоредува предметот кај нотар..потоа нотарот ќе ги повика сите наследници или со покана или можно е по телефон ако успеат да договорат термин и потоа татко ти кај нотарот ќе си го приложи договорот за доживотна издршка и нотарот ќе си донесе решение
да но во матичното е наведено дека немат имот , и сакаме да поведиме предлог барање за оставинска постапка
anakonda imotot opfaten so dogovorot ne vleguva vo ostavinska masa, toj direktno se preveduva na ime na davatelot na izdrska po smrtta, ako nema drug imot koj ne e opfaten so dogovorot nema da se sproveduva ostavinska poradi nepostoenje na imot.
Мила, ќе си се консултираш со адвокат за начинот на постапување на нотарот. Доколку постојат неправилности во неговата работа, ќе побараш нотарот да ти изготви барање за утрврдување на неправилности при извршување или повторно ќе пишеш тука можам и јас да ти го подготвам. Потоа со тоа барање ќе одиш во Основен суд Скопје II Скопје на шалтер 1 да ти стават приемен печат а потоа на шалтер 3 ( тоа се шалтерите лево кога ќе влезеш во холот). Иначе за износот кој се плаќа за оставина најчесто е истресен од ракав, еве зошто... Јас пред неколку месеци правев оставина за на татко ми имотот (куќа, кола и 15тина плацеви) и ми наплатија 11000 денари. Другарка моја исто пред кратко време правеше оставина за исмотот на мајка и (кола и куќа) и плати 12000 денари. Нотарот, за време на постапката, одкако ти го прочитал целиот имот што треба да се дели т.е. наследи,те прашал за мислење за вредноста на целокуното наследство. Тоа обавезно го прашуваат. И ти нормално ќе лупнеш од ракав некој износ и они според тоа ти одредуваат колку ќе те чини оставината. Само тоа е нож со две острици. Ако нешто не тие јасно или имаш некое прашање слободно пиши ми, ќе ти објаснам подетално
И заборвив да ти го кажам најважното.... Сега одкако имаш оставината, мораш да ја спроведеш односно да платиш данок на земјиштето/куќата доколку не е платено па потоа тек да можете во катастар да си извадите нови имотни листови кои ќе гласат на наследниците.... малку е заебано... јас со месеци се бафтам со ова
Од срце ти благодарам,ама мојата оставинска заврши 2011 год.се е пријавено и,имотните листови ги земам на мое име. Во тие моменти ми беше важно само да се заврши се тоа,а колку пари земал,тоа само на негова совест нека му биде Ќе те имам во предвид ако нешто не ми е јасно,и ако (недај Боже) имам,мака Поздрав
Не е точно. Сепак ќе се спроведе оставинска. Ќе се приложи договорот. Наследниците ќе бидат прашани дали го оспоруваат договорот. Ако го оспоруваат нотарот ги упатува на спор. Ако не тогаш целиот имот што е опфатен во договорот ќе му припадне на издржувачот. Ако има останат имот тој ќе се спроведе како и обично - нотарот ќе ги прашува дали се прифаќаат за наследник.
тоа нешто е одамна променето затоа што се коси со суштината на договорот за доживотна издршка, распрашајте се подетално и консултирајте соодветна правна литература
Значи луѓе ти кажуваме како е во пракса, таа пак се фаќа за истото..можеби во теорија пишува така во пракса се применува како што кажа @Anon..нема потреба од повторување на истото..секој ден го работам ова и неможеш со било каква статија да ми докажеш дека тоа не е така..и крај..не сме тука да се косиме со секое мислење ама кога некој што се среќава секој ден со тоа ти важува дека е бело нема потреба да се силиш да се докажиш дека е црно...те молам не ми реплицирај нема потреба за беспотребни оффтопици и кавги...ние ти кажуваме како е, ти мисли си како сакаш
Го прочитав правното мислење и ништо тука не се контраше со тоа што јас го кажувам. Да не си ставила линк до погрешен документ? Во ова се збореше како се постапува во оставинска постпака со имотот за кој се води постапка за денационализација. Не знам зашто мислиш дека е променето. Дај покажи документи и ќе прочитаме, литература што и да е. Јас работам кај нотар и ја знам постапката зашто ја гледам секој ден. @doubleinfinity И ти да не работиш кај нотар?
хаха абе можам јас да замислам што и како ТИ работиш и каков пион изиграваш таму кај што работиш, ако се зафати човек да ве истражува и да ве оспорува зрели сте за дисциплинска и материјална одговорност, како што многу имам видено, па каква суштина бре има договорот и неговата правна природа ако ЗАВИСИ ОД МИСЛЕЊЕ НА НЕКОЈ ПОТЕНЦИЈАЛЕН НАСЛЕДНИК, тоа би било во директна спротивност со неговата суштина смисла и значење, кој потенцијален наследник нема да оспори договор макар и без никаква издржана причина се со цел постапката да се прекине и да се води долга парница, а давателот да не може да стане сопственик.