Да, јас плаќам ЕВН, Телекабел и ВИП. Може и на туѓо име, само треба да внесеш точен број на сметка, броило, фактура.
Значи мора да ја добиеш сметката дома, па тогаш да ја платиш. Инаку, нема да знаеш точен број на фактура.
Не, не мора физички да ја добиеш сметката. На сите овие страни имам профили, и штом излезат сметките ги плаќам онлајн. Број на фактурата се внесува само на Вип, а тој број го дознаваме со праќање на бесплатна порака на Вип.
А вип има и апликација преку која се плаќа. Така да ни тоа не ти треба Јас преку апликацијата си плаќам.. дури и не ми стига дома хартиена сметка.. Инаку гледам колку е можно повеќе електронски да ги плаќам сметките.. тоа чекање по банки ме нервира.. @Tanjamm
Не знаев за апликацијата, веднаш ќе ја симнам. Мене само сметките за вода ме нервираат, они не се плаќаат онлајн
За Скопје знам, другиве градови не знам. Ич не ни помислив дека во другиве градови е различно (плавуша бе)
Сите ги плаќам онлајн. Немам нерви, а ни време да се мафтам по банки. ЕВН, БЕГ, Водовод, Телекабел, Вип - туто комплето се.
Извадете си токен од банка и плаќајте ги сметките од едно место сите, не мора пријавување и лозинки на повеќе профили. Јас и налози плаќам на овој начин. Провизија е само 9ден на налогчињата без разлика на сумата, а на сметките бесплатно. Се преродив, нема чекање ред во банка или во пошта. Повеќе од 8год плаќам на овој начин сметки, уште кога немаше токен туку цедиња за електронско банкарство
На play store симни ја . Ја отвараш на почеток на месец и ја плаќаш. Не ми стига смс( дека ја плаќам одма на почеток на месец), ниту на домашна адреса. Евентуално ако заборавам ми стига смс дека не ми е платена до кој датум треба да ја платам. Иначе ептен е прегледна, се гледа колку имаш за трошење, колку си потрошила, на што си потрошила, повици,пораки буквално извештај од све.