Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Плаќање на сметки електронски

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tanjamm, 26 февруари 2019.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.500
    Допаѓања:
    201.477
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека е исфилувано. Татко ми има 72 години, со компјутер работи одлично. Дури и музика прави и аранжира со посебни програми, хоби му е тоа. Самиот дигитализира лични снимки кои ги префрли пак самиот на компјутер. На работа не користеше компјутер, се што знае, самиот го научи. И да, одамна, ептен одамна плаќа сметки по електронски пат. Не е до возраста, туку до човекот е. Има луѓе што не сакаат да учат ништо на 25 години и се мрзливи, па затоа не знаат да работат со компјутери, а има луѓе што до последен здив учат. Ништо не е тешко ако се сака.

    Инаку да, плаќаме сметки по електронски пат. Се што можеме плаќаме на тој начин.
     
    Последна измена: 28 февруари 2019
    На sparklie, Antolinaa, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И јас сум видела пензионери на кои им станало хоби работа со компјутери од кога се пензионирале, па си имаат свои работилници и лаборатории, си градат компјутери, местат, разместуваат, преместуваат. И нормално, работат сешто на компјутер.
    Не е до возраста, до незаинтересираност е.
     
    На Antolinaa, Doozy, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.581
    Допаѓања:
    34.964
    Пол:
    Женски
    Очигледно кругот на познаници ти е со дискутабилна интелигенција :?:
    Маж ми има 46, знаеш од кога користи компјутер? Од 80 и некоја. Тогаш ти најверојатно не си била родена.
     
    На baguf4e, Antolinaa, Bibi30 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    46 ли била границата?
    Татко ми е 50+, од него ми е љубовта за компјутерите, колку работи ме научи, ехехеееее...
     
    На Antolinaa, Doozy, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам со @DAngel, не е ниту до професијата, ниту до возраста, туку до самата заинтересираност. Пр. Работата на татко ми нема никава поврзаност со компјутеризација, па еве го, 50-тина години, работи на компјутер и седи на Интернет како и сите ние :)
     
    На Antolinaa, Doozy, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Сум била родена :)
    Само од кога интелегенција се гледа од познавање на технологија?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    33.607
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 знчачи не била само мајка ми и други имало постари .Ова 45 уште малку сестра ми ќе ја фати.А таа нема нешто што не знае на компјутер , а не и е работата поврзана со компјутер.
    Таа нарачуваше веш од Викторија уште пред 10 години.
    Сигурно си накај 20 години па 45 веќе ти се престари:D
     
    На Antolinaa, An-na и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    32 сум :)
    И многу помали од мене знам што не се снаоѓаат баш и поима немаат дека постои електронско банкатство.
    И сите што си кажавте дека постојат и некои што се разбираат од комјутери не го исклучува фактот дека и јас познавам луѓе што не знаат така да не знам што сакате да ме убедите и ми реплицирате цело време :rofl:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Точно. Има секакви пример. Моја другарка на 36 години едвај научи електронско банкарство, за да не трча на банкомат, а при тоа да нема пари на сметка. Откако направи профил, не знаеше да провери од каде и се стигнати парите, кој ги пуштил. Никој учен не се родил, сите учиме по потреба.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 Никој не те убедува, само од наша лична околина ти посочуваме примери за луѓе што се над 45 и умеат со компјутери, бидејќи рече не познаваш никој таков и во смисол членката што ја спомна мајка и од 70 години рече дека филува, а такви луѓе постојат т.е не се митски суштества.
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 многу погрешна перцепција имаш за луѓето од 45+ години. Моите родители се 50+ и работат на компјутер. Професијата им налага да користат компјутер, но ние дома имаме компјутер уште од кога мониторите беа бели а куќиштата легнати т.е. хоризонтално поставени, па се запознаени со чудото уште ехехеее. Дома уште имам флопи. Дури првото глувче ни беше со топче одоздола, ласерските ги измислија многу подоцна.
    Понатаму, луѓе од моја блиска околина, пример тетин ми, тетка ми, свекрва ми, сите знаат да користат компјутер, а го користат за нивна лична потреба. Свекор ми не знае да користи но затоа што не го интересира и воопшто не сака да се обиде да научи.
     
    На NarCis@, Antolinaa, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Јас реков дека не познавам таков во мојата околина, а не дека не постојат, а и за филувањево е точно и сум сигурна, на форумов едно закличив дека секој се труди да остави впечаток дека е најпаметен, најуспешен и неговите родители се се нај нај и се знат и се околу нив е пергфектно и не познааваат луѓе кои не се разбираат во електронско банкарсво итн. Не се сомневам дека некои имаат научено основни работи ама за тука се испишаа работи како божем луѓево над 70 спејс шатал уште да рекоа дека можат да направат.
    Невер мајнд.
    @Rebecca_R ако си ми ги прочитала мислењата предходно ќе видиш дека не ги ставам во ист ќош само тие над 45, туку и многу помлади и од мене и исто ќе видеше дека мин на две места напоменав дека тука се исклучени луѓето што професијата им налага, како што имаш пишано за своите.
     
    На JoanaS, zuto и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Првиот пост ти беше за 45 годишни, а со оглед на тоа што догодина и јас ќе направам, ми дојде смешно. Верувај повеќе знам да работам на компјутер од тебе.
    Другите феминки се обидоа со примери да ти објаснат дека границата на возраст ти е лошо поставена - 45 (и 50) годишните биле деца кога првите компјутери за лична употреба се појавиле кај нас, и секако тоа "чудо" ги заинтересирало. Уште на комодоре игравме игрици. 45 и 50-годишните беа баш во години кога учиш што е ново и кога се појави интернетот, и електронската пошта, и се генерации кои ги поставија и основите на информатичка технологија во фирмите кај нас.
    Затоа прифати дека возраста не е битна дали знаеш или не да работиш со компјутер, туку потребата, желбата, афинитетите и ред други работи.
     
    На Antolinaa, Milan93, Animali и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.162
    Допаѓања:
    168.960
    Пол:
    Женски
    Jas mislam nema vrska intelegencijata , nitu pa vozrasta.
    Mm ne znae ni FB da si go otvori. Plakjanje preku net mislam deka ni vo sledniot zivot nema da se osudi da proba.
    Na kompjiter znae samo moj termin da si otvori i tolku.
    Skoro nauci i na you tube da si bara emisii.
    Majka mi i tatko mi se isto 60+. Imaat kompjuter . Ama osven na skajp da krenat ako im zvonam drugo ne znaat. Probav da im objasnam kako funkcionira fb ,slozeno im se vide ,batalija.
    Nitu niv ne gi smetam za ludje so nizok stepen na intelegencija .
    Licno jas mozebi ,ama mozebi duri posle 10 god bi se obidela da naucam da si poracuvam od stranstvo preku net

    Ne naglasiv
    Prviot kompjiter mi go kupija dalecnata 97 god . Koga se zapisav na fax.
    Uste go cuvam monitorot
     
    Последна измена: 1 март 2019
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Ако тебе ти одговара да го читаш само мојот прв пост за да се расправаш со мене тоа е друго. И првиот пост беше друго, тоа е втор каде викам дека ЈАС не познавам човек над 45години што знае да работи со комјутер.
    А ти си сфаќаш како сакаш и како ти одговара.
    И прашав еднаш каде што се изглупира една членка и ја снема после тоа - како тоа интелегентен човек препознавате по тоа ако се разбира во технологија? Чекам два дена одговор, ја свитка опашката ја снема. Јасно ми е.
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Што и се фрливте на @ocicka2014
    Еве и мајка ми не знае да користи смарт телефон, јас со татко ми потрошивме 2часа да и објасниме дека е едноставно ама џабе. Мајка ми со нејзините 66 години само пред 1 година играше карти на компјутер, друго ништо.
    Додека татко ми врвно работи, и додека работеше јас од мали нозе научив да користам компјутер а потоа останатото во школо го усовршив.
     
    На cresa-jagoda и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  17. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Машки
    Плаќам и јас веќе десетина години и навистина жива згода е си седиш дома релакс и си плаќаш. И настојувам што повеќе и со картица по продавници да плажам и јас и сопругата така да кеш во џеб многу малку се врти.
    И не е до годините туку до заинтересираноста и љубовта кон електрониката некој повеќе го влече некој помалку. И јас сум во тие над 45+ и годините навистина немаат врска околу познавање или непознавање на управување со електронски апарати и користење на програмите во нив. Плаќањето електронски е нешто од попростите програмчиња за ракување така да оној кој сака лесно ќе научи без разлиа на возраста
     
    На Animali, Doozy и darcy им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    има многу луѓе кои не знаат да работат со компјутер.
    Како што стануваме пензионерска нација, мнозинството ќе испадне дека се компјутерски неписмени.

    Не би ја ставила границата на 45, погоре би...
    Ама има.. за жал.
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Моите се 45+ и 50+ и работат на компјутер. Дедо ми, Бог да го прости, на 70+ без проблем можеше да се снајде.

    Ама не ме чуди и ова што го кажуваат некои, дека имало луѓе што не знаат... верувам дека не знаат.

    Не дека не знаат, нејќат да научат. Се' што е ново и непознато е страшно кај нас. И не е до годините, до мајндсетот е. А не апе технологијава, реално. :) Баш заради тој closed mindset има редици пред банки и електронско банкарство е научна фантастика.

    Пред некоја недела, бев на една собиранка каде што имаше претежно млади луѓе (25-30 години) и дискутираа како на Интернет се' било лажно и ништо од тоа што се продавало не било така. :D Млади, прави, ама етО. Жално. Кога пробав да им објаснам дека апсолутно не е така, не беа некако убедени. Па ме гледаа со подотворена уста кога зборував за нарачување онлајн, работење онлајн, општо, функционирање онлајн...

    И нормално, на крај се најде еден паметен да рече абе иди бегај бееееееееее, се' е лага и дека јас ги лажам, па тука реков ок и престанав да се објаснувам. Мош и дрога ставаат на Гуглето, ама фала Богу, они саде на Фб си се движат, таму је безбедно. :D

    На темава, се' правам онлајн и електронски до толку шо некогаш аман ми се вика и сакам вистински луѓе да видам. :rofl:
     
    На Annath, happygirl, Antolinaa и 6 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Татко ми почина лани, на 69, појма немаше од компјутер.
    Мајка ми, има 68, исто појма нема.
    И не ни сакаа да учат.
    Не ги интересирало.
    За нив, компјутерот не е(беше), ништо друго, освен 'играчка.