Плаќам се електронски..од сметки режиски трошоци,до рата за картица,кредит,курс англиски,градинка итн..буквално се..сите ми се снимени примероци налози на електронското банкарство, менувам само месец/повикување на број и толку.. И не само што штедам време, не се нервирам во чекање ,туку и провизиите електронски се дупло поевтини од кога би плаќала на шалтер
Веќе 6-7 години само електронски плаќам се. Немам стапнато во банка откако постои електронско банкарство.
Да бе електронски, да не можеш да се искараш со таа на шалтер што тајно сурфала од твојот телефонски број и ти го надминала лимитот и плус ти вртела во роаминг... Се шалам, електронски плаќам. На Вип има и опција да пратете SMS со каква било содржина од вашиот број на бесплатниот број 14500 и ќе добиете повратна порака со информации за бројот на фактурата, периодот што го опфаќа и за износот на фактурите што се однесуваат на вашиот број.
На плати сметка на Вип цело време ми вика неточни податоци, иако неколку пати внесов. Што може да е ? Во делот опис да не треба нешто да се пише или името на банката да не го бара со бројот на картичката? Помош ако некој знае. Број на фактура, мејл, број на картичка, важност и бројот од позади внесов и пак ништо. И не знам зошто од вип пример барам сметка, прaќаат две фактури за 1 месец, и за 3 месец, така само збунуваат. Внесувам за трети и не сака, па не сака да наплати.
Исто и мене, три месеци веќе така ме зеза не можам да платам електронски, а пред тоа со години така плаќав. Прашав у Вип ми рекоа да се јавам во контакт центарот. Се јавив, демек се било во ред, да си проверам во банка со картичката да не имам некој проблем. Се јавив и во банка и кај нив се си е во ред и испадна дека никој не знае шо е проблемот и сега морам да одам во салон да плаќам.
Ooффф леле забегани, абе ништо не функционира како што треба. Па во банка пополнив формулар за да можам да плаќам со картица, и пак ништо. Бре неодговорни. Да не треба некаде да се наведе дека е НЛБ банка?
Не верувам, мислам дека до Вип е, ама ни они не знаат што е. Пошто јас исто и преку лаптоп плаќав, а сеа и од таму не можам. А во декември сменив тарифа, па се сомневам нешто до тоа да не е.
Oдам на Мој вип, викам ај таму профил да направам, може ќе успеам да платам, внесувам кориснички имиња 15 минути ниту едно не прифаќа, ми враќа веќе е во употреба. Катастрофа. Толку е се несериозно и неодговорно.
Јас имам профил на Мојот Вип, и од таму без проблем плаќам фактури. Пс. Стави било какво корисничко име, после тоа со број можеш да се најавуваш, нема потреба да го памтиш корисничкото име.
Симнете си ја апликацијата на вип на телефон. Никогаш не сум имала проблем со плаќањето.. Ни бр на фактура ти треба ни ништо, за разлика од електронското банкарство
Ја имам јас. Не можам ни преку неа, ни преку лаптоп преку плати сметка. Овој проблем после Нова година ми се појави и не знаат ни они до што е.
Јас еве пробав на мој.вип си влегов без проблем на акаунтот а исто и пред една недела ја плакав сметката и за интернет преку ВИП каде се плаќа директ на инивната страна и немаше проблеми. Пробај да платиш или да се логираш преку друг пребарувач од оној кој го користиш, знае некогаш да заебава и одреден пребарувач.
Исклучиво електронски плаќам се’, не можам да помислам сега да отидам во банка да плаќам сметки. Надмината работа е.
Зависи на кој оператор.. на најголемите може. На а1 симни ја а1 апликацијата и имаш опција за плаќање. Исто и на веб сајтот... На тмобиле мислам директно на страната можеше .. има моја сметка опција
На А1 не мора ни да ја симнуваш апликацијата. Можеш директно од веб страната. Има опција плати сметка, ти треба бројот на фактура само.
ЕВН сметка сакам да ја платам со телефон , не со токен , некое искуство и дали ќе добијам некоја повратна информација дека сум платила ??
Дома моиве се oldschool, па никад сметки онлајн не сме плаќале, а и не ни купуваат онлајн работи со картица. Е сеа пробав ЕВН да платиме онлајн за првпат и не ја прифаќа картичката на татко ми т.е вика неважечки број на картицата, а таа е, 100 пати пробав и проверив, има и пари на неа доволно за сметката да се плати. Зошто вака? На опција брзо плаќање пробував.