Имам прашање во врска со пријавувањето во Македонија. Јас работам за Канадска фирма која е со седиште таму и нема правен субјект во Македонија. Работам стрикно преку интернет веќе пет месеци и плата ми се префрла на мојата девизна трансакциска сметка. На тие пари до следната година ќе платам 10% персонален данок. Но бидејќи не ми тече стаж и немам здравствено осигурување, како и дали можам сама да се пријавам и да си плаќам придонеси? Мојот работодавец е согласен да ми исплаќа бруто плата за јас да си се пријавам на мојата целосна нето плата и да си ги исплатам придонесите. Кои ми се опциите? Можам ли да бидам пријавена како физичко лице кое е вработено во странска фирма? Дали ќе морам да се регистрирам како трговец поединец? Се надевам некој ќе може да ми помогне и дека ова е решено некако во Македонија бидејќи работењето онлајн е секојдневие веќе и знам дека не сум единствена која така работи тука. Ви благодарам.
Законот во оваа ситуација дава повеќе можности. Прво треба да се провери дали имаме со Канада склучено договор за социјално осигуварање. Ако има тогаш е лесно. Ако нема, се оди на плаќање на придонесите лично. Така беше до пред некое време (пред некој месец). Нема потреба од регистирање на трговец поединец. Е сега, ако сакаш, може да се пријавиш дека работиш за канадска компанија, па во некоја подалечна иднина од таму да си примаш пензија. Ова е мое размислување. Да видиме некој со повеќе искуство.
Поповите и оџите не плаќале придонеси – должат 69, а оџите 86 милиони денари Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Беким Незири информираше дека оџите должат 86 милиони денари, а поповите должат 69 на ПИОМ за неплатени придонеси. “На Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, на основа на неплатени придонеси субјектите му должат негде околу 10,8 милијарди денари. Во оваа цифра влегуваат сите правни и други супбјекти, трговци поединци, земјоделци, оџи и попови“, рече Незири. Тој ја најави законската измена со која сите оние кои до 31.12.2008 година не ги подмириле своите обврски за придонеси, ќе може до 31-ви мај да аплициираат за отпишување на каматата, со што ќе треба да ја платата само основната главнина. Како што објави Дневник Вкупно 52 милиона евра на име камати за неплатени придонеси ќе им отпише Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување (ПИОМ) на должниците кои на ова институција ~ должат повеќе од 100 милиони евра за неплатени придонеси. ПИОМ ќе се откаже од каматите за да си ја наплати главницата на натрупаниот долг за пензиски придонеси на граѓаните и на фирмите до 2009 година. Ваква поволност ќе добијат сите што до крајот на мај ќе поднесат барање за отпис, а основниот долг ќе го платат за шест месеци, односно до крајот на ноември. Најзасегнати се свештениците кои се всушност најголемите должници кон Фондот. Долгот на поповите е 69 милиони денари или околу 1,12 милион евра. Долгот на оџите е нешто поголем, односно 1,38 милион евра. Повик да си ги регулираат обврските денеска до сите свештеници ќе упатат и поглаварот на Македонската православна црква г. Стефан и претседателот на Исламската верска заедница реиз Сулејман Реџепи.
Ме интересира ако јас се регистрирам како земјоделец, а сум лице со намалена работна способност, дали ке плакаМ САМО ПО 1000 ДЕНАРА толку плакаше мојот работодавец пензиско за сите , се водевме заштитно друштво., и ако сама си плакам пензиско колку би изнесувало за лице со намалена работна способност .
За да се регистрираш како заштитно друштво треба да имаш мин 2 такви лица (ако не се лажам или 3) и тогаш државата ги плаќа придонесите. Сложена е таа процедура (т.е вработените во ФЗО ја прават сложена како резултат на нивно работење) како прво лицата треба да имаат докумет дека се инвалиди односно намалена работна способност (решение од комисија за намалена раб. способност) . Во врска со тоа треба да се исоплни и одреден процент на инвалидитет (мин 40%), па да се регистрира такво друштво. Spoiler чисто инфо и он топик, на една познаничка - татко и има инвалидска пензија (одсечена му е едната нога) и по најнов Закон еднаш годишно да се јавува на контрола и носи потврда за инвалидитет од лекарска комисија која и те како знае да зафркава и бара мито. Ајде ок, за некои болести или што ти ја знам, за кои ете со тек на време можат и да се подобрат ама што малтретираат вакви лица - да не му порасне случајно. Бог да чува
Јас сакам да ве прашам дали некоја од вас е запознаена со условите и клаузулите за предвремено подигање на парите од вториот столб пензиско осигурување на комерцијална банка? Секаква информација ке ни биде од корист.
Колку изнесуваат придонесите на вработен во приватна фирма? Пример бруто плата 20.000 и колку од овие се придонеси?
Како што кажа @Bridget колку поголемо бруто, толку поголеми придонеси. На 25 000 нето, давачки се 12 000, значи бруто испаѓа 37 000.