Плаќање придонеси за пензиско, инвалидско и здравствено!

Дискусија во 'Правни совети' започната од Mikaila, 4 јуни 2012.

  1. Mikaila

    Mikaila Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Имам прашање во врска со пријавувањето во Македонија. Јас работам за Канадска фирма која е со седиште таму и нема правен субјект во Македонија. Работам стрикно преку интернет веќе пет месеци и плата ми се префрла на мојата девизна трансакциска сметка. На тие пари до следната година ќе платам 10% персонален данок. Но бидејќи не ми тече стаж и немам здравствено осигурување, како и дали можам сама да се пријавам и да си плаќам придонеси?
    Мојот работодавец е согласен да ми исплаќа бруто плата за јас да си се пријавам на мојата целосна нето плата и да си ги исплатам придонесите.

    Кои ми се опциите? Можам ли да бидам пријавена како физичко лице кое е вработено во странска фирма? Дали ќе морам да се регистрирам како трговец поединец?

    Се надевам некој ќе може да ми помогне и дека ова е решено некако во Македонија бидејќи работењето онлајн е секојдневие веќе и знам дека не сум единствена која така работи тука.

    Ви благодарам.
     
  2. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Законот во оваа ситуација дава повеќе можности. Прво треба да се провери дали имаме со Канада склучено договор за социјално осигуварање. Ако има тогаш е лесно. Ако нема, се оди на плаќање на придонесите лично. Така беше до пред некое време (пред некој месец).
    Нема потреба од регистирање на трговец поединец.
    Е сега, ако сакаш, може да се пријавиш дека работиш за канадска компанија, па во некоја подалечна иднина од таму да си примаш пензија.
    Ова е мое размислување. Да видиме некој со повеќе искуство.
     
    На Bu_bi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mikaila

    Mikaila Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Blagodaram mnogu - Do kolku si plakjam sama pridonesi koja e postapkata?
     
  4. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    За овој дел консултирај сметководител. Тука јас многу не знам да се снајдам.
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Поповите и оџите не плаќале придонеси – должат 69, а оџите 86 милиони денари


    Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Беким Незири информираше дека оџите должат 86 милиони денари, а поповите должат 69 на ПИОМ за неплатени придонеси.

    “На Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, на основа на неплатени придонеси субјектите му должат негде околу 10,8 милијарди денари. Во оваа цифра влегуваат сите правни и други супбјекти, трговци поединци, земјоделци, оџи и попови“, рече Незири.

    Тој ја најави законската измена со која сите оние кои до 31.12.2008 година не ги подмириле своите обврски за придонеси, ќе може до 31-ви мај да аплициираат за отпишување на каматата, со што ќе треба да ја платата само основната главнина.

    Како што објави Дневник Вкупно 52 милиона евра на име камати за неплатени придонеси ќе им отпише Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување (ПИОМ) на должниците кои на ова институција ~ должат повеќе од 100 милиони евра за неплатени придонеси. ПИОМ ќе се откаже од каматите за да си ја наплати главницата на натрупаниот долг за пензиски придонеси на граѓаните и на фирмите до 2009 година.

    Ваква поволност ќе добијат сите што до крајот на мај ќе поднесат барање за отпис, а основниот долг ќе го платат за шест месеци, односно до крајот на ноември. Најзасегнати се свештениците кои се всушност најголемите должници кон Фондот. Долгот на поповите е 69 милиони денари или околу 1,12 милион евра. Долгот на оџите е нешто поголем, односно 1,38 милион евра. Повик да си ги регулираат обврските денеска до сите свештеници ќе упатат и поглаварот на Македонската православна црква г. Стефан и претседателот на Исламската верска заедница реиз Сулејман Реџепи.
     
  6. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ме интересира ако јас се регистрирам како земјоделец, а сум лице со намалена работна способност, дали ке плакаМ САМО ПО 1000 ДЕНАРА толку плакаше мојот работодавец пензиско за сите , се водевме заштитно друштво., и ако сама си плакам пензиско колку би изнесувало за лице со намалена работна способност .
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    За да се регистрираш како заштитно друштво треба да имаш мин 2 такви лица (ако не се лажам или 3) и тогаш државата ги плаќа придонесите. Сложена е таа процедура (т.е вработените во ФЗО ја прават сложена како резултат на нивно работење) како прво лицата треба да имаат докумет дека се инвалиди односно намалена работна способност (решение од комисија за намалена раб. способност) . Во врска со тоа треба да се исоплни и одреден процент на инвалидитет (мин 40%), па да се регистрира такво друштво.

    чисто инфо и он топик, на една познаничка - татко и има инвалидска пензија (одсечена му е едната нога) и по најнов Закон еднаш годишно да се јавува на контрола и носи потврда за инвалидитет од лекарска комисија која и те како знае да зафркава и бара мито. Ајде ок, за некои болести или што ти ја знам, за кои ете со тек на време можат и да се подобрат ама што малтретираат вакви лица - да не му порасне случајно. Бог да чува
     
  8. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    621
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да ве прашам дали некоја од вас е запознаена со условите и клаузулите за предвремено подигање на парите од вториот столб пензиско осигурување на комерцијална банка? Секаква информација ке ни биде од корист.
     
  9. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Колку изнесуваат придонесите на вработен во приватна фирма?
    Пример бруто плата 20.000 и колку од овие се придонеси?
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Oкoлу 45 % се придoнесите.
     
    На LadyC и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.967
    Околу 1 третина од примањата бруто се давачките.
     
  12. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Од 20.000 колку е тоа од прилика?
     
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    13500 нетo плaтa
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.967
    Screenshot_2017-07-12-21-11-51.png
    6 и нешто.
    Еве види тука
     
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Нешто ме буни,да го видам стариот договор да видам колку ми беше претходно.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  16. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Еве колку ми било бруто а земав 11800.
    20170712_212657.jpg
    Значи придонесите ми доаѓаат околу 4000 ден.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Придoнесите не се фиксни (aкo мислиш нa тoa) пoгoлемa брутo плaтa-пoгoлеми придoнеси.
     
    На Tajnaotrovna, CameliaMiller, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Разрешив дилема добро е.
     
    На Tajnaotrovna и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.967
    Како што кажа @Bridget колку поголемо бруто, толку поголеми придонеси. На 25 000 нето, давачки се 12 000, значи бруто испаѓа 37 000.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Женски
    Луѓе дали имаме можност за избор дали ќе плаќаме здравствено и пензиско осигурување или не?