Има многу плетени работи,и многу носам.Јас мислам плетените работи се супер за во зима.Потопла облека од плетената на зима нема.Со еден џемпер можеш да направиш повеќе комбинаци
успеав конечно се надевам ќе ви се допаднат ги плетев според туториали на youtube ...си направив и многу убава капа ќе ви ја покажам овие денови ...пробајте лесно е ,ете и јас научив да плетам
Сестра ми плете вакви работи капи, шалови, ракавици, па и други работи. Има и фејсбук страна, а цените се навистина ниски.
А која е страната на сестра ти, јас имам неколку пати купувано од овде http://www.facebook.com/racni.izrabotki.9 , ако е таа, тогаш навистина се супер работите, а и цените се за сечиј џеб.
Девојки, дајте ми некоја идеја за плетени работи(било што) да и дадам на баба ми работа, многу убаво плете(како купено е)
Уживам во плетено посебно на минусна температура навистина прекрасно стои плетеното на чизми..имам некои работи како туника,капа,џемпер,шал,ракавици...планирам и нови работи..инаку баба ми ми плете некои елечиња и сл...
http://25.media.tumblr.com/7244459154ab9bde58360da03e89b95b/tumblr_mlg19mSo5t1qjmp0ao1_500.png http://24.media.tumblr.com/a005244936aa18b96906c749dc4b2e9d/tumblr_mlely6HTva1rv4ojbo1_500.jpg кај да си најдам нешто вакво ама не мн скапо
Со оглед на тоа дека обожавам кошули, во есен и зима најчесто ги носам во комбинација со џемпер, болеро, некое штосно елече, туника и слично. За жал дома немам некој што знае да плете, па овие парчиња секогаш си ги купувам. Од зимска опрема носам капи и шалови (ракавици не, тие ми се кожни).
Плетените парчиња облека ми се асоцијација за зима и топло чувство во студените денови. Од мала ги сакав плетените џемпери, блузи, туники и елеци во комбинација со кошули и ролки и се уште го преферирам тој стил на облекување. Капата и шалот најчесто ги купувам во комплет, а на ракавиците им давам поголемо значење затоа што многу ми е ладно на рацете и од особена важност ми е да се плетени и подебели.
Според мојот вкус отсекогаш покрај екот на доцната есен и зимата се чуствувам комотно и топло во некој поширок џемпер или блуза, ги користам до максимум сите плетки и плетена гардероба, дали било тоа купено од бутик и плетено со машина, дали тоа било рачна обработка, јас се топам на овој тип на гардероба. Покрај џемперите и блузите тука се и огромните шалови, капи и елегантни баретки, топло и удобно во секој случај.