Знам да плетам уште од мала баба ми ме научи. Но во последно време почнав поинтензивно да се занимавам со плетење. Изработувам хеклан накит, а си направив и капчиња, шалови и грејачи за раце. Започнав и еден поголем проект - фустан ама никако да го завршам останаа уште ракавите ама се некако немам време, се надевам дека ќе го завршам пред да заврши зимата Кога ќе биде готов следува слика Инаку мислам дека секој може да научи, има толку многу туторијали на интернет се што ви треба е игла(и), конец и добра волја. Ако некој е заинтересиран може да отвриме и тема за плетење
Обожавам плетено..мајка и на мојата најдобра другарка плете и и плете стварно многу убави работи..и мене ми има исплетено ракавици без прсти баш у мој стил и капчиња што се носат од средина на главата па надоле многу се убави
Блазесити што си знаеш да плетиш,и јас сакам да научам да плетам.Ај ако сакаш дај линк од некој туторијал од интернет.Фала однапред
Кристи зависи што сакаш да плетеш, дали со една или две игли. Мислам дека за почетници полесно е со една игла (crochet). Еве неколку линкови, а од страна ќе ти се појават уште многу слични. http://www.youtube.com/watch?v=9cq9ivY- ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=FIH0ntfwzCk А еве едни од моите обетки што си ги направив сама.
http://www.facebook.com/pages/Art-of-cr ... 3307120193 Девојкава изработува се и сешто од волница.Ептен интересни идеи можат да се видат од нејзините фотографии.
во Матекс во ГТЦ на 3 кат има плетени материјали и има 2-3 што се многу убави.Доколку сте вешти во плетење може да си купите ,а доколку не сте можете да си направите шал
И јас обожавам плетени и хеклани работи. Порано и викав на мајка ми и баба ми да ми плетат и ме слушаа. Ама еднаш ми рекоа дека не ми плетат веке дека сум имала многу желби. Ме изнервираа и си научив сама да плетам. Тоа ми стана големо хоби кое ми го исполнува животот и сега трошам доста пари за купување книги, конци, вуница, игли и разни реквизити за плетење. Понекогаш и плетам за пари бидејки другарки и луѓе што ги знам почнаа да ми бараат да им правам на нив работи. Еве нешто што си имам направено во последно време: 1. Хеклано ланче 2.Хеклана торбичка инаку хеклано е плетено со една игла Веке долго време имам и блог каде си ги прикажувам своите работи и работи кои ги направиле други а мене многу ми се допаѓаат. Можете да погледнете ако сакате. http://drenkascrochet.blogspot.com/
Мене мама и баба редовно ми плетеа кога бев малечка. Двете обожуваат и или ми плетеа или ми везеа нешто. Можам да отидам да продавам, што пари ќе зберам. Обожувам рачно плетени или везени работи, ама во последно време престанав со носење на истите. Кај нас каде има евтини? Си проверила во Тетекс? Колку и да звучи смешно, јас имам џемперче и фино ми е некако. Многу, многу убави работи има во Златибор (ок, не е баш Македонија тоа), али скапи беа доста.
Евтини? Мислиш на конци? Порано купував многу често од Тетекс. Ама искрено имам пробано многу подобри конци од тие на Тетекс. Не дека Тектекс е за потценување, ама има некои вуници на Тетекс кои се катастрофа. Не зборам само за изгледот туку и за квалитетот. Најчесто јас си купувам конци и вуница од БитПазар, има една продавница која се наоѓа спроти полициската станица. Продавницата има голем избор на конци и волница, има секакви цени и секогаш си наоѓам нешто нови и интересно таму. Да не зборам дека продавачот кој работи таму е супер и доста знае за тие работи па дури и некогаш ми објаснува како некој конец се изработува или информации како работи фабриката.
хахахаха...леле се изнасмеав Јас си купувам џемпери...во Теткес никогаш не сум купила, не сум ни влегла во таа продавница. Имам многу убави џемепрчиња и плетени работи низ градов и со радост си купувам, особено кога се на попуст. Нешто сама си правам а нешто си купувам. Ако нешто е доста ефтино (како на пример кога има попуст во Теранова или Калиопе) нема поента да сендам и да го плетам кога многу поевтино ке го најдам да си го купам а и побрзо ми е
Денес, 11 Јуни е светски ден на плетење во јавност и светски ден на "јарн графити" односно графити со волница и конци. Повеке информации можете да добиете овде. http://www.facebook.com/pages/International-Yarn-Bombing-Day-June-11th-2011/104441312968198 Во оваа чест, утре во Скопје, на мостот на бул. Крсте Мисирков (помеѓу новото Веро и Судот) ке има мал придонес кон овој ден и ке бидат закачени плетени работи. Кој сака нека дојде и да ги види.
Обожавам да плетам капчиња и шалчиња и џемперчиња. Прво почнав да плетам чорапчиња па сега плетам цвеќиња, украси... Научив и слики да правам, да везам гоблени... Изгледаат интересно, посебно сакам да облечам некој полесен широк џемпер со едно голо рамо и шорцеви.
Па со оглед на тоа дека мајка ми знаењ да плете и мн е креативна кога станува збор за облеката и имам доста плетени работи што ми ги има таа направено ќе видам некое моделче и ќе и кажам и ќе ми го направи истото и морам да кажам дека сум мн горда на мајка ми имам безброј плетени работи кои та ами ги има направена и кога некој ќе ме праша од кај ми е со гордост одговарам дек амајка ми ги има направено Ч)
Ги обожавам , макар немам многу ( нема кој да ми сплете, а да ги купам се прилично скапи) Еве што ми се допаѓа