ахх...едноставно обожавам плетени работи...посебно за овој и зимскиот период не постои ништо покомотно за носење $
Ги сакам бидејќи се мекички и топлат ептен Имам туники,џемперчиња,елечиња,блузички,капчиња,шалчиња,спремна сум за зимово иако го мразам ептен многу
Носам плетени работи,многу ги сакам и еве полека полека се спремам и за оваа зима,иако и јас многу мразам зима.Доста плетени работи имам,а и мама доста често знае да ми направи некое стварно добро плетено парче облека
Обожавам плетени работи.Често ѓи носам во зима.Имам плетени туники,капи,шалови,елеци,џемпери и блузи.
Рачна плетка. Богатство! Дома имам куп работи сплетени од баба и мама. Такви златни раце како нив никој нема. Баба ми просто уживаше во тоа. Те скици правеше, па ќе си седне ќе почне да плете и се внесува, нигде ја нема. Најмногу ги сакам плетените пелерини. Како топлат, да не сакаш да ги симнеш од тебе. Но, најомилено парче кое никогаш нема да го заборавам, ама никогаш е еден долг џемпер од мама со поларна мечка на грбот завиткана во шалче. Како не и се темнело да го прави тоа уште нема да разберам.
Братучед ми сака некоја плетена капа, ако имате видено некаде дајте некои линкови. Само гледајте да е помодерна.