Знаев да плетам,како мала ја терав баба ми да ме учи и секогаш научи-заборави. Сакам пак да ја терам да ме учи, шиењето и плетењето ми се интересни работи.
Во последно активно се занимавам со плетење...заразно хоби ми стана, капчиња, шалчиња, чевлички за синчето што го очекуваме ^^ благодарение на денешниве туторијали на јутуб, многу убаво е објаснато и многу брзо научив да плетам...разни плетки, модели за се и сешто се наоѓа!
Секако дека една модерна девојка треба да знае да плете, бидејки се повеќе се враќа во мода рачната изработка. Плетам уште од основно школо и не само калчунки, туку и елечиња, џемпери.... Исто така знам да плетам миленциња, кои се ставаат под стаклото на масичките и слични места, кои се плетат со мали игли многу по различни од оние за џемпери. За жал денес младите немаат интрес ниту да го научат плетењето, а камоли да носат плетени работи, мислат дека е срамота да се носи тоа. Се надевам за едно 40 год кога ќе отидам во пензија ќе се врати во мода домашната изработка и плетењето ќе ми биде уште еден извор на средства. Оној што знае да работи повеќе работи нема потреба да се плаши за својата егзистенција.
ко сплетив еднаш еден шал..тенок,тенок така стеснат со должина од 15 цм хахах(помал беше ве лажам) и се откажав од сонот да си направам сама шал..жими шалот никаков
Ова беше еден од моите обиди за рачна изработка уште како дете,ама потоа згасна.Не дека немав желба,но личноста која ме поттикна,мојата баба, повеќе не беше во можност да ми биде учител за плетење.
Плетење-убав начин за релаксација. Убава вештина во секој случAај. Јас лично не знам да плетам, а мислам дека и никогаш нема да научам. Баба ми се трудеше да ме научи ама ништо од бизнисот. Хехехх секоја чест за тие што знаат да плетат. Можам да кажам дека плетењето е еден вид уметност и буквално од ништо можеш да направиш нешто.
Кај мене беше: -Учи,Заборави Денес учам,утре појма немам кај треба конец да ставам Ама сега сум експерт за плетење
Пред 1 година баба ме научи да плетам (за школо требаше ) и тогаш баба кога ќе земе да плете и јас со неа интересно ми станува
Ќе може да ми кажите начин на плетење ама без игли,туку со раце само..Почна сезоната па да си сплетам нешто во слободно време..Ако може некој туторијал преку слики,па и со игли нека биди!!Секако ќе се пробамее..сакам да си сплетам шал или капа..фала ви однапред..чекам брз одговор!!
Ххахахха смешна пи дојде темава. Во мое време, налиии немаше компјутери и девојката кога ќе се мажи треба чеиз да има. Море гоблени се везеа на панами, по шеми, таписерии од волница и воедно и миљиња да плетеш. Имавме и предмет по домаќинство. Абре брате да ме убиеш како со 2 леви раце посебно тоа плетењето со Koral 40 тенок конец, миленце за под- над телевизор ,за на масиче ццццц кога ќе ми текне ќе си пукнам од смеење. Ете до ден денешен не научив да плетам, а мајка ми уште плете некои елечиња, шалчиња јас трупец останав.
Ова е убав туториал за плетење без игли , само ќе треба да купиш што подебела волница. Ако живееш во Скопје, на Битпазар има една продавничка каде има волница наменета токму за овој начин на плетење.
Треба време и нерви за плетење, а јас ги немам и двете. Башка не е исплатливо. Поефтино е да си купиш шал отколку вуница за да го плетиш, па и да ти се развлече после перење. Ме тераше баба ми да пелтам милеа, да сум имала за на регал, за на тв ... а бе глупости. Сеа коа више никој не става милеа само ја зезам дека едино шо може да напраи со нив е у некој музеј да ги оснесе, антика се. Па гоблени некој да ме тера да везам, јок бре не иде у предвид. Тоа е занимација на една стара генерација, на едно минато време. Ние сме далеку од тоа.
Јас си плетам секогаш кога имам време, искрено некако ме опушта не е лошо за релаксација. Сестра ми пак работи, мислам заработува од плетење и нема што не може да направи не дека ми е сестра ама и нема рамен
Порано имавме една книга, мислам дека беше на српски јазик, и имаше што како се плете, па вакви плетки, па такви и онака се заинтересирав, ама бев премногу мала.