Јас неодамна почнав да си „играм“ со иглите и да плетам. Научив онака право да плетам, да наврлам, да одземам котолци и толку ... сега иглите ми ги окупира баба и немам пристап до нив за да научам уште нешто ...
Знам само право да плетам и конечно ќе си носам шал сплетен од мои раце...мајка ми ми вели напредувам во работата...ех
Знам да плетам бабами се научи со две игли. А за со една пола фамилија ме учеше и несакав да сфатам па си се научив сама јас кога сакав. Не дека сега плетам нешто но доволно е да знам
Ех, темава ми побуди спомени.... распуст кај баба (long long time ago). Кога бев малечка баба ми ме научи да плетам, ќе го започнеше таа а јас да го довршам и секако наједноставната плетка. Ништо корисно не сплетов додуша, но сепак ми беше забавно. Денеска мислам дека имам се заборавено и немам појма како се прави тоа.
Знам да плетам со игли, и на раце Мајками одамна ме учеше, па сега кога ми е досадно ќе сплетам нешто
Мене туторијали на YouTube ме научија “право“, немав ни време повеќе да научам. Сакам да научам crochet - не го знам македонскиот збор, има разлика од плетење до ова
Јас си плетам редовно (по нарачка), сестра ми и мајка ми ги бива за се ама јас сум за обувки повеќе, патичиња и балетанчиња супер правам Ајде да се пофалам, овие последно ги направив
Од прилика колку клопчиња за секоја боја ќе ми треба за ова? Ме интересира утре сакам да купам а бабите не ми се тука да се консултирам зошто на интернет го најдов за околу 16-18$ па мама ми вика толку ќе ме кошта за оваа должина да купвам и се останат плус плетење. И ова веќе сигурно сакам со помош на бабите да научам да го плетам. Земам голем залак ама ... И за ова колку би требало од прилика? Благодарам однапред за информациите.
За првото, мислам по 250-300гр за секоја боја, а за второто најмалку килограм. Нели има клопчиња од 50гр, од 100 итн. Отприлика толку мислам ама зависи од големината, дебелина на вуницата...
Имам само плетено нараквици, ама тоа многу одамна беше. Не сум по плетењето, ама мајка ми многу знае да плете колку миленца за мене и за сестра ми има сплетено, елечиња, вунени чорапи.
Баба ми многу одамна ме научи да плетам, но немам време и нерви за тоа. Се додека е она жива и здрава, ни плете на мене, сестра ми и зетко. Навистина жената има талент, што и да ѝ покажам на слика исто го плете, секоја ѝ чест. Од таквите активности единствено не ме мрзи, напротив ме исполнува, везењето Често знам на некое парче облека да си навезам некој детал кој ќе го збогати изгледот и направи уникатно тоа парче
Луѓе дали знаете каде можам да купам дебела волница и колкава количина ќе ми треба за еден шал да сплетам? Не прочитав претходно дали сте пишувале за тоа бидејќи ме мрзеше. Фала однапред.