1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пливањето како активност за здраво тело

Дискусија во 'Фитнес' започната од Ariel, 21 септември 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    Пливањето е уште еден спорт кој има благотворно дејство врз нашето тело. За жал кај нас и не многу популарен, најверпјатно поради тоа што претходните неколку години и немаше базен кој континуирано работеше и во лето и во зима. За среќа на љубителите на пливањето, со реновирањето и почнувањето со работа на базенот во Карпош, повеќе нема да има период во кои само ќе сонуваме за пливање.

    Јас сум вљубена во пливањето. Од сите можни активности за здраво тело, пливање е единствената што совршено ми легнува. Во вода се чувствувам како да ми е природна средина. Додека пливам не чувствувам никаков напор, напротив уживам во најблискиот облик на бестежинска состојба :)

    Летово додека бев на одмор пливањето веднаш се одрази на моето тело, само за жал одморот мораше еден ден и да заврши :) . Од минатата недела почнав да одам на базен, и едвај чекам да дојде секој следен термин кога одам. Пливам четири пати неделно по 45 минути, па ќе видиме каков ќе биде ефектот. Сега за сега се уште е рано за резултати. Важно многу ми е убаво, уживам секоја минута помината во вода.

    Што мислите за пливањето како активност за одржување на здраво тело?
    Во здраво тело - здрав дух!
     
    На Ana122, glosipgirl и enca.69 им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Најубавиот спорт кој може да постои. Секој мускул е активен и се стекнува прекрасно тело со истиот.

    Јас за жал не сум баш најдобар пливач а и заради проблеми со нозете и грчење на мускулите, не издржувам поточно страв ми е да пливам на отворени пространства во недоглед. Имам некаква почит према езерата и морињата. А сепак знам да се шлапкам во вода со саати ко мало дете :lol:
    Секогаш си пливам првите 5 - 10 минути активно и потоа си праам глупости во вода.
    На базен е нешто друго и сакам да одам.
    Знам само машки, женски и грбно. Толку.

    Инаку обожавам да следам некој кој убаво плива. Летово како си надбљудував едно човече, мх мх :wasntme: Како плива ли плива во недоглед, пеперутче, машки, секако. Прекрасно. Не знам зошто но им се восхитувам на оние кои пливаат убаво. Некој чуден фетиш ми се. Едноставно ме хипнотизираат и знам тотално да се исклучам гледајќи ги.

    Башка што изгледаат проклето згодно и со секој замав го следиш секој мускул на раката. Абе м! :)

    Кога ќе имам деца еден ден, ги запишувам на пливање. Дефинитивно :)
     
    На Ana122, srcekrsacka и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Татко ми ме зачлени на клуб од здраствени причини (кога бев 7мо одд) и на почетокот ми беше многу мачно, водата беше ладна, никако да се научев да плутам на вода, така терав неколку месеци... Дури изгубив надеж дека ќе се научам... Но некако гледајќи ги другите, собрав храброст, и за кратко време научив како треба, а и имав добри тренери. :!:
    Сите стилови ги научив, само со пеперутка имам проблем, брзо се заморувам. Веќе не одам на пливање, но знам дека уживав во секоја минута. :)
     
    На Ana122 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Одлична активност.
    Гледам во Борис Трајковски и со часови почнале, браво.Штета што досега немавме асален базен.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Пливањето е мој спорт дефинитивно.
    Тренирав пливање 5-6 год. морав да се откажам заради нашите одвратни базени. Не пуштаа греење во зима, водата беше катастрофа :puke: Почнав да се разболувам, а и ушите многу ми се затнуваат, не го издржувам притисокот по се изгледа.
    Одев и на натпревари, но пред се ми беше рекреативно. Се на се, прекрасно искуство ми беше, си го усовршив пливањето, сакам да пливам и не се плашам од длабочина.
    Обожавам да скокам од височина :P
    Најдобар начин за обликување на телото, не е напорно, а сепак има одлични резултати. Добро е за оформување на градниот кош и за оние кои имаат проблеми со дишните патишта.
     
    На XMaN и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Maма миа 8)
    Преубав спорт, вистинска рекреација. Само навистина штета за она што се случуваше со македонските базени, професионалното занимавање со пливање беше речиси невозможно. Воедно имаме многу слаби резултати во пливањето како спорт. Имаше зими кога воопшто не функционираа базените или оди пливај со надеж дека нема да замрзнеш.
    Пливам рекреативно но за жал само во летниот период, уживам да пливам и машки и грбно, но затоа другите дисциплини ми останаа во листата to do, сепак треба за нив физичка подготвеност не можам 3 пати да замавнам рацете ме болат многу :lol: Но битно основата во дишењето ја имам совладано :)
    А пливањето е совршен спорт за мене и онака ми беше сугерирано поради малите раменици да спортувам, но за жал многу ми се далеку сите базени, во зимскиот период е невозможно да се маткав по автобуси со мокра глава, само би се испоразболела. Штета што имаме 2 олимписки базени во град со 800 илјади луѓе.
     
    На Phyramide и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ах пливање. Најпрекрасно нешто што постои.

    Цел живот сум сакала да одам на пливање, како мала како Клементина Евин сум им бегала на моите на плажа само за во вода да идам. Но желбите си останаа желби. Во Скопјево базените беа катастрофа, ни вода, ни греење ништо не биваше. Татко ми ме научи да пливам и после сама си се доусовршив. Да не се фалам ама ептен добро пливам. ;) Па уште кога некој ќе ми каже Аааа, ти се гледа си идела на пливање, а јас на тоа Не, не сама си научив мислам на седмо небо сум. :D :D

    Секогаш кога одам покрај некое водно пространство пливам. Понекогаш мислам повеќе се снаоѓам на вода него на копно. Плус ко мала а идеме на море, мене у глава Ариел фантазија со приказни од типот дека сум сирена, па ќе си ги чујам другарките, а и принц некој од под вода ќе никне. :D :D :D

    Пливањето е дефинитивно еден од најдобрите спортови затоа што ги активира сите мускули. Уште да можев секој ден да го практикувам....
     
    На Ana122, glosipgirl и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Пливањето ми е обавезен спорт што секое дете треба да го помине ама со оглед на состојбата во нашите базени освен ако не си имаш доволно голем базен во двор можеш да сонуваш редовно пливање.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Спорт над спортовите! :clap:
    Овозможува соодветен развој на сите мускулни групи , се подобрува дишниот капацитет ,срцевата работа..Нема систем за кој не е полезен овој вид на спортска активност.
    Би било фантастично кога би ни обезбедиле соодветни услови за практикување на пливањето ,како во летни така и во зимски услови ,не само да чекаме да дојде лето за да ги искусиме благодетите на овој спорт!

    Јас научив да пливам уште кога бев многу мала ,сосем спонтано ,пливав со мускули краток период и после ги вадев кога ќе се оддалечев од очите на моите домашни ,и уште ги памтам како се кострешеа од плажата и скокаа по мене за да не се удавам :D
    А ваму мене добро ми одеше ,побрзо би се удавила со гума додека си ги правам омилените акробации отколку без неа или било кое друго помошно средство. :)

    Најчесто пливам комбинирано - машки ,женски ,грбно , ете летово ја совладав и пеперутката ,да се пофалам :D
    Никогаш не одмарам со лежење на вода ,туку пливам по кучешки ,како што би се рекло :lol: Доги стајл :lol:

    Штом видам водено пространство ,нешто однатре ме тера да влезам што побрзо ,и мене како на Тајгерлејди ми се прават филмчиња за сирени и се опуштам целосно ,правам што ми е драго и возможно и не се плашам да заминам што подалеку од брегот.

    Всушност ,тука лежи возбудата ;)

    Еднаш кога ќе влезам во вода , излегување - по неколку часа!
    Мора да ме собираат насилно :lol: тие што се со мене ако случајно сакаат да прават друга активност надвор од вода ,која би ме вклучувала мене :lol:


    За жал ,кај нас нема затворен базен и којзнае дали ќе изградат во догледна иднина...

    Затоа го користам секој скапоцен миг кога сум на одмор или на базен за да се изнапливам и милината да ми трае до наредното лето! :)
     
    На glosipgirl и XMaN им се допаѓа ова.
  10. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    За здраво тело ама за тие што знаат да пливат а не за тие што така се џиткат во вода!
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Обожавам пливање, не сум професионалец, ама знам да пливам(на 7 години в ензеро се научив и тоа не било каде туку во Радожда :D ), кога ќе влезам во вода како сите грижи да се мијат од мене и во вода сме само јас, мојот мир и уживањето додека брановите се одбиваат од моето тело.
    Пливам женски, знам и машки, можам да лежам и на грб и на стомак без ич да претнам ни со рака ни со нога, буквално како сирена се осеќам кога лежам над вода, исто ко на душек да лежам. :sun:
    Освен тоа си правам во вода вежби милина, пливање и друго ништо не ми треба, ни орбитрек, ни никакво вежбање, штета што нема во мојв град затворен базен, а немаме ни многу асални базени, тоа во Борис Трајкоски мора да се посети еден ден.
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    Пред малку се вратив од пливање. Сега се чувствувам многу убаво, а исто и додека пливав.
    Ју кент бит д филинг!!!
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имав мозност да пливам еден месец на Олимписки(наместо годишен одмор)
    во клубот Карпош
    супер беше, штета кратко траеше
    иако за наши услови пливањето е прилично скап спорт :)
     
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Обожавам да пливам...летно време скоро секој ден одам на базент и другаркиве не сакаат да пливаат па јас сама си го препливувам базентот 3-4 пати :)
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    Баш ми е жал што Карпош (Борис Трајковски) ќе го затворат од 15 декемви, и сигурно ќе биде затворен до некое време во февруари. Ќе ги менуваат плочките во базенот.

    Знае ли некој какви се условите на Олимписки, дали ќе работи и во зима и колку чини влезница за рекреативно пливање, а колку во пливачка школа?

    Денес бев напукана со негативна енергија, се испливав и сега сум како нова!
    Нема поубав спорт од пливањето!
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Не сум некој професионалец за пливање, посебно имам мака дека од здравствени причини многу брзо се заморувам, меѓутоа сепак многу сакам да сум во вода и да си пливам :lol:
    Летово на одмор мислам дека уживав најмногу на свет додека пливав, а и физички имав многу добар ефект постигнато(што искрнео не очекував)па сакав пак да одам , само никако не успеав да стасам до информации за тоа каде мможе зимно време да се оди и колку сето тоа ќе ме чини? Ве замолувам доколку некоја има информација да ја сподели и однапред благодарам :)
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    На сајтот на салата Борис Трајковски пишуваше дека базенот се отвора од 5 февруари.
    Едвај чекам пак да почнам да одам, иако мислам дека ќе го одложам одењето до март. Одам заедно со децата, а сега е ладно, а децата ми се многу нежни.

    А може и јас ќе почнам да одам без деца :D
     
  18. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    7.304
    Пол:
    Женски
    Борис Трајковски уште се реновира, ќе бил готов негде до крај на месецов
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pajaceto

    pajaceto Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Абе пливањето си е супер спорт за оние што знаат да пливаат..Или батем се трудат :D
    А што да кажам јас што незнам ни да се одржавам во вода ? ;( А срам ми е да идам на базен негде да учам на 17 години :$
     
  20. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој дали работи олимписки и дали има ноќно капење и колку пари е?