^ Се загрева, како не, 26 степени е константно. Е сега за некој и тоа е малку Сега веќе секој ден може да се плива и рекреативно после 5, што е супер. Може нивото на водата да е нешто намалено сега... пред некој ден кога бев, не знам што ми стана, се наголтав вода, пола базен го испив
Ме интересира 'дресингот' во базенот во Борис Трајковски. Сакам да почнам да одам, ама немам соодветен костим за капење отпорен на хлор, а и нели глупо би било со исти костим како за на плажа да одам, не изгледа убаво прво, а друго имам слушнато дека од хлорот ќе се распадне одма, треба некој поквалитетен. Можете ли да препорачате со каков костим вие практикувате да одите, и каде може да се најде соодветен а за ефтини пари. Благорариме
^ Во Борис Трајковски нема многу хлор, на друг принцип се чисти водата. Ама да, безврска е да одиш со купачи за на плажа. Сум гледала луѓе со едноделни купачи како за на плажа, ама еднобојни, па ако имаш такви, ќе ти завршат работа. До душа јас одам во термините со пливачките школи, па нормално е да се сите со пливачки купачи. Можеби во рекреативните термини не е така. Инаку сега не знам каде би имало, во лето има во спортските продавници, ама во зима - не знам. И не се многу евтини.
Нас од физичко не носат на пливање и многу си го сакам спортов. Минатата недела бевме и утре ќе одиме. За жал само два пати, бидејќи наставничката не може да добие повеќе термини, зошто и други школи треба да одат.
Девојки сакам да почнам да одам во борис трајковски да земам како часови.Ке може да ми кажете колку е цената и што треба да се носи како костим за капење едноделен или дводелен и какви се условите П.С имам 14 години и цената да не е различна за
Тρениρав пливање долго вρеме и стеκнав нависина голема вештина во пливањето, да не се фалам бев можеби и најдобρа во гρупата. Тρенеρот ми ρече деκа повеќе нема што да ρаботи со мене и деκа ρедно ми е да се запишам во неκој од попознатите κлубови за пливање во маκедонија за да го исκоρистам својот талент и да ме вежбаат на бρзина за да почнам да се натпρеваρувам и јас еден ден. Далеκу ќе догуρав да не ме отпишаа, κолκу и да саκав и да ми беше κρиво џабе κога не бев полнолетна и κога зависиш од одлуκата на твоите ρодители, ги ρазбиρам, имавме смρтен случај во семејството и долг пеρиод по тоа ни беше тежоκ и сеуште е, сеκое лошо има свои последици, но немоρаа да ми го уништат мојот сон, саκав да напρедувам. Поминаа 4 годино од тогаш и сеуште во мене постои баρем мала надеж деκа еден ден ќе пρодолжам, можеби е веќе κасно за мојата возρаст но се надевам дотолκу имам повтоρно можност да тρениρам нема да пρетставува пρечκа. Сепаκ нема подобаρ споρт од пливањето за совρшено тело.
Јас одев на пливање пред 3-4 години мислам беше, со тренер но после ми се здосади.Задоволна сум што убаво научив да пливам зашто претходно се давев .Но сега повторно не би отишла, знам дека е здраво но не.Ми се појави некоја чудна одбивност кон базени и кон пливањето, ни јас не знам зошто. Како помала уживав во вода да пливам, сега само сакам да се шлапкам кога одиме на одмор.
Треба да има, има повеќе клубови и сите си имаат тренери. Најубаво да одиш таму и да се информираш, барем на времето беше така, јас тренирав во клуб Вардар, а тренерот Илија ми се викаше. Појма неам дали уште работи. Незнам ни во каква состојба е базенот, подобар ти е оној кај Борис Трајковси, знам дека таму има инструктор може да се запишеш во било кое време.
Нема поубава активност од пливање. Колку и да сум нервозна, напната или уморна, кога ќе се испливам - како нова сум. Особено во зима, кога нема многу гужва. Времето поминато на базен ми е време посветено на себе. Не затоа што правам нешто што е добро за моето тело, туку чувството на лебдење и лутањето со мислите се незаменливи и неопходни за добро ментално здравје . Ништо не ме растеретува психички како пливање!
Јас во последниве неколку години редовно одам во нивниот базен. Не би го сменила со ниту еден. Презадоволна сум од се. Тишина е ,нема гужва, чисто е,хигиената е на ниво, како и сите останати услови. Посебно ми се допаѓа тоа што после пливање имам каде да се истуширам/избањам. Премногу е пространо и чисто.
Редовно вежбам и сметам дека колку толку имам добра кондиција но не знам зошто кога пливам мн брзо се заморувам, ептен напорно ми е некако. Инаку да, пливањето важи за еден од најквалитетните спортови, се активира секој можен мускул од нашето тело...
Не е активна темава, ама да прашам.. оди некој во Борис Трајковски? Дали има вечерни часови (во колку часот се?) и колку коштаат, колку пати неделно?