Актуелно е светското првенство во водени спортови во Шангај, а од 24ти јули започна пливањето. Дали некој го прати спортов? Мене ми е еден од омилените, обожавам и да пливам и да гледам. Фелпс ми е фаворит, иако нешто послабо му оди.
Голема фан сум општо на секој спорт, меѓутоа пливањето спаѓа во моите топ 3 омилен спортови. Јас за Французите навивам посебно за Камил Лакоурт. Го пропуштив финалето 100 метри грбно ама гледав линк и можам само са кажам ,секоја чест, ретко да се види посебно во финале да се подели првото место. http://www.youtube.com/watch?v=bgfSqrJvjZA
Фелпс дефинитивно не е во форма. Некако го нема тој елан како на олимписките игри. Се надевам ќе се поврати до тогаш. Лохте му го зема златото на 200м мешовито
Мене пливањето ми е омилен спорт, ама не го пратам, сум пливала во клуб неколку години, и не сакав да тренирам за натпревари, пливањето ми е повеќе за релаксација.
Денес заврши светското првенство во Шангај. Последната трка беше 4x100 мешовито и златото го однесе Америка Најуспешен пливач е Рајан Лохте од американскиот тим, кој си отиде дома со 5 златни медали и со светски рекорд во 200 мешовито. Фелпс на неговиот фејсбук профил објави дека дека ова е неговото последно светско првенство. Фелпс во интервју за EuroSport изјави дека на ова првенство си ги увидел грешките и ќе вежба напорно за да се врати во форма за ОИ. Најавува дека и ОИ во Лондон 2012 ќе бидат негов последен настап што мене навистина многу ме разочара.
Се занимавав со пливање 1 година и го обожавамм..штета што во мојот град нема затворен базен инаку по цел ден би останала таму..ги знам сите стилој освен делфин Michael Phelpss
И два рекорди паднаа на ова светско првенство, едниот беше Лохте а другиот тој младиот кинез, заборавив како се викаше Не ги видов французите на последната штафета :/
http://www.youtube.com/watch?v=kUeXg21ZZBI Само оваа снимка ја има на јутјуб. Французите не земаа медал. Американците на почетокот беа многу слаби, ама фелпс и Адриан ја извадија трката. Јас едвај чекам да дојде идното лето за ОИ, ќе биде многу јако со оглед на тоа што на Фелпс ќе му биде збогување со пливањето. А и Лохте до тогаш сигурно ќе биде уште подобар, па ќе биде жустро.
И мене ми е пливањето омилен спорт, обожавам секакви водни спортови всушност, од ватерполо, скокови, до водни танцови. Сакам вода
Со Фелпс се имам запознаено лани летото во Сингапур, искрено човекот е ѕвер, само на кратко можевме да размениме неколку реченици.Ми остави многу многу добар впечаток како спортист, и борбата за поголемо совршенство.
ЈАс го пратам пливањето и за во лето ми е одличен спорт.Пливањето е во листата на 10 мои најомилени спортови.Но,исто така обожавам и да гоо гледам како што обожавам да го правам.
Не пратам секогаш пливање на ТВ, многу ретко ако некогаш ми текни. Обожавам да пливам, тоа ме релаксира. Пливањето е најкорисниот спорт кој ги активира сите мускули во човечкото тело. Одличен за оформување на добро тело, ем спортуваш, ем не се потиш
Не тренирам пливање,али знам... не ни гледав многу многу додека не го запознав де4кото, он е пливач и на млади години 16 му ги сруши рекордите на Маленко.Едно големо браво за него...па да го гледаме и на олимпијади...
http://m.vecer.com.mk/article/--------- ... le-id=9488 Имаме надежи и ние само што условите се уште не се како што треба па среќата мора да се бара надвор од татковината! Знам многу талентирани пливачи што се откажаа токму поради лошите услови,преладна вода и простории на Олимписки,и секако имањето на 1 базен-Сеа реновираниот Б.Трајковски пошто Олимписки де работи де не а башка е преладно! Стварно се надевам дека ќе му текне на некој да го оправи Олимписки или пак да се изгради и нов базен што да не! Обожавам иначе пливање,тренирам веке речиси 2 години и за ништо на светот не би сменила!
Тρениρав пливање и исκρено имам голем талент, поρади неκои пρичини ме отпишаа, а јас тешκо го поднесов тоа бидејκи имам огρомна љубов κон пливањето κаκо споρт. Сега саκам повтоρно да тρениρам, ρодена сум за пливањето. Саκав да ве пρашам, дали ќе дозволат да почнам повтоρно со тρениρање? Имам 15 години и неκои ми виκаат деκа сум била стаρа за повтоρно да започнам, но што мислите вие, дали годините пρетставуваат пρечκа за повтоρно да почнам да пливам!?