Имам еден проблем. Денес приметив дека под вратот и на стомакот имам плик, кругче кое во средината е празно и кое многу чеша. Дали е некој запознаен со ова и дали може да ми помогне!?
Дали имаш маче или куче дома или дали си била во контакт? Вака ли изгледа?И има соодвртни теми за здравствени проблеми зошто секогаш мора нови теми да отварате за се и сешто, разгледај и пиши таму.
@1209 Да, чувам маче кое моментално има габична инфекција и сега ја третирам. Дали го знаеш името на оваа бактерија или габа и како ја лечеше?
Од тоа ти е, на нашки не знам ама познато е како wormrings, многу досадна гавична инфекција, јас лекував едно цело лето, а второто еве сега дури помина а ми излезе во август. Мачкај се канестен, биди упорна неколку пати на ден и ќе се излечи за некое време, само останува белег, побледо место на кожата, не е страшно ќе помине.
Да ако не ги лечиш оние што ги имаш моментално, јас имав 3 на различни места, ама толку поминаа скоро.
@IceCube не слушај вакви народни лекови оти мајка ми ставаше лук се инатеше оти не сакаше дрмек лекови, па кога и се воспали, поцрвене, се направи рана. Значи си има маст за габични инфекции која џабе не е измислена од фармацевти, користи го тоа. Јас така демек од солената вода ќе ми помине кога отидов на одмор, ама 7 дена ми беше надразнето и на тоа место најголем белег имам.
Sekoj so svojot organizam mene so luk odma mi pomina ...moze da si proba ...toa sto majka ti se isfrlala ne znaci deka na drug istoto ke mu se desi sama kaza deka si go imala celo leto a si se mackala so masta jas bukvalno go imav istoto 3 dena mi traese bidejki bev na doktor mi potvrdi a imam i macka
Напротив цело лето не се мачкав со ништо оти не знав што е, мислев дека е лишај и кога се вратив од одмор кога ми се воспали од одморот и кога ми кажаа дека е тоа, веднаш почнав да користам канестен, и почнаа да поминува. Е сега ми се повтори оти не го лечев одма и до крај и соодветно, така да ништо чудно да ти се повтори оти габична инфекција не се лекува така лесно за 3 дена. Нека проба ако тврдиш ти дека ќе и помине, ама јас мислам дека единствена работа што ќе ја добие е кожа усмрдена на лук, оти сите знаеме колку тешко излегува таа миризба од прсти, а не па од врат.
@1209 А кажи ми како ја излечи мачката? Јас нејзе ја мачкам со канестен, но не знам дали е доволно само тоа?
Мачката не беше моја, јас тој период имав згрижено повеќе животни и не знам од кое е, претпоставувам дека е од мачка, ама не ја лечевме, ја дадов на посвојување после некое време сама си се излечи, ако е таа.
И јас ги имав на 4 места, поради што донесов маче од улица дома. Страшно се досадни, премногу чешаат, па дури и болат. Јас бев на дерматолог и ми кажаа да се мачкам со Канестен (моето Кансен се викаше, мислам дека се работи за истата маст) и Ројазол заедно измешани на претходно исчистена кожа. Ми дадоа некоја течност за чистење, не ми текнува на името. Ми поминаа за 2-3 недели. Доколку не ги мачкаш редовно или престанеш да ги мачкаш пред целосно да исчезнат, голема е веројатноста да се појават повторно.
На внучко му се појавија такви по телото, направивме мал милион испитувања и ни рекоа дека е шуга Иако мислам дека грешат, затоа што доколку има шуга ќе имаме и ние, сепак шугата нели е пренослива...
Кики шугата баш и не прави вакви исти пликчиња, малку поинакви се. По цело тело ги има? Под итно носете го на друг доктор.
Сега почнаа полека да се повлекуваат Исти такви се Ги има и на главчето и од што се чеша разранети му се Го носевме сегде, сите можни државни и приватни болници ги поминавме, се што ни рекоа му купивме. 3 месеци ниедна болница не може да дефинира што се и од што се. На крај ова со шугата е претпоставка... Почнаа да се повлекуваат но не знам од што точно затоа што многу препарати и масти му ставаме. Во 21ви век да не може да се дефинираат едни пликови навистина е срамота и греота...
Незнам дали е соодветна оваа тема да пишувам тука но незнам што е ми се направи на прстот од раката и тоа изледа вака - Дали на некој му се има направено ова и предложете некоја маст (не ме чеша ништо буквално само местото е како суво и изгледа вака)
Јас веќе недела дена имам привремено чешање по рацете, грдот и стомакот, некогаш и вратот и главата. На местото каде ќе се зачешам ми излева издолжен плик и црвенило кое после 1 минс ги снема. Дали некој имал ваков проблем? За 1 недела имам закажано на кожно да направам алерго тест со упот од матичен. И ако може некој да ми каже колку чини тој алерго тест со упут од матичен? Благодарам.