Видов дека нема ваква тема па си реков да ја отворам Затоа што веќе 3 месеци барам плик чанта и никако да најдам Или се многу скапи или не се убави или ги нема Дај помогнете кажете кај да си најдам убава некоја како http://img13.prodavalnik.com/images_pro ... 85x461.jpg ? И мислам дека темава ќе ни биде од корист за проноѓање на плик чанти или можеби некој други колку се нивните цени и така...
Денеска баш забележав убава плик чанта во малските продавничиња. Кремова боја беше со цена 300 денари. Си велам не е лошо да ја купам. Инаку, мислам дека темава погодно е да се искористи и за ставање слики од нет на плик чанти кои ни се допаѓаат. Еве нешто од мене
Периодот кога ми беше апослвентската беа ептен хит по нашиве продавници (а ние сме назад нели, една декада две од актуелната мода во светот ) и нормално секоја втора влечеше плик по нејзе. Не останаа незабележани оние ултра големите пликови... Мислам како? :geek: Спојлер Колку ми беа несфатливи девојките што парадираа со тие гломазни квадрати. Изгледаше како по нив да си ги земале скриптите од факултет, а верувајте ги собираше барем од два семестра во едно. Што носевте по вас побогу? Ништо бе собира.. едно телефонче да пикнеш, карминче и толку. Се што ќе додадеш веќе го прави дното преполно и не се затвара.. Тоалетен несесер! Башка изгледаш како минјон со трипати поголема ташна (новчаник) од главата што ти е на рамена Него ај тоа. Од страв да не им украде некој нешто, сите мораа нон стоп да ги влечат по нив. Во ГРО план се на сите слики - со ташната под мишка Mоже во некоја друга пригода поубаво би изгледале, ама ова дефинитивно не беше таа. Плус непрактични ми се! За некоја деловна пригода или за носење документи - перфекто. Во друг случај не би.. Anyway, оние помалите се поубави, иако не ми се нај омилени зашто не сакам нон стоп да бидам на штрек за тоа каде ми е ташната (пликот) и постојано да ги влечам во раце. Би носела, ама стриктно да е мала и да не е сплескана ептен (а кај нас повеќето се такви) Спојлер Simonche-to, злато, во секоја втора продавница ги има. Од 150, 250, 500, 1500... Маалски, центар, базаро, аксесорајз, шутка, сити мол... Претпоставувам дека си помала (не над 1, мој совет - купи си нешто друго по штосно - плик ташните изгледаат ептен сериозно
И мене искрено ми се допаѓаат повеќе тие помалите...иначе за нешто друго да ви кажам право не сум,си се запнав за таква и готово Интересни ми се Иначе во Сити кога бев гледам гледам ама нешто не ми се допаѓаа баш па кога ќе имам време ќе разгледам и по другите трговски центри А ги сакам зашто ми се лесни на рамо со едно синџирче внатре телфон,пари нешто така и готово A кога сме кај сликите од интернет овие најмногу ми се допаѓаат (бидејки такви ми требаат) :
Преубави се. За вечерни излегувања и гала настани се перфекција.А јас многу сакам кога на basic еднобојна плик чанта ќе и ставам еден брош странично од десниот агол, и со тоа доволно и го комплетирам изгледот.