Оваа тема е за да постирате слики од вашите или плишаните мечиња на вашите деца... Исклучиво ваши слики, не од интернет! Доколку темава не е убава или дупла - извинете и клуч! Еве некои од мене за почеток!
Независно дали е големо или мало плишаното мече никогаш не излегува од мода. eве ама не се гледа убаво слончето зошто не чини камерата
Не сум голем љубител на плишани играчки (за жал), но имам некои што ми се драги Ќе ги сликнам па ќе ги постирам
Имам полни вреки плишанни играчки што ми ги подарувале уште кога сум имала 4 години и уште ги чувам но сакам да и ги подарам на внуками која има 1 година.
Ај да ве прашам нешо ........... кумот и друфи роднини донесоја плишени мечиња и зајчиња Е сега јас сакам да ги исперам прво во машина пред да ги ставам кај бебето................ на која температура е најдобро да се исперат без да се оштетат ?
Имам еден куп. Порано обожававав да купувам и да ги добивам, но сега почнаа да ми сметаат, па дел ги подарувам, дел се складирани
На 30-40 степени максимално, не повеќе. И гледај да биде со детергентот со кој переш за бебето и без омекнувач. Јас така ги перев плишаните и платнените играчки до 6 месец, а сега веќе и не ги перам толку често, башка што малиот не си ни игра со нив.
Ми рекоја одкако ке сум ги исперела до 3 недели да не сум ги ставала со него..................... некако ептен ми је шубе да ги ставам во креветче ........... зашто знајеме како и каде се транспортираат и чуваат Една комшика ми рече со 3% хидроген да сум ги поминала после перењето за секој случај........ незнам дали да је послушам или не
Џабе ти е хидрогенот, поважно е перењето. Не можам да ти гарантирам дека ќе останат здрави ако ги переш еве на 60 степени да речеме. Инаку, јас во почетокот ги чував играчките во креветчето (испрани, нормално), на крајот кој што беше слободен. Секако уште е новороденче, нема поим од светот околу него, камоли за играчките. Не мора ни да ги чуваш во креветче, може да ги чуваш некаде на страна и подоцна да ги испереш и да му ги даваш на бебето, кога веќе ќе почне да го интересира околината