Дали редовно докторите ви проверуваат и кажуваат се во врска со плодовата вода....фала богу докторкава моја барем тоа ми кажува насекоја контрола. Е имам доста читано дека после 30та недела требало многу да се внимава, бидејќи можело да се намалу количеството и слично.
Да секоја посета мојот доктор ми нагласува за тоа колку плодова вода имам , и секогаш го пишува тоа во извештаите
Мене до сега само еднаш ми кажа докторката дека имам малку повеќе плодова вода и така откривме некоја нетолеранција на шеќер. И тоа се виде во 32-33 недела.
ако ти нема кажано значи се е во ред, и мене не ми кажуваше, па сама прашав и ми рече имаш доволно не се грижи се е во ред.
Денес за прв пат ми кажа за плодовата вода дека е супер дури и превише ја имало. Можеби и затоа после мочање ми потекуваше од мене некаква течност бело проѕирна. Сепак сум срекна што се е во ред
Вчера ми рече доволно вода, и бела. Си велам, да е лошо ќе спомнеше....ама па сега ме копка што значи тоа бела, да не знае некоја од вас?
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion Почитувани феминки,денес сум во шок,поточно од синоќа кога бев кај матичната на ехо... Моментално сум 34та недела и ми рече дека плодот е покрупен,понапреден и дека имам повеќеплодова вода отколку што треба,а тоа можело да биде или од скриен шеќер или пак што сум Рх негативна група.Ми даде упут за на трансфузиологија и за некој OGTT тест исто на клиника(со назнака на нив Хитно!),а и на мое барање ми даде и упут за ехо во Чаир. Денес отидов во Чаир др Георѓиев ме прими без проблем,го потврди и он истотот,дека имам зголемена вишок плодова вода,бебето спрема ехото одговара за 36та недела,а спрема менструација сум 34та(а да напоменам дека бебето е во ред се).Ме охрабри малку да не се нервирам,дека може и да не е ништо страшно,бидејќи минатите бремености беа природни,без никакви компликации ама сепак ме препрати и он на клиника да ги испитам тие горенаведени испитувања и уште ми вика,немој сега на нет одма да читаш мислења бидејќи кај секого не е исто...ама јас како јас испаничена цела одма тоа го направив и сум премногу исплашена и збунета.. ЌЕ ВЕ МОЛАМ дали некоја од Вас имала вакво нешто или некој ваш близок,било какво искуство ќе ми биде добредојдено...
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion Jas isto kako tebe mi rece deka bebeto e golemo ponapredno za dve nedeli jas sum 35 nedela a bebeto kako 37 da e,,,isto i jas sum rh negattiv no nisto ne mi rece deka imam poceke plodova voda ili skrien seker,,doktorkata mi rece moze pobrzo dase porodis deka e pogolemko bebeto ,,i maz ti izgleda e krupen cim i bebeto e ,,
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion Minne92 баш и докторот ме праша со која килажа сум ги родила првите две,ама не беа многу крупни-првото 3060гр,а второто 3460гр....а сега во 34та недела(спрема менс) имаме 2872гр,а и мм не е крупен,незнам кај сега испадна ова со вишокот плодова вода,уредна бременост до сега,ептен сум уплашена,бидејќи како што прочитав до сега може да има лоши наоди за бебушот,ахх
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion Ама и они претеруваа со тие мерките нивни за килажа, катастрофа. Јас 2дена пред да ја родам ќерка ми на ехо ја измерија 2850гр, а се роди 2490гр, глупости, ај не му се замарајте мн. Кети, ако има некој проблем сигурно ќе ти закажат царски не му се секирај многу и не се замарај, овие последни денови уживај повеќе
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion Da kety ne se sekiraj nikogas tie masinite tocno ne kazuvaat ,,,mene mi rece deka e 3i200 da vidime sega kolku kese rodi,,,ne veruvaj mnogu ne bi trebalo da ima nekoj problem
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion Драга meU и јас така викав,ама недај Боже да осетиш на своја кожа,дури и му реков на докторот-а да оставиме се на Бога,а он ми вика не не сепак да ги направиме испитувањата,па после ќе одлучиме...а за царски ми вика дека не е морално иако недај Боже да има нешто,ама затоа отом потом...досега бев на две мислења,утре на Клиника,па ако треба ќе одам и на четврто мислење,знам замарање е ама пусти страв додека се роди....сепак се трудам да бидам позитивна(таква сум си и по природа)само да не му наштетувам дополнително на бебушот... Фала минне92 на подршката,јас и ти сме тука негде со неделите,само со Господ напред мила,како што е пишано така нека биде...
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion ^Една од основните причини за зголемено количество плодова вода е гестационален дијабетис, направи си го тоа испитување, нема ништо страшно во тоа. Јас со второто ме пратија да испитам скриен шеќер околу 26 недела затоа што првото дете ми е родено со над 4 кила, немав ништо а и второто го родив уште поголемо од првото. Не знам што ве замараат таму со големината на плодот, па одговарало за 35 а било 33 недели, глупости живи, како да сите бебиња излегуваат како од калап па сите исто треба да бидат. Ете Меу малата ја родила 2.500, јас мојот 4.585 е сега на прегледи исто ли ќе бевме, за која недела ќе одговарал моето бебе а за која недела на Меу малата.
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion bittersweet јас воопшто не се секирам за тоа,колку е тежината и дали одговара на неделите тоа мене ми е јасно,мене ме мачи а и докторите што имам повеќе плодова вода отколку што треба,тоа е најголемиот проблем...а на спрски форум што прочитав дека тоа не е мала работа,сепак може недај Боже плодот да се роди со деформитет Ќе ги направам секако тие испитувања,само ме интересираше да не имала и некоја друга мамичка ваков проблем,па да сподели тука....сепак ви благодарам на одговорите,многу ми значат
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion Keti да ти кажам мила и мене душа ми испотртесоа цела бременост, башка крварењето што го имав до крај, ами и постелка одлепена, едно , друго, па како мене ќе ме спасувале , не детето, абе што да ти кажам. Триста приказни за на крај да утнат на банално, целиот проблем да ти бил во високиот притисок кој ниту еднаш не ми беше измерен за време на бременост. Важно ме убедуваа дека носам огромно дете до крај, ми идеше да убијам некој кога ми кажаа колкава се родила Во ред е тоа што бараш друго мислење, но еве уште некоја недела и влегуваш во 9ти, ако толку има нешто можат одма да те породат, така да без гајле, собирај сила.
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion Мене на предпоследниот преглед исто ми рекоа дека ми е покачена плодовата вода. Гранично ниво. Мереа некои џепови. Докторкава ми вика немој да се паничиш ништо не мора да значи. И ме пратија и мене на огт тестот и на трансфузиологија. Добри ми беа резултатите. И види сега, после 2 неделе на 4д одам и пак ми мерат џепови, и докторов ме искара. Вика а ова плодова вода како малце да ми е. Ти пиеш вода, ми вика. Ете ти за 2 недели скрос ралично. Сакам да ти кажам не се секирај. Се ќе си биде добро. Со ова тестовиве милион само ни штетат. Мисли човек пред секој тест. Стресови се тоа и за тебе и за бебчо.
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion И мене ми ја дијагностицираа истава работа при крај на бременост со второто и ми рекоа дека плодот е голем. Бев на испитување на скриен шеќер, ама резултатите беа добри. Јас дури и на пораѓање отидов со МНОГУ плодова вода...многу...
Зголемено количество плодова вода-Polihidramnion Само што се вратив од Клиника,на трансфузиологија резултатите во понеделник,а за ОТГ ме испобоцкаа на двете раце од вена и плус од прст крв,пиев гликоза и ми најдоа скриен шеќер и тоа 9.3,докторот се сомнева во гестициски дијабетес,ама за сигурно повторно во вторник ми закажа да испитаме пак се. ама што се мора,мора се за здравјето на нашите најмили...докторот ме стави на строга диета и ми рече да не се потресувам многу,бидејќи со правилно следење на состојбата,може да помине се во најдобар ред... Фала ви мнооогу драги мамички на вашите одговори и подршка,полесно е кога ќе видиш дека не си сам и дека сте поминале и вие низ тој пат,фала му на Бога со среќен крај fighter мила ако сакаш да ми кажеш како се породи,мислам природно или царски и дали навистина плодот беше голем како што ти кажале докторите?
Извини Кети , со доцнење е одговоров, ама се породив со царски. Не затоа што плодот беше голем, туку затоа што беше карлично наместено бебето и плус не се отворав. А јас сакав природен пораѓај но тоа е тоа.