Ти си веќе 37 плус немаш простор за паника. јас имав од 28ма кај мене беше причина покрај срцевидна матка да се породам порано 33 недела.
Здраво! Гледам дека вво глобала сите коментати во оваа тема се за намалена или зголемена плодова вода. Дали некој се соочил со инфекција во плодовата вода односно докторите го викаат sludge?
На ехо се гледаат како парталчиња да пливаат како талог и се таложат на грлото на матката. Брисеви и уринокултура чисти. Од каде таа инфекција незнам.
Некогаш ми се случува гаќичките да се мокри , како да знам да не е случајно плодова вода? 19+4 сум. Ставам и утрогестан само навечер .
Ели, нели ти мерат плодова вода на ехо? Кај мене во првата бременост ми беше намалена, ама од дехидратација, и тоа се виде на ехо. Претпоставувам ако кај тебе тече, нема да биде повремено, туку секој ден би било.
Досега било ок. Пред 2,3 недели бев на преглед и ми рече доволно е. Но како да разликувам кога е аларм? Околу мене периодов има само лоши вести, и мене паметот почна да ми забегува Кај кај една колешка се случи баш да снема плодова у 32ра нед. , па уште и сестра ми сабајле ми раскажува за другарка , ќе ја убиев
Мене во првата бременост во 20 недела ми се случи да станам мокра цела, баш како вода. Ми испитаа некако дали е плодова, знам и со спекулум ме гледаше и ме тераше да кашлам докторот, и на ехо после гледаше. Се случува течен исцедок преку цела бременост и на крај имав таков многу често, особено после прегледи. Спомни на нареден преглед да провери докторот дали истекува, макар што ќе беше на ехо намалена и ќе знаеше дека не е доволно.
Ќе се јавиш кај гинекологот, нема срам. Ќе кажеш вака и вака, да одиш и да те види. Тоа ако тече, ќе се види, ќе направи споредба со претходното ехо.
Не ми тече Туку баш прееска локва мокро на гаќичките, кругче. И претходно ми се има случено ама викам ај од утрогестанот да не е. @kristina.k баш понеделник сум на скрининг и ќе и кажам
Има едни како лентички со кои проверуваат дали е плодова вода исцедокот. Исто и на ехо може да се види дали е намалена.
И кај мене се стално мокри, особено сега откако користев вагиналитети. Јас во прва бременост имав високопукнат водењак во 8 ми месец и приѓав инекции за зреење на бели дробови, па се породив во 39 недела. Ова сега не знам што е, а на преглед сум на 1 март.
Ели истиот период од 17-20 имав воден исцедок нон стоп и како тебе одма со тие мисли да не е плодова и бев на преглед беше се океј исто како кај тебе што е .. ни инфекција ни плодова.
Zdravo devojki 29 nedela sum I mi kazaa deka imam zgolemuvanje na plodova voda I plodot e pogolem za Edna nedela Proveriv skrien seker ok e Ima li nekoja iskustvo so zgolemuvanje na plodovata voda
Не е страшно,штом скриениот шеќер е ок. Јас и со првото и со второто имав повеќе. Мене последно докторите ми рекоа лошо е да има помалку вода, а ако е повеќе и се во ред, нема место за паника
Пред 9 години? Никкави. Си лежев и наеднаш вода ми дојде. Толку. Ама ова беше во почетокот на 8 ми. Сега и да пукне, не е страшно.
Жени некоја да ми објасни што значи максимален слободен џеб 25 мм? Добро ли е тоа се намалува плодовата вода?