Денес бев на контрола 37ма недела сум од денес и ми кажаа дека имам намалена плодова вода и дека денес најдоцна до утре треба да отидам да договорам за царски, инаку сите резултати се одлични. Ве молам искуства, бебето е карлично
Кај вас што имаше намалена плодова вода дали на крај се испадна како што треба? Дали беше се во ред со бебчето после пораѓај
Од која недела имаше намалено плодова вода и дали знаеш колку. Ме испаничи матичната и не ја прашав ни што значи има пишано џеб 4см.
Од 34та ич немав, под граница, ме водеше Ќаев од 34та до 38ма и ме породи. На неколку дена ме следеше. Џеб е кај што стои плодовата вода, имаш повеќе, не е еден.
Исто сум 34+3 г.н. се надевам ќе оди уште некое време без да има проблем. Инаку не сум од Скопје па не знам воопшто дали ќе ме пратат на клиника или тука ќе ме следат.
Здраво мамички, Моментално сум 34. недела од бременоста и ми дијагностицираа акутен полихидрамнион (вишок плодова вода). AFI ми е 31 см. Бев на преглед, ме пуштија дома, но ме водат како акутен случај и одам на секојдневни контроли. Ми рекоа да бидам на строго мирување, да не го пипкам и притискам стомакот и при најмала болка, контракција, истекување на течност или каква било промена веднаш да одам на Ургентна гинекологија. Искрено, многу сум исплашена. Постојано се плашам да не ми пукне водењакот или да не почне предвремено породување. Дали некоја од вас имала AFI околу 31 см? Како поминавте до крајот на бременоста? Дали успеавте да ја износите бременоста уште неколку недели? Би ми значеле многу вашите искуства и совети, затоа што моментално навистина сум многу загрижена. Ви благодарам однапред. ❤️
Па и баш не е страшно толку многу вишок плодова вода колку што е страшно дефицит. Јас имав намалена плодова вода и тоа 6цм. Од 34та ми видоа, сакаа да ме породат пред време, дека без вода не може. Па од 34та до 38ма Ќаев ме водеше на клиника на два три дена и ме породи во 38ма со терминско здраво право дете. Така да не се грижи. Другарка скоро цела бременост имаше вишок плодова вода, ја тестираа за шеќер и слично па се беше океј, не ја водеа никако ризично, бидејќи сите резултати беа добри.
Мене не ми текнува колку вишак имав, ама имав со првото пред 11год до крај на бременоста. Кога ми пукна водењакот, водопад истече од мене Тогаш родив 4400г бебе во 41ва недела и убаво се сеќавам дека многу коментираа (на прегледи пред раѓање) за плодова дека имам многу. Имав и со третово некој период вишак вода, а потоа се стабилизираше. Да побарам низ форумов треба, се сум заборавила. И она големка се роди, 3720г во 38+1. Најдов што сум пишувала на форумов... и за второто ми кажале за вишак плодова. Со сите 3 значи исто ми било. Скриен шеќер ми беше супер инаку. Ќе си истераш, не се секирај. Добро е што редовни контроли имаш Инаку никакви проблеми не ми направила вишак водата. Само со првото илузија ваљда им направи дека е помал Па бебето од 3500, излезе 4400г. А и со третово, дека царски 38+1, докторот изненаден беше 3720 дека се роди.. рече, јас очекував до кај 3400 да биде макс
Ох срце да е жив и здрав, контроли ми закажаа на еден ден мене, бебко на мама е 3500 сега. Се надевам на најдоброто Ме испреплашија на клиника. Фала ви многу мамички
Здраво на сите. Денес бев на ехо, докторката рече дека се е во ред, но дека плодовата вода е на долна граница. Не ми кажа ништо повеќе околу тоа. Колкави треба да се вредностите за 21ва недела? Во прилог резултати од ехо. За сите други органи рече дека се е во ред. Не препраќа кај докторка Ана Данева во Промедика. .