Не, се мисли на подолг период. Не може да се намали од еден ден непиење вода. Ќе те види и твојот доктор, па ќе ти каже тој најдобро. Гледај пиј вода, течности колку што можеш и одмарај.
Девојки последно ми кажаа премногу плодова вода... Испитав скриен шеќер, на гладно 3,8, после 1 час 4,86, после 2 часа 4,8. Значи тоа е ОК, ама се зачитав и гледам дека многу плодова вода може да значи дека плодот може има некоја аномалија. Се вадам од памет, 27ма недела сум а докторката не ми изгледаше загрижено.... Треба ли вакви стресови да си праам
Леле ова со плодовава вода вејќе од кожа ме вади. Мене ме водеа со намалена, што мислам дека е уште полошо од зголемена. И јас читав све и свашта на нет мислам животов за 10 год ми се скрати. Потоа појдов и на второ мислење и таму ми рекоа дека е нормално количеството на водата. По некое време и матичниот заклучи дека е ок и само за џабе стресови. И тоа мене се ова ми се слушуваше околу 16/17 недела кога ако не дај Боже тргне нешто наопаку нема спас за бебето. Дури матичниот ми викаше дека ќе пратиме и ако се намалува ќе треба да абортирам бидејќи со бебе не е нешто во ред. Барај и второ мислење и не се паничи, сепак ти си скоро во 7 месец, ќе се следи ситуација ќе одиш почесто на контрола. Види провери и црп, брисеви повтори, бидејќи мене матичниот ми кажа дека и некои инфекции воделе кон зголемување на плодова вода. Јас се испитав иако бев обратен случај, ама за секој случај. Ти посакувам и кај тебе да испадни дека само така личело и дека е се во ред со водичката и со бебче. Најважно не се паничи оти стресот полошо му прави.
Така и испадна.. Ме испаничија вчера намалена скоро на граница и бебче заостанува со развој... Не качило цела недела килажа. Денес бев пак се зголемила плодовата вода ми рекоа највероватно дехидрирана сум била... Оффф стресови само. Кај тебе качуваше на килажа бебуш?
Кај мене беше поназад две недели, ама јас имав намален проток на папочна врвца. Со клексани тоа се среди, а плодовата вода си беше намалена до крај, не многу, ама беше намалена. Да не не измериле добро првиот пат? Не се секирај. Одмарај и пиј течности, ќе биде сѐ во ред
И во која недела се породи? Кај мене сега стомачето помало така кажаа вчера а до сега си брше во ред. Инаку и јас сум на терапија со клексани...
Уф, не ми текнува точно, 38-39 недела мислам беше. Ама ќе терав уште, ме породија порано поради други причини. За колку е помало? На ехото што ти пишува, кој е терминот според мерки?
Не ми даде вчера извештај само прво констатираше намалена плодова вода и кога мереше се си беше во ред главче, ноџе, а стомачето за недела дена помало... Па кога укуца таму излезе само за 50 грама повеќе од претходен пат... Така ми кажа и тоа успеав да видам на екран а не ми даде слика од ехо... А денес вика има поише плодова вода од вчера... па сеа ќе видиме. Ти на колку дена одеше на контрола?
Ме интересира како се гледа дали плодовата вода е заматена? 1 недела како ми е поминат терминот и водата почнала да се намалува но никој на преглед ми нема спомнато каква е водата.. читав дека во случај на поминат термин може да има во неа меконониум?
Здраво пишав во труднички ама како и секогаш не одговарат многу на прашања како ќе им текне па ваљда тука има некоја што ќе знае.. денес ми протече малку вода мислев се измочав ама после тоа бев во тоалет др кажа бебе Добро вода има колку не ми кажа тоа сакав да го чујам ама не ни спомна а и тука во мојт град и да умреш без пари нема никој да те прегледа како што треба ме виде со прсти не сум била отворена ни вода не течело ctg не ми правеа а требаше да ми прават ама незнам што направија и се заборави за Скопје да сум одела таму ќе видат е сега чекам ако ми протече пак ќе идам за систина.. некоја со ваков случај има ли..29та недела сум
A сигурна си дека беше плодова вода тоа што потече? Да не беше само потечен секрет? Ти проверија со хартија една што мери пх? Мене некако не ми е логично еднаш да потече водичка, па после ништо да не тече? Кај мене кога се сомневаше докторот дека е намалена, јас појдов во Плодност и таму ми мереа по џепови за да видат дали има доволно. Баш ме прашуваше да не сум осетила да ми течи, јас му викав дека не знам оти имам течен секерет. Сакаше да ме прегледува рачно и баш ми рече ако не носиш секојдневна и ако не ти се влажни гаќите не ти течи. И така се спасив од преглед и за среќа испаднма дека врска нема тоа со плодовата вода.
Како знаеш дека е плодова вода?! Мене чњсто ми се случуваше, ама не беше плодова. Кога пукна водењакот на пораѓај сфатив дека она протекување било гола вода
Јас приметив и по нозете дури ми течеше па кога отидов во тоалет на долниот веш примети све мокро не ми провериа ништо освен со прсти дали сум била отворена и дали уште тече вода не течеше ништо и тие не знаеа што од каде само за Скопје да сум одела глупости дај боже и кај мене да биде исто како кај тебе многу се плашам што ли ќе биде уште од сега Јас не реков плодова вода туку тие што ме прегледаа денес јас им кажав дека вода ми протече наеднаш и по нозете приметив тие одма рекоа плодова вода ама не сме сигурни а не ни видоа дали е намалена само за Скопје да сум одела..Јас не ни знам како изагледа плодова вода тие ме прашуваа дали била жолта она ова јас не приметив боја од страв одма во болница истрчав
Плодова вода не истекува полека и плус ќе сетиш топло бидејки е топла. Така да нее плодова вода може си се одмочала а да не приметиш.
Офф штом по нозете ти протекло можно е... знам докторот ми има спомнато такво нешто. Јас би фатила Систина одма штом немате асални доктори, ќе си посмирена.
Да и така таму редовно си одам ќе почекам до утре ако пак протече ќе одам.. Не после тоа кога видов дека ми тече се измочкав нормално како и секогаш..
Може да истекува пополека не одеднаш ако е рушен водењакот горе, меѓутоа сепак ќе течи постојано по малку, а не вака 1 и толку. Мислам простудирав на темава досега. И мене повеќе ова ми личи дека се имаш измочкано.
Освен плодова или урина, може да биде и засилен секрет. Вагината постепено се припрема, па и жлездите лачат засилено. Јас од почеток на осми месец па се до крај бев постојано мокра, само менував гаќи. @saramila09 ако осетиш повторно денес неконтролирано течење на вода (не само навлажнување на гаќите, туку баш протекување по нозе или на панталони) трк на лекар. Среќа што ти кажале дека си има доволно вода. Цтг-то е небитно во моментов, а и рано е за тебе.
Да сум се измочкала ќе приметев плус друго е да се измочкаш друго е наеднаш да ти протече нешто дај боже да не биде тоа ќе видиме др ивановски што ќе каже.. Ти благодарам многу мила за убавиот одговор.. да да ако приметам пак ќе одам