@saramila09 ко бев бремена во 20 недела ми потече така како вода, мокри ми беа гаќите. Ми направија преглед вагинален, требаше и да кашлам за време на прегледот, исто и абдоминален за мерење на водата и се воспостави дека не истекува од нигде. Потечен секрет беше, може и кај тебе се работи за истото. Стави си секојдневна влошка и на неа ќе видиш дали е мокра како од вода.
Не се повтори намалена е плодовата вода од систина ми потврдија ама сега за сега уште 2 месеци ќе издржам со Господ напред
Баш ми е чудно. Како може да истече така. Ајде се ќе биде во ред и ќе се издржи уште малце ни останува.
Сега за сега не наредната недела сум на контрола па ќе видиме Е па така некој па не ни приметува дека им тече
Може да протекува само ако некаде е напукнат водењакот, мене ми беше горе високо малку напукнат, со некој тестер за проверување дали е плодова ми потврдија дека е, позитивен беше, се ставаше вода на него и покажа дека е плодова... Но мене кога ми се случи тоа, веќе пред раѓање бев, и на 3,4 саати два дена ми истекуваше млаз топол како да сум се помочала, но се осеќаше дека баш од вагина истекува. И инаку од едно протекување неможе да се намали толку, тоа може била намалена и од предходно. Два дена може преку 10 пати млаз ми истече, дури тренерки ми беа мокри, па пред раѓање сеуште имав доволно вода...
И јас вака знам. Бидејќи кога се сомневаа кај мене дека е намалена ми викаа дека ако е рушен водењакот некаде горе ќе си течи постепено, но не 1 да потечи и толку. Буквално дека ќе сум била како подмочкана постојано. Затоа мене уште ми е чуден целиот овој случај и се сомневам дека тоа кај членката е водењак. Но не сум др, тие во секој случај знаат подобро. Особено им верувам во Систина иако лично не сум била. Затоа и јас прво ја прашав дали проверирле со тие тестерите, бидејќи на пријателка моја и се случи во 38 недела така да и се руши и да и протекува и на болница и викаа слуз дека е. Па среќа со таков тестер видоа дека е плодова и за 1-2 се породи. Ама и од нејзино искуство знам дека едно 30 сати цела била утоп и потрошила 5 пакетчиња вир и 20 гаѓи.
Исто. Иако бев со вир улошка, преку неа истекуваше и утоп и тренерки ми беа. Инаку дека така повлакнести си ги раѓав бебињава, во плодовата имав нежни бебешки влакна и така сфатив дека тоа е тоа Дека прво мислев дека се подмочувам, но и водичката е лигава, млечна. Друга причина незнам за намалување на плодовата, но еве преку 10пати убав млаз ми истече и пак имаше доволно вода.. А и во други случаеви сум слушнала дека водата им се намалила, а не им протекувало па ич на гаќи, тоа незнам како се случува..
Јас утринава станав и осетив мал млаз (како пример мензис кога се чувствува како тече), видов дека е белузлава течност но немаше многу. Е сега ставам Утрогестан и друг пат сум нашила како тече од него малку белузлаво. Немаше топлина водата. Да кревам паника и да одам на лекар?
Немој. Кога ставаш утрогестан? Ако е навечер, од него ти протекло. Ова баш е како топличка вода лигава, мене накај 16ч прв пат ми протече и после тоа веќе на секои 3-4ч имав млаз. Види во текот на денот како ке биде.
Се јавив сега . Најверојатно е Утрогестан истото заклучивме да почекаме во теков на денов. Навечер ставам и насабајле,но денес уште не сум ставила. Баш беше она прво станување од кревет после ноќта Многу е безвезно чувството, ние сме и премали сеуште, во деветнаеста сме. Мене ми е став дека се две бебенца во два водењаќа. Ќе следам ситуација, фала ти!
Таков белузлав секрет особено наутро е нормален. Јас не ставам утрогестан и пак го имам. Кога си лежел се собирал и кога ќе се размрдаш истекува. Ова ми го кажа матичниот. И јас на почеток паничев. Е сега нз колкава количина била кај тебе. Кај мене е 1 капка на гаѓи колку 1 денар голема. Можеби и помалку. Ама објаснив.
Нема везе, во такво стање сме како и да објаснуваме не е лошо. Не знам количина зошто баш видов како протече. Други вечери станувам по 6пати и повеќе за тоалет, синоќа не. Претпоставувам тоа е се наталожило. Сега па ме пече кога мокрам, си велам да е имам инфекција па од држење цела вечер да ми се случило да пуштам мокрача.
Пиј многу вода, јади солено и пиј по 3 литри на ден. Одмарај лежи колку можеш. И јас со многу намалена плодова издржав уште 3 недели цели па ме породија. Бидејќи одев на контроли секој втор ден со толку пиење вода и одмор само ми се зголемуваа чеповите вода. Од дехидрација знае да се намали плодовата вода иако не истекува. Со лесно!
Кај мене е изгледа Утрогестанот. Еве пак истото се случи, пак на прво станување од кревет. Не знам во која тема да пишам, тие што користат Утрогестан дали им се случува после ноќта да се слее во потечна форма вагиналетава?
Сега уште повеќе сум дехидрирана од вирус катастрофа сум пијам колку што можам и јадам солено и така од почеток лежам дај боже уште месец дена да издржам..
Исто откако ќе ти заврши вирусот гледај да јадеш храна богата со протеини и аминокиселини, бидејќи плодовата вода е аминокиселинска течност. Ова го најдов кога пребарував за мене на странски сајтови и го применував. Дали тоа помогна нешто или пак врска немаше дека ми е намалена не знам, ама ништо не штети. Секако на бебе му требаат во овој период многу протеини за да расти