едно прашање со првото дете водењакот не ми пукна дома, отидов во болница 8 см отворена и таму др ми го пукна водењакот. Затоа не знам како изгледа тој момент на пукање водењак. Имс ли некои баш препознатливинсимптоми за тоа? Утрово отидов во тоалет, и некако мн ми се виде мочање, дали дека цела ноќ не станав не знам. Инаку сум 30+5
Mozebi bidejki ne si bila cela nokj.. Kakva boja bese urinatta dali imas zabelezano ? Bidejki na mene sekoj den mi tece plodova voda po malku
Epa na 27+6 dobiv bolki i koga otidov na doktor izleze deka od infekcijata imam bolki pa imav krvarenje , krvarenje ama rozava boja ne crvena iii sopre krvarenjeto ii imav mnogu zolta tecnost prosledeno durii i na zeleno mi praveja test ii izleze pozitiven deka istekuva plodovata voda. Fala bogu ima dovolno izgleda bila poveke i na sekoi 2 dena ja gledat plodovata voda na bebeto.
Не се секирај ако ти пукне водењак одма ќе знаеш. Мене ми беше прснат течеше цело време по малку, одма знаев дека е водењакот, течноста беше ко млечно бела накај розевкаста. А ако пукне одеднаш, стомакот одма се спуштал и јаки болки почнувале.
Како мислиш? Они на ехо цело време ја следат колку има. А 40та мене ми ја проверуваа дали ми е заматена.
здраво ме интересира за намалена плодова вода во 30 недела од бременост геникологот ми рече само поќе вода да пијам и ништо друго па добро би ми дошло совет плус
Здраво женски и јас сум нова па да прашам .Денес бев на контрола скоро 17 недели сум бремена ,докторката ми рече дека ми е намалена плодовата вода, а кога бев во болница за мислење за комисија му реков на докторот ако може да ме прегледа ,ми одговори :рано е да се мери плодовата вода .Ако може ваши искуства оти се преплашив незнам што да мислам ,поздрав
Се обновува плодовата вода, пиј течности, може да се среди. @lovely12 и мене ме интересира. Денес гаќите ми беа мокри од памет се извадив, ама ај си викам од што се испотив, ептен пешачев на сонцето... Бебко мрда, активен е... Не знам што да мислам.... Не сакам да паничам....
Јас имам зголемен секрет, и потојано влажна... сега користам и вагисан вагиналети за кандида и сум катастрофа...па ако има некој да знае нека пише.
Од тоа што успеав да најдам на интернет: најдобар тест за дали истекува вода е да се истушираш и со памучна крпа дда се исушиш, да биде сува, да легнеш и меѓу нозе да ставиш памучна крпа...доколку има кругови водени значи истекува плодова вода. Има благ мирис и не мириса на амонијак. А додека се движиш помали се шансите за истекување бидејки бебето со главчето го затвора цервиксот и нема истекување. Затоа памучна крпа меѓу нозе, лежење најмалку 20 мин вртење лево десно...ако истекува тогаш одма на доктор....а другото може сте се помочкале или едноставно имате многу секрет...постојано влажни
Да се случува мн често и на мене и на други што имам правено муабет.Инаку премногу пиеме течности ,матката расне се шири и претиска на бешиката и се е нормално.Без грижи на сите
Здраво, и кај мене е иста ситуација. 17 -та недела а ми рекоа намалена плодова вода. Што ти препорачаа тебе и како е сега состојбата?
Јас сум 35 недела и полека се спремам за моментот . Сакам да прашам како треба да се изреагира кога ќе ти пукне водењакот? Нели постојано тече дали треба да стоиш за да истече или да легнеш да ставиш пешкир и да чекаш да престане ????
Кога ќе пукне водењакот ако е се во ред, се спремаш и одиш на болница. Не сум слушнала дека некој чека да престане да тече и не мислам дека тоа е паметно бидејќи пукањето значи дека пораѓајот е близу и треба да те следат. Кај некои жени тече филмски во млаз, кај некои по малку. Можеш да ставиш влошка или пешкир ако ти тече пообилно. Голема е веројатноста дека прво ќе добиеш болки па ќе те задржат на болница па после ќе ти пукне или тие ќе ти го пукнат. Не секогаш водењакот пука на почеток.
Мене ми пукна водењакот без да имам никакви болки. Течеше по малку. Се искапив, ставив влошка вир и замимав во болница. Пораѓајот веќе беше активно почнат, за неколку часа бев 10 прсти. Нема што да чекаш, ако пукне додека си дома се спремаш и право на болница зошто тогаш околу плодовите обвивки се распукани и бебето е склоно на инфекции.