На сите силувачи треба да им направат како тој што беше гол врзан. Тие што го гледале знаат за кој зборам
Добар филм. Навистина брутален. Го гледав пред некој ден и уште сум под силни импресии. Се беше толку реално прикажано. Гадно беше, си признавам, ама херојски издржав да го изгледам до крај.
Ууу, колку глуп филм Господе!!! баш ги читав вашиве коментари околу филмот, и се решив да го глеам, и се покајав! Све околу филмот, беше веќе видено, ништо ново буквално, овие американскиве филмови се само копи-пејст еден од друг, све се знаеше што ќе се случи, а и глумава не беше ништо посебно, тоа е мое мислење..
Јас пак воопшто не се покајав што го гледав ,навистина ми беше многу интересен. Се сложувам со вас дека малку е и гаден,но сепак вреди да се погледне. Секоја чест за филмот
првата половина од филмот, е уфффф дури го намалував тонот, и се вртев на другата страна неможев ни да гледам ни да слушам, е втората половина е друга прича, гледав и се смеев и само викав така им треба така само така, (дечко ми во позадина ми се смееше оти ептен навлегов во филмот ). Како и да е секој си има свој вкус на некој ке му биде убав филм на некој не, мене ми се допадна крајот на филмот, одмаздата, а пак не би го гледала.
Доста интересен филм. Само одвратните сцени каде што им врати за се неможев да ги гледам. ФУЈ Инаку филмчето си е океј.
Филмот е ок но не ми остави некој посебен впечаток само се ежам кога ќе се сетам дека има вакви гнасни суштества и во нашата блиска околина . Проклети да се !
Филмов од кога го имам дома, а не сум го гледала, не му дошол редот. Гледам цела тема за него, епа ајде се фрлам на гледање. А баш сакав да си пуштам неделно релаксирачко филмче... ме зезнавте.
јас па мислев овој со духови дека е, и секогаш го избегнував пред некој ден го гледав The Last House On The Left, а овој е веројатно сличен на него, така да дефинитивно ќе го гледам колку што видов на трејлерот, има некои грозни сцени, ама ги издржав сите делови на Saw, така да ќе го издржам и овој
Го изгледав филмов (пред неколку месеци, ама сум заборавила да коментирам ) и баш ми се допадна.. Не ми беше многу тежок за гледање, ама навистина имаше одвратни сцени, на пример таа со камерманот.. Тие си го добија тоа што го заслужија, на најдобар можен начин Повеќето работи што ги направи девојката ми беа очекувани, освен таа со камерманот Единствено жал ми падна за тој со посебни потреби шо беше, можеби затоа што го сакам глумецот Некако глушаво заврши филмот, баш се чудам што се случи со девојчето (ќерката на шерифот)?? Многу е сличен со The Last House On the Left, ама повеќе ми се допадна овој..
Првиот дел толку беше добар што решија и втор дел да направат , само овој пат не е во шума и колиби туку во гаража или сл.
Пред некое време го гледав, мене ми беше ок филмот, имаше некои гадни сцени ама се издржуваше. Посебно ми се свиѓаше крајот
Не очекував дека жената на таков начин ќе им врати. Инаку има и втор дел од филмот. До пола го излгедав повеќе неможев..
Tој филм е вознемирувачки го гледав неодамна но длабоко ме потресе посебно делот со силувањата .Tа и повеќе пати ја силуваа а вториот дел ми беше поинтересен мислам помалку измачувачки ми делуваше.Cекоја чест на девојката што им се одмазди ,но во реалноста се прашувам дали така се одмаздила барем една од жртвите
Баш сега го гледав вториот дел од Плукам на твојот гроб. Во овој дел,дејството е концентрирано во подрум на куќа,барем првата половина од филмот.Многу потресни сцени имаше.Едвај успеав да го изгледам. А вториот дел од филмот е веќе нешто друго.Девојката ја започнува својата одмазда... Премногу ми се допаѓа филмот,од сценарио,улоги,глума итн. Го препорачувам за оние кои можат да гледаат грозни сцени