Многу добар филм. Искочи и 2ката..како и да е првиот дел повеќе ми се свиѓаше, си го добија тоа што си го заслужија! Браво за филмот
Пред некој ден го изгледав и I Spit on Your Grave 2, добар беше ама не ми се допадна колку првиот Можеби затоа што се ми беше веќе видено, во првиот дел ја малтретираат девојката, во вториот им се одмаздува, правејќи им го тоа што тие и го правеа, и притоа користејќи ги истите реченици Многу предвидлив беше некако.. и дефинитивно погрозен беше од првиот
Го гледав во сптември првиот дел, а сега пред месец дена вториот дел. Како љубител на хорор дефинитивно давам 10+ за филмот, одлични се и двата. :up: Сама ги гледав и искрено не знам зошто ама хорор не сакам да гледам со никој друг. А девојката и нејзината храброст... Да го гледате филмов супер е. Едит: Читам возрасните ве дирнал филмот, некои немале стомак да го гледаат, а јас на некои сцени се смеев и го гледав со уживање, не сум воопшто емотивна и сум прилично јака личност, па може до тоа беше. Сепак тоа е само филм.. На мислам сум вечер да го гледам тој од 1978 година.
Леле како можеш да издржиш да гледаш јас на секоја таква цена не ни помислував да цирнам, инаку супер филмче последен хорор филм што го гледав можеби пред две години и незнаев дека има друг дел сакам хорор филм ама после ми е многу страв со месеци и затоа не гледам често
Хаха што знам, сепак филм е тоа само. Секој различно. Го гледав и тој дел што ви пишав дека ќе го гледам, тој е уште погрозен од овој иначе, ама мене ми се допадна, сепак не ми беше многу интересно зошто знаев што ќе се случи.
Само што го изгледав филмов и искрено не е толку вознемирувачки колку што тука сте опишувале. Сепак секој различно ги доживува таквите сцени, но мене не ме дирнаа ич Вториот дел кога се одмаздува е многу погадно од првиот кога ја силуваат, Spoiler посебно кога го уби тој во кадата и тој со чавките, одвратноооо . Ама се на се, добро филмче
Не ги ни прочитав мислењава,сеа ги читав.Незнам со кој памет барем некои делови од филмов изгледав само премотував и станував и се нервирав.Ај овие ама како можеше бе тој со ДЕТЕ И ЖЕНА алоо,да силува девојка бе еј,кој мозок мислам?Најнајнајмило ми беше него коа го уби,ама си се изнасмеав на крајот.И дефинитивно не е за моја возраст јес да ни 50% од филмот не изгледав само премотував зашто ми беше многу гаден.И на пола филм се смеев.Незнам,убивање силување мене се живо ми е смешно така да и на филмов на повеќе сцени си се испонасмеав.А мнооогу ми беше жал за тој ретардираниот.. Како и да е не требаше да го гледам.Филмов е строго за некои што имаат нерви и да не повраќаат и што имаат над 18 години
Многу гадни сцени има. Сцената со силувањето едвај ја изгледав, толку беше грозно, сурово и реално. Сцените кога им се одмаздуваше исто така ми беа многу гадни, а обично не се гадам на сцени од филмови имам некоја толеранција. Многу беше гадно забите кога му ги вадеше, со половиот орган, тој во кадата... Тотално полуде после тоа што и го направија. Знате дека има и втор дел?
Да, вториот е со сосема нови глумци ама интересен е. Ко по обичај негативците мора да бидат од источна Европа.