Здраво феминки.. Сакам да прашам дали некој има искуство ко моево... Се породив и детето се беше ок, но утрото ден го однесоа одма на интезивно во иинкубатор имало пневмонија... Па ме интересира дали некој имал некое вакво искуство и дали поминало добро или не дај боже лошо и колку дена му лежело бебето во инкубатор? Поздрав
Најискрено, кога го прочитав ова срцето ми зачука ненормално. Јас од две години имам пневмонија и ден денешен ја имам. Но, за разлика од пред 10 години, подобро сум. А ова е штотуку родено бебе.. Незнам ама ич што би можело да се случи.. Уште е премногу малечко за да се бори неговиот организам со какви било бактерии и вируси. Значи, велиш, ти кога си го родила сѐ било океј? Тогаш медицинските сестри се виновни. Којзнае како го бањале, шо праеле па бебето веднаш да се разболи. Да ги тужиш тие. Неспособни.
Ги праша ли што е причината, од раѓање јас има или за толку кратко време фати, ама џа еден ден да фати пневмонија?
Па ми кажаа дека од мене било пренесено, т.е. јас сум имала некоја инфекција и му се пренела на него и така добило пневмонија :/
Немам такво искуство ама пиши како ќе биде бебчето, дај боже побрзо да оздрави, односно сигурно ќе оздрави.
Со помин нека е, не сум имала вакво искуство и никому не посакувам. Јас со моето второкога се породив, со царски, детето не ми го донесоа.Добри три дена беше во опсерваторија, имало инфекција која ја добило од мене! Меѓутоа тоа не беше вагиналан инфекција, туку јас додека бев бремена имав тешка бронхопневмонија со температура и таа инфекција се симнала кај бебето. Знам дека моето бебе примаше терапија но не ми кажаа каква дијагноза има. Кажи ми дали знаеш колку му е АПГАР на бебето и ЦРПто колкаво е? И добро е што е во инкубатор, ќе се среди штом го земале во заштита, само ќе мора многу да се внимава после, ќе биде преосетливо. Срце мало, нека оздрави побрзо.!
Апгар 8/9, а тоа ЦРП што е? Се породив 34+4 според претходната пресметка нели според последна менструација, но откако го измерија детето ми рекоа дека само што сум влегла во 9ти месец, зш тоа тежеше 2740 а должина 47 цм.
Womwn17,а да не голтна малото плодова вода при пораѓајот,ако бил тежок и долготраен..Ако имало мекониум во плодовата вода,можна е инфекција.
Многу ми е жал што ви се случило такво нешто... Штом е родено пред време голема е веројатноста од инкубаторите да фатило некоја инфекција...па после да се извлечат тие самите товарот паѓа врз нас,мајките Дона,ви посакувам што побрзо да оздравете... Совет да ти дадам неможам за жал... А бебуш во болница ли е?
Да да во болница е уште.. подобро било и почнало да диши повеќе само со малку помош од апаратите... и според нив не било во животна опасност па се надевам дека побргу ќе се излечи и ќе може да си го гушкам :/
Не не, таму е сместен утрото ден после породувањето, јас вечерта се породив оно утрото ден сабајлето било сместено во инкубатор.
Во ред е тогаш ти си таму со него.Ќе те известуваат докторите како оди напредокот. Нека оздрави побрзо!
Бев таму со него ама веќе не сум, ме пуштија мене и оно сега е само таму и само преку тел добивам информации не дозволуваат ни посета :/