1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повеќе знае ѓаволот (Más sabe el diablo)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од mode-kristina, 31 мај 2015.

  1. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Видов нема ваква тема,а ако има избришете ја.Оваа серија пред неколку години се даваше кај нас на Сител.Не знам дали сте ја гледале,ама јас ја имам гледано и многу ми се допадна.

    Пред 20 години, младата слугинка Есперанса Салвадор, добива дете од синот на семејството на чиј мексикански имот таа работи. Семејството Асеро, посебно мајката Грациела, бременоста воопшто не ја одобрува, па ја носи Есперанса во клиника за абортуси. Девојката успева да побегне, добива виза и се сели во Мајами,за да може да биде поблиску до такото на детето, Мартин, кој живее во Њујорк. Доаѓањeто во големиот град ќе и зададе нови проблеми посебно кога таа ќе биде нападната и ограбена,а на тие маки, таа го раѓа Анхел.Години подоцна, њујоршките улици се втор дом за снаодливиот Анхел,кого сите во квартот го знаат како Ѓаволот. Заради своите вештини во крадењето, и покрај своето добро срце, тој станува член на криминалното друштво кои се специјализирани за големи кражби, со што подоцна ќе плати и со затворска казна. Така ја запознава адвокатката Мануела Давила, атрактивна девојка која не ни помислува дека симпатичниот криминалец за чија слобода се бори, ќе и го смени животот.После излегувањето од затвор, Анхел е одлучен да започне нов живот, што подалеку од криминалот и кражбите, но дознава дека неговата мајка му е должна на Леон Белтран, шеф на бандата за која пред тоа работеше. Криминалецот и ги платил болничките трошкови на Есперанса додека Анхел бил затворен, а единствен начин за враќање на долгот е повторно да биде дел во кражбата за време на една добротворна забава. На забавата, Анхел и Мануела повторно се среќаваат, а симпатиите од двете страни би можеле да влијаат врз нејзината одлука, дали да се омажи за Мартин или не, кој воедно е татко на Анхел.

    Па ако ја гледавте и вие споделете мислења.Таа кај нас се емитуваше после Анали или Богати и сиромашни,не сум сигурна,ама мислам дека после овие се емитуваше.А што се однесува до преводот,треба да се вика Ѓаволот знае повеќе,верувам дека поголемиот дел од вас го знае тоа.Ама од нашите телевизии очекувам да се прават грешки во насловите.

    Жанр теленовела
    Создадена од Химена Ромеро Лина Урибе
    Настапуваат Хенкарлос Канела
    Габи Еспино
    Мигел Варони
    Карла Монроиг
    Земја на потекло САД
    Јазик шпански
    Број на епизоди -
    Продукција
    Изврш(ен/ни) продуцент(и)
    Аурелио Валкарсел Карол
    Времетраење -
    Емитување
    Канал на емитување
    Телемундо
    Емитување 25 Мај 200912 Февруари 2010