1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повеќе јаглехидрати-помалку килограми

Дискусија во 'Диети' започната од Antoninaaa, 17 јуни 2013.

  1. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Значи пребарував по темата и не најдов слична.Диетата ја имам од многу одамна и секогаш кога излегувам од колосек ,како всушност и скоро сите жени,се ставам на следниов режим некое време и баш секогаш сум задоволна од резултатите.
    Јас не би ја нарекла диета,туку режим,затоа што е едноставна и не е изгладнувачка.
    Прво ќе ви ја напишам како јас ја имам ,а потоа ќе го споделам моето мислење со истата:
    По истражување на американските научници се сугерира дека е можно да се ослаби доколку се придржувате на исхраната со малку масти и многу јаглехидрати.
    Научниците од Универзитетот во Арканзас додават дека телесната тежина може да се намали без да се намалат калориите.
    Во истражувањето учествувале 34 испитаници,кои се придржувале на препорачаниот начин на исхрана 3 месеци.
    Испитаниците можеле да јадат колку што сакаат ,просечно по 2.400 калории дневно.
    И покрај тоа што не вежбале губеле просечно повеќе од 3 кг телесна тежина.
    Оние што 4 пати неделно вежбале губеле просечно по 5 кг.
    Овие резултати,добиени без да се намали внесувањето калории,истражувачите ги објаснуваат со разликите во метаболизмот на мрснотии и јаглехидрати.
    Храната што ја консумирале испитаниците била составена од :житарки,тестенини од интегрални зрна,овошје,зеленчук и млечни производи со ниска масленост.
    Моето искуство:мислам дека цифрите на килограмите се претерани или се работи за испитаници со прекумерна тежина.
    Се разбира дека дневното мени ми беше разновидно но секогаш со тие состојки ,најмногу застапени ми беа овошјето и зеленчукот ,најмалку млечните производи .Зеленчук јадев исклучиво без скроб.
    Житарките ја внесував секогаш за појадок со парче овошје.Ручекот ми беше тестенини со салата.За вечера јадев млечни производи со салата.Ужинките ми беа или овошје или јогурт со ниска масленост.
    Јадев во изобилство ,но сепак внимавав на тие 2.400 калории.
    Резултатите најзависно ,првата недела секогаш губам околу 3 кг,додека се прочисти организмот,потоа следните недели зависи некогаш 1 кг некогаш 0.5кг најизменично.Според мене килограмите со диетава се губат од зависност колкава е бројката на килограмите индивидуално.Тој што има повеќе вишок ,полесно ќе ги губи.Диетат е малку прискапичка, но сега во летниот период кога овошјето и зеленчукот се продаваат по така пристапни цени мислам дека секој може да си ја дозволи.
    Ако има исто ваква тема се разбира клуч.
     
  2. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Повеќе јаглехидрати Помалку килограми

    Според мене 2400 калории за слабеење ми се многу а колку калории треба да внесуваш зависи од тоа колку си физички активна ,колку си висока,колку тежиш и колку треба да ослабнеш.Сега од прилика ти треба за да ослабнеш да внесуваш околу 1400-1600.Сепак побарај на интернет calorie counter и ќе ти каже колку ти е потребно.Поздрав
     
  3. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Повеќе јаглехидрати Помалку килограми

    Јас тоа знам колку калории му е потребно на секој од нас индивидуално.
    Но случајот со диетава е сосема друг ,не се внесува мрсноти за таа сметка се зголемува бројот на дозволените калории.