Девојки има ли некоја од вас искусено до сега нешто вакво? и што мислите за тоа вистина е или ? еве некои мислења на личности што веќе го искусиле ова Спојлер Jas znam edna prikazana za edna devojka sto povikuvala duhovi non-stop,i so eden od duhovite pocnala da komunicira sekoj den,stanala zavisna od nego i pravela se sto ke i rece duhot,ednas duhot i rekol da zeme noz i koga ke spijat nejzinite da gi ubie,devojkava od ova se isplasila,ja zemala iglata,listot i se izgorela.Sledniot den koga stanale od spienje,celata kuka im bila iskrsena i na zidovite imalo krv,pa morale da vikaat nekoj covek za da go izbrka duhot od kukata,prikaznava neznam kolku e tocna,mi ja kazuvase edna bratucetka! Спојлер Имам прилично лошо искуство со ова,бевме на зимување,и по шега ај ќе се заебаваме и ќе викаме духови.И одлучивме да биде тоа bloody mary,зедовме огледало,ги изгасивме ламбите,запаливме една свеќа,зедовме лист и еден од друштвото се исече малце и со крв напишавме блади мери на листот,од првин смешно беше што сто пати истото име го повторувавме но наеднаш се изгаси свеќата,си реков некој ја дувнал нормална работа,и отиде некој да запали светло,го запали и една девојка отиде и се виде на огледалото наеднаш вресна и се избезуми,и се причини нешто,но потоа некој почна да го пали-гаси светлото,и наеднаш кога слушнавме едно ТРАСсСсСсСсС...огледалото се скрши,никој нит го чепнал нит ништо,не знаевме ни што,ни како...девојката што се виде на огледалото почна да плаче Инаку таблава се појавува и официјално е патентирана во 1800 година , а пред тоа сличен метод се користело и во кина а тоа било од пред христа , можеме да ја видиме во многу филмови и серии при кои се прават најразлични ритуали за поврзување на саканот дух со самата табла , дали било бладање во празно дали жртвување здраво прсте , таблава е легенда во повикување на духови
Имам повикувано во 3-4-5то одд. после школо... цртавме некои глупости на лист, па плашисе и после нормално страв ти е да одиш дома. Ваквите работи ми се глупости и воопшто не верувам.
Не сум го правела ова и никогаш нема да го правам. Незнам дали верувам во духови, ама после тоа сигурно ќе се чувствувам непријатно кога ќе бидам сама дома или кога ќе се враќам од излегување по темното.
Штом е пред Христа, значи е паганска работа, логично. Со самото тоа, не би ни требале да верувате во тие работи, вие што сте христијани/ки. Ја па мислам дека се е до психата, таа е наша и ние ја контролираме. Се што мислиме се материјализира и тоа што ни се впикало во потсвеста испливува на површина кога и да е. Исто мислам и со ова. Инаку, другарка има повикувано, и тоа најдобрата, и да ви кажам искрено -don't try It. Баш пред некоја вечер, ја “испрскало шишето од сокот“ кое одкога го видела кога запалила сватло, било ко згазнато. Баш језиво, ми се насолзија очите кога ми кажуваше плачејќи. Дефинитивно верувам во некоја виша сила, некоја енергија кое може да се манифестира преку вакви глупости.
Мене ми фуфка и не правам глупости. Како помали се имаме глупирано и сум чула пар вакви приказни (не знам колку се вистинити). Мада се е до психата, до некаде верувам и дека навистина постојат, а до некаде и дека сите тие гласови, шушкања, мрдања и сл. се плод на нашата психа.
Ми имаат кажувано дека од братучедка ми другарка сестра ѝ се собрале така друштво и ајде се зезале ќе повикуваат духови. И изгаснале струја,запалиле свеќи,но имало и некои зборови не знам на англиски или на друг јазик и требало да ги изговорат и да наполнат чаша вино. Направиле така, згаснале струја, запалиле свеќи, наполнале чаша вино и ги изговориле зборовите. Чашата како што седела паднала на земја и се скршила и виното останало на плочките. Им се слушале гласови овие поголеми биле и не се уплашиле до толку (не знам каква врска има возраста ама ајде храбри биле ) и зборувале и им кажало за нив момче било и така си комуницирале со него. Ама тука во таа просторија се одржувале часови и духов ги плашело на децата и така одлучиле да го замолат да си оди,но не сакал и пробале да ја чистат дамката вино што останала рибале рибале,но не излегувала. На крајот се одлучиле да стват ќилим (мал да се прикрие дамката) и ставиле после не знам заборавив,но некако духот престнал да доаѓа. Приказнава звучи нереална,но не мислам дека девојчето би лажело за нешто вакво.
Не, море страв ми е мене. Верувам во вакви работи, се силам дека не ми е страв ама... Не сум повикувала ама на комшивка, братучетка кај неа дома повикувале духови. И ништо посебно не се случило ама од кога си отишле другарките светлото почнало да се пали-гаси, и предмети по дома почнале да се превртуваат. Некое време не се случило ништо ама после тие работи станале почести, и родителите гледале како им се превртува намештајот. Девојчево се будело од сон, вриштело, почнало да скренува и да зборува неразбирливи работи. Виделе не виделе, се преселиле на друго место а станот го продале. Е сега кога се преселиле немало веќе такви работи ама девојчето било малку порметено иако сека е ваљда ОК. Од кога ја слушнав приказнава не ми падна на памет да правам такви работи...
Море бегај таму страв ми е. Дали посојат или не постојат, или е се до нашата психа НЕ благодарам мада ми е многу интересно да читам вакви работи. Верувавам во Господ и верувам во тоа дека имама нешто вишо над нас. И така не сме ни свесни и не знаеме за многу рабти, мислам дека не би требало да си играме со вакви работи па после од ништо да настане нешто, или народтски кажано од играчка-плачка.
Порано пред 3-4 години се собиравме братучеди и се глупиравме повикуваме божем, свеќи палевме и затворено нели се и за раце се фаќавме и зборевме ништо,и после братучед ми се уплаши и го викна вујко ми и ништо не се случи. Исто и пред 2 години нога кога скршив дојдоа другарки на посета и ајде немавме што да правиме па ќе повикуваме ова со некој друг ритуал беше и некој бутна чаша сок па се испоплашивме дух бил и зборевме после за Bloody Mary и на една другарка страв и беше после дома да се врати, ја тераше мајка и да дојде да ја земе А вака општо ако се повикуваат со правилен ритуал може да се појави некоја сила, мада јас сум неутрална во овие работи, ни ми се за верување ни за неверување.
Па види вака...играчка и не можеш да си играш, треба да го знаеш вистинскиот начин за повикување на духови. И да...тоа не го може секој. Тоа е вродено
Како мали ќе се соберевме другарките и повикувавме духови, ќе запалевме свеќа незнам нешто пишувавме на лист и нешто со игла правевме незнам сега не се сеќавам како беше абе глупости после цел ден се плашевме, срав ни беше дома сами да седиме.
Порано,кога бевме помалечки имавме повикувано духови,но никогаш не ни се појавил некој (а многу сакав и уште сакам да видам или да почувствувам дух,само немам кворум за повикување ,на сите им е страв). Меѓутоа,знам една случка која ми ја кажуваше мајка ми и бидејќи жената никогаш не лаже,можам со сета слобода да ја земам за вистинита. Кога била на факултет трета година,се вселила во студентски дом. Била сместена во четирикреветна соба,заедно со уште две девојки (26 и 28 години),но немале четврта цимерка,ниту пак некоја сакала да се смести во таа соба. На креветот крај прозорецот не спиела никоја. Собата била напуштена цели три години,никој не живеел во неа, се додека не дошла мајка ми со цимерките. Една вечер,решиле тие две заедно со некоја трета девојка да повикуваат духови . На мајка ми и било страв поради некое претходно лошо искуство и одбила да биде инволвирана во повикувањето. Девојките ја напишале азбуката и повикувале духови со помош на чаша (која се движела од буква до буква и на тој начин духот комуницирал со нив) На почетокот немало ништо,но по петнаесетина минути чашата почнала да се движи и кога девојките прашале кој е,се напишало името на една девојка која пред точно 3 години си го одзела животот со бесење и тоа токму над осамениот кревет во таа соба. Потоа ја побарала мајка ми,ја молела да и постави прашање,а таа,сета избезумена и преплашена како и сите други во собата,рекла дека не сака да комуницира.Тогаш чашата (духот) го напишала името на сестрата на мајка ми,рекла дека пред неколку години носела машко дете и имала спонтан абортус,како и дека никогаш повеќе немало да забремени (сето тоа е точно) .Спомнала и дека знае за што се случило поодамна некоја зимска вечер кога мајка ми и уште една друга другарка се враќале дома од излегување,дека после нив имало траги во снегот (кој не бил разгазен и нормално би се забележале трагите само од нив двете,но не и од трета личност,која ,според големината на отпечатокот била машко).Кажала дека го познава тоа момче и дека тоа бил некој фудбалер кој загинал на натпревар од срцев удар ( вистинита сличка,со сите податоци) ,истиот кој го виделе мајка ми и другарката таа вечер ,облечен во тенкии црвени тренерки,несоодветно на зимскиот студ. Преплашени и расплакани,го замолиле духот да си оди,по што нагло се затоплило во просторијата и на некој начин им се потсмириле фантазиите. Другиот ден мајка ми си ги спакувала торбите и правец на стан.
Никако не би се осмелила да сторам некоја ваква сосем непотребна работа. Бидејки никогаш не се знае кого ќе повикаш (т.е. со кого ќе си имаш после работа). Не благодарам, ако сакам да комуницирам со духови тоа ќе го направам на поинаков начин а не преку овие ритуали кои можат да ти нанесат штета и трагино да завршат на крај. Со овие ритуали им давате на духовите можност да се хранат со вашата свест и енергија и да управуваат со неа како со хартиено авионче. Затоа не си играјте со овие работи и бидете многу сериозни. Повикувањето духови е 90% остварливо и реално. Имам слушано многу околу овие приказни, и сите искуства биле со плашење, па на крај и скренале луѓето. Така да внимавајте, многу внимавајте...
Незнам дали има духови и дали постојат. Али дека има некоја виша сила има! Иначе сега ќе кажам една случка, ко мала. Бевме кај една другарка, и ај ќе повикуваме духови.. И зборевме.. Ако си тука дај некој знак.... И само во тој момент бие промаја, и прозорот се затвори.. Ние вакви :geek: Едит: Ме плашите со постовите над мене, ај боље не читам.
Јас имам повикувано духови и тоа во мојата кука н а неколку пати со другарки,со игла,конец брашно свеки и некои други ситници.Ништо не се појави колку што се секавам добро. Но сега ке поставам едно прашање,можеби некој ке рече сум скренала или се заебавам но дали е можно заради повикувањето на духовите толку да немам срека во животот?
И ова е во врска со духови. Во мојот град ,постои верување дека умрениот доколку отишол жеден,неговиот дух ќе дојде да си ја изгаси жедтта. Имено,после погребот,значи првата вечер,во собата кај што лежел умрениот-телото,се става една чаша вино и една чаша вода,наполнети до горе.Некои одат до толку,што и со сито сејат брашно по подот за да ги видат трагите од духот . Утредента гледаат од која чаша„пиел“духот и доаѓаат до „заклучок“за што бил желен починатиот.Трагите во брашното се посебна приказна Ова го имам слушано од други,скоро сите од жал и тага за починатиот го прават ова.
Верувам во некоја виша сила, но не знам дали тоа е случајност, магија, судбина...Не знам дали верувам во духови и никогаш не сум повикувала, ама сега ми дадовте идеја.Прва прилика кога ќе бидам сама дома ќе испробам, па „Ко преживи, причаче“