imam povikuvano so casi i bukvi kako so e napisano pogore,i duhot odgovara mi kazuvase raboti koi ne mozam da gi pisuvam tie bea duhovi na nasi babi,dedovci.I ni kazuvaja raboti koi bea vistiniti,koi se imaja sluceno i ke se slucat se bese vistina.....i poke nikogass nema da povikam oti so tie drugarite so gi povikuvavme ne mu bese prv pat i rekoja posle sekoe vikanje mn vreme nema da imas sreka vo nisto i taka bese.Ama ako saka nekoj mozi da vika tie so sakat da razberat nekoj reboti samo treba da se prasa duhot i casata sama ke mrda po bukvite ke mu odgovori se so sakat da doznat( no da znaete ke razberete ekoi raboti so ne sakate da znaete) odlicno iskustvo.pozz
Јас никогаш не би повикала дух јас сум христијанка и верувам во Бог и тоа многу,духовите се од странат на лошото од страната на ѓаволот и затоа никогаш нема да викам дух!
Секој ден ги повикувам па никако да ме прогони некој дух Како помала со братучетките се глупиравме повикувавме........ простотилок бе лелее ќе повикувам духови
Никогаш не сум повикувала духови затоа што се плашам... Нешто да шушне, мислам дека ќе умрам... Верувам дека има некоја виша сила, али дека постојат духови, па и не верувам баш... Инаку ми има кажувано едно девојче една случка што и се случила на братучека и... Навечер точно на полноќ била сама дома и решила да ја повика блади мери.. Отишла во вц и почнала да кажува некои зборови и и се појавила некоја девојка, а целата глава и била крвава... И од страв се онесвестила Исто така порано имав една комшика која што ја интересираа вакви работи и кај неа идеа луѓе кои што сакаат да комуницираат со духот на некој познаник, пријател, роднина кој што не е повеќе меѓу живите... Му поставуваш прашања, а тој ти одговара со некои букви...
сето ова мислам дека е се од Психата. Како ти ке си зацрташ така и го гледаш тоа. Моќта на потсвеста. Остај тоа што мислам што ме уплашивте ме уплашивте неможам да спијам сега на раат туку де кажете како е тоа со конец со чаша букви што беше
Мене ми е страв од вакви работи и немам пробувано!! Не знам дали постојат, сум слушала муабети од оние кои повикувале, па им дошле, не им дошле, па вака па така. Имам читано и како да препознаеш дали дома има дух. Да, карактеристиките до негде се точни, се реални, според нив кај мене нема... А да повикам некогаш нема шанси. Се плашам јас нешто да крцне навечер, а не пак намерно да си ја барам белјата.
Деца, не си играјте со такви работи, не ги вознемирувајте духовите, не за џабе се вели да почиваат во МИР!
Инаку таблава е Ouija Board и јас знам дека си правев тато ми направи и такво за буквите што ги обележува. Само не ми успеваше.. којзнае во која канта е сега. бтв во моментов коа го пишував овоа.. нешто падна во другата соба. Срцето ми испадна.
Јас не верувам во ова па еве една смешка : Во 4то одд ке седневме 5-6 девојчиња и ке викавме духови и сите мижиме а еден ке гледа (кај една другарка бевме,а беше ноќ) и таа што гледаше во огледалото некако излазела и почна да го пали и гаси светлото ние сите почнавме да врискаме и така сите се разотидомве по дома бидејки ни беше страв..
другарка ми ми кажуваше дека била со сестра и кај некоја друга другарка(порано) и повикувале духови..и наеднаш свеќата паднала и тепихот се запалил,а никој не ја чепнал свеќата...сега колку е точно,незнам..ама јас не верувам во вакви ствари
Епа јас лично немам учествувано во повикување на духови.. и мило ми е поради тоа.. Знам еднаш јас бев излезена, а децата од маалата повикувале духови незнам како.. и нешто им тропнало и почнале да трчаат по улицата и во еден момент едно девојче застанало и на стомакот била изгребана, а не паднала ниту се удрила во нешто...